14.04.2010
Должни сме што е можно побрзо да го изградиме нашиот систем за дистрибуција во Интернет.Да одговара на она што се дистрибуира. Таквиот систем треба да придонесе за нашето обединување, тој треба да биде "топол", другарски и сам да ги учи луѓето како да се обединат еден со друг. Благодарение на тоа сме обврзани да се движиме интензивно. Мислам дека книгите, весниците, телевизијата, наставните курсеви - сето тоа сме го усвоиле и знаеме како да го правиме сето тоа. А ширењето во виртуелната мрежа? Во тоа ни е потребно да се усовршиме, бидејќи таму има неограничени можности, исто така и во изградбата на систем за виртуелно воспитување, како за возрасни така и за деца.
Должни сме многу брзо да направиме наставни класови на интернет и на телевизија и да ја прошириме наставните курсеви не само квантитативно, туку и квалитетно т.е. да ставиме заеднички акцент на воспитувањето. Сега во нашите кампуси ние и обрнуваме поголемо внимание на науката.Мора да го промениме тоа и да му обрнеме внимание на воспитувањето. Должни сме да дадеме методика за воспитување на човекот.На возрасните и на децата , во главно, треба да го направиме во нашата виртуелна мрежа.
Прашање: Што е особеното во виртуелната врска и со што таа е поблиска до духовната врска отколку материјалната?
Разбирливо е дека виртуелната врска не е поблизу до духовната. Духовната врска ми дозволува да ги почувствувам другите во себе, а не на површината; јас ги чувствувам како честички од себе, дури поблиску отколку мајка која го чувства својот син. Нели мајката го чувствува синот на физичко, животински ниво.Овде - тоа е духовно ниво, тоа е друго ниво, поблиско. Виртуелната врска е потребна за овој степен. Покрај тоа сме должни да ги обединиме моќта на единството и моќта на нашите желби за будење на заеднички МАН од кој зависи успехот на сите.Друг инструмент освен интернет кај нас нема, и затоа тој се развива со такво темпо.
Интернет не се развива, за да ја зголеми продажбата и сите такви глупости во светот, а за да создадеме навистина поврзаност меѓу луѓето, за тоа во принцип е наменета оваа мрежа. Врската може да биде само во љубов, така што во овој момент, кога почнеме да го градиме ова, почнуваме да пуштаме во овие електрични жици чувства на љубов и единство.Мислам дека ќе разбереме како да го изградиме тоа во правилен вид. И тогаш човештвото ќе почне да разбира дека Интернетот се променил.Дека во него се појавила духовна, виша сила.Дека станал навистина мрежа, пајажина, која треба да ја користиме за да ги «подигнеме» луѓето, а не како нешто што се чини дека само обезбедува информации за употреба од луѓето.