15.07.2010
Денес го одбележуваме Денот на сеќавањето ( денот на смртта) на АРИ. Ние ќе го одбележиме со свечена трпеза, во која ќе земат учество многу ученици од целиот свет, кои ја почитуваат оваа посебна душа, која ни го откри духовното ослободување – да се излезе од последното прогонство и да се достигне откривањето на Создателот. Откривањето на Создателот – тоа е откривање во нас на особините на љубов и давање кои не' поврзуваат сите заедно. Но во мера на тоа колку ние ќе се обединиме, ние ќе ја откриеме внатре во нас вишата сила, вишиот, духовниот живот.
Ако се зборува за АРИ како за човек, кој живеел и умрел, а не за душата која вечно престојува во духовниот простор – тогаш тоа бил човек, кој ни го префрлил нам тука, во овој свет крајот на јажето, фаќајки се за него ние можеме да започнеме да се искачуваме во духовниот свет од нашата состојба. Затоа ние сме толку благодарни на АРИ и толку го почитуваме. Ние сакаме да станеме поблиски до него, бидејки тој за нас ја претставува желбата на Создателот, и благодарение нему, ние се искачуваме.
Баал ХаСулам пишува, дека тој ништо не додал кон учењето на АРИ, туку само го објаснил. Секој кабалист, кој доаѓа после АРИ, уште по малку го развивал неговото учење, бидејки АРИ ги постави темелите на методата за исправување. Вие можете да прашате, а што е со Аврам, кој се нарекува татко на народот – зарем не му припаѓа нему методата за исправување? Но во времињата на Аврам ние се уште не сме го поминале разбивањето на душите, рушењето на 1 и 2 Храм, уште не беше завршен периодот на прогонот. АРИ живеел на самиот крај од епохата на последниот прогон, од него па понатака започнуваат "породилните болки" на епохата на ослободувањето, кога ние треба да започнеме да се искачуваме. И затоа АРИ ја земал претходната кабала, кабалата на Прататковците и времињата на прогонот, и направил од неа метода за исправување на душите. Затоа тој човек ни е посебно драг. Да се надеваме дека ќе се удостоиме да станеме вистински ученици на АРИ!
Од каде во мене такви духовни гени?
Во 7-от дел на "Учењето за Десетте Сфироти", која ние сега ја изучуваме, се раскажува за слегувањето на световите одозгора надолу и нивното разбивање. Нам ни е важно тоа да го знаеме за да ја разбереме природата на работите, и од нив веќе да разбереме како да се искачуваме, со своите ситни исправувања и посредни помошни дејства, подготвувајки се себеси кон овој подем. Секое такво мало дејство го подготвува поголемото дејство во иднина. При слегувањето на световите, едно огромно разбивање породи многу ситни дејства.
Но сега ние, искачувајки се одоздола нагоре, правиме многу ситни дејства, кои соединувајки се, предизвикуваат едно големо дејство на исправување. Така ситните исправувања се влеваат во една, конечна, целосна исправена состојба – Гмар Тикун. Сигурно дека главната цел на изучувањето е – да се привлече светлината, која враќа кон изворот. И сепак нам ни е неопходно барем малку да знаеме за процесите што се случуваат во духовното.
Ние така детално го изучуваме разбивањето на световите за да го оправдаме и да ја разбереме неопходната потреба од него! Благодарение нему ние сега се наоѓаме доле, имајки ги сите информациски податоци (решимот) за искачувањето и достигнувањето на конечното исправување. Ни недостасува само вишата светлина, која ќе ги земе овие информациски податоци, ќе ги соедини со материјалот, во кој ние се наоѓаме, со желбата, и ќе ги реализира едно во друго!
Решимо – тоа е небаре програм во компјутерот. Јас ја ставам дискетата со програмот во компјутерот, и таму се внатре се организира и го прима обликот на тој програм. На ист принцип работи решимо. Секое следно решимо јас морам да го реализирам (да го "пробијам") на својот материјал, за тоа да го "форматира" него, да го организира внатре во системот, да "изваја" од него некоја одреден облик. Кај мене постои информациски ген ( решимо), материјалот ( желбата) исто се открива, а мене ми треба само да ги ставам едно врз друго и да ги доведам во ред – тоа се прави со помош на опркужувачката светлина. Односно кај нас постојат две компоненти, нам ни треба да ја добиеме третата, таа што недостасува – силата на Создателот. Поглавјето кое ни раскажува за разбивањето на световите ни објаснува од каде кај нас се создале тие внатрешни информациски гени, и ни дава да ја почувствуваме својата внатрешна суштина.