Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Добра судбина

17.10.2010
Кога човекот се пробудува, него го доведуваат во групата, каде тој почнува да разбира, дека неговиот избор – е во обединувањето со другите, дека Создателот "му даде можност за добра судбина'. Со други зборови, на човекот му е потребно да се обединува со правилно опкружување, добивајки од него духовни вредности, за да работи така, како што е правилно од гледната точка на неговите пријатели. Токму тоа е "добра судбина". Треба да се разбере, дека ако јас дејствувам согласно со сопствениот разум и чувството, тоа ми штети, бидејки не ме насочува кон духовната цел. Ако пак јас дејствувам согласно со вредностите на опкружувањето, ако постојано се проверувам себеси според врската со пријателите, тогаш добивам добра судбина, која ми ја предложил Создателот. Мојот избор, мојата анализа на секој чекор –е во тоа, до кој степен јас ја наведнувам главата и ја примам врз себе власта на мислењето на групата. Донесувајки ја таа одлука еднаш, јас засекогаш ги примам пријателите во улога на своите водичи и чувствувам, дека одам последен, зад нив.

Отпечаток на светлината

Прашање: На кој начин во нашата правилна взаемна поврзаност се открива Создателот?

Постои сад, и постои светлина. Создателот се открива само во садот, во суштеството. Суштеството претставува желба, која може да доживува добро или лошо чувство – присутство на нешто или недостаток од нешто. Создателот, пак – тоа е однос. Да се открие Создателот – значи да се открие Неговиот однос кон нас. Не Него самиот, туку токму односот, т.е. формата, преслечена во материјал, или светлината, преслечена во сад. Светлината се преслекува во садот, кога тој ја поприма нејзината особина. Што е тоа светлина, како таква, јас не знам. А преслекувањето на светлината означува, дека таа се отпечатува себеси во садот. Заради тоа кли треба да биде "меко", поинаку кажано, да осеќа недостаток, да посакува светлина. Бидејки светлината остава во садот спротивен на себеси отпечаток, а садот треба да ја дешифрира таа спротивност во обратен правец, да се врати од негативот во позитивот, за да ја разбере светлината. Затоа нам ни е потребно да ја обезбедиме со скратувањето (екранот) и намерата (одразената светлина) нашата желба за насладувања. Ние можеме да чувствуваме и правилно да ја толкуваме светлината во зависност од тоа, како таа формира во нас екран и одразена светлина. Како резултат ние ја чувствуваме сопствената форма – но токму светлината ја создаде неа во нас, и затоа ние ја нарекуваме неа, формата, со нејзиното име, името на светлината. Исто така АВАЈА – тоа е форма на суштеството, наречена според името на Создателот. Само така ние го спознаваме Него – по формата, а суштината на Создателот не ја постигнуваме никогаш.

Од утринската лекција 17/10/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica