Дозволете и на светлината да ја заврши својата работа.
Не сме можеле порано да почнеме со изучувањето на Книгата Зохар, вие тоа едноставно не би можеле да го издржите. Од друга страна, доаѓаат нови ученици и гледаат дека луѓето кои што се обучуваат веќе неколку години, сега го откриваат Зохар, и чувствуваат дека навистина от таму може да дојде спасение, а кај нив се уште не постои потреба за тоа.Тие ја осознаваат оваа книга како апсолутно неразбирлива и сува, сосема непогодна за почетникот.Тие посакуваат нешто повеќе насочено кон сетилата.
Но ние треба да го имаме предвид следниот услов:во тој момент кога групата која веќе многу години се наоѓа на својот пат, ја достигнува состојбата кога конечно може да ја перцепира Книгата Зохар, и во својата основна маса се наоѓа на таквите нивоа на развитокот, на кои светлината што не опкружува треба да ја заврши над нив својота работа и да ги пренесе сите нив преку Махсом.
Ние мораме да ја откриеме оваа книга за постарите ученици.А што ќе се случува со новите? Секогаш ќе постојат луѓе,кои само што почнуваат!До самиот Крај на исправувањето секогаш ќе постојат луѓе кои се наоѓаат на патот кон своето исправување веќе многу години, и такви кои допрва почнуваат.И што да се прави? Но во тој момент кога основната маса на учениците која се наоѓа на чело започнува со изучувањето на Книгата Зохар,сите останати можат да си го скратат времето!Тие можат да направат скок ако се приклучат кон останатите.
Ние го гледаме тоа преку примерот на нашиот свет како тоа се случува кај децата.Детето се раѓа и веднаш се најдува во услови, што за него ги подготвиле возрасните вложувајки многу напори: родилен дом со секаква опрема, детска храна, памперси- половина свет работи да го обезбеди детето со сето неопходно за него.
И детето се приклучува кон сиот тој свет, расте со својата генерација,а не почнува се од почеток, од првобитната состојба, како што било пред 20 илјади години.Тој веднаш се најдува во современото ниво, опкружен со компјутери, мобилни телефони, мп3 плеери- ние му го даваме најдоброто што досега сме го создале.
Истото се однесува и на духовното- дури и кога доаѓаат ,,деца" кои што немаат ништо и само што ,,се родиле" ние сме должни да ги обезбедиме со се што следува на нашето поколение на старите ученици. И тие сето тоа бргу ќе го совладаат и ќе пораснат повисоко од нас.
,,Сулам- скала што води во светот на бесконечноста"
Прашање: Ако изучувајки ја Книгата Зохар ние сакаме да ја привлечеме светлината што не опкружува, тогаш зошто ја читаме со коментарот на Баал Сулам,а не оригиналната Книга Зохар?
Пред се, самиот Зохар е напишан на арамејскиот јазик кој се говорел во древниот Вавилон и е неразбирлив за современиот читател.Освен тоа, тој е полн со алегории и божемни материјални слики, и ако не се чита заедно со кабалистичкиот коментар ,,Сулам"(скала) во тој случај ние не ќе можеме да се одвоиме од материјалните ликови.
Соединувајки го оригиналниот текст Зохар со својот коментар ,,Сулам", Баал Сулам не воведува во разбирањето на Зохар и во правилната структура.Ние почнуваме да го гледаме целиот тој текст преку три линии.Затоа што без пристап во три линии невозможно е правилно да се допре до Тора.Целата Тора е напишана во три линии: треба да се земат две линии десната и левата,кои ни се дадени одозгора, желбата и светлината, и правилно да се соединат.Така со правилна комбинација ние ја градиме нашата душа.
Затоа Книгата Зохар е невозможно да се изучува без ,,Коментарот Сулам". Тогаш кога нашето поколение пристапи кон изучувањето на кабала и кон периодот на исправување, кон глобалната криза која се открива меѓу душите, тогаш се открива и ова средство, кое што се нарекува ,,Коментарот Сулам" и е додадено кон Книгата Зохар.И ние сега треба да го искористиме тоа средство потполно. А ние уште малку го поедноставивме и олеснивме текстот, го намаливме бројот на некои технички детали, за да биде подостапен за современиот читател и затоа е наречен ,,Зохар- за народот".
Како од соединување на невкусни работи се добива божествен вкус
Го разбираме ние Зохар или не го разбираме, сепак сакаме за време на читањето да ни свети светлината на исправувањето и чекаме да се случи чудо.Чудо- значи дека не постои врска меѓу резултатот на читањето и тоа што јас сега го читам, разбирам и чувствувам.Нема никаква логична врска меѓу моето дејствие и неговиот резултат.Таа врска е скриена!Колку и да зборуваме за тоа дека Зохаар е виш систем, кој ни ја спроведува светлината и ние го активираме тој систем, приклучувајки се кон него со својата желба, како дете кое прави напори и расте во овој свет, кое не го разбира начинот на кој расте, но постепено созрева и станува човек- тоа сепак не ја објаснува суштината на чудото што се случува.
Нека јас замислам дека и сега се наоѓам во духовниот свет, само што не го чувствувам, а реалноста е единствена и јас ја терам да делува на мене, како дете кое не разбира што прави- но тука постојат такви врски и делувања врз мене, кои е невозможно да се искажат со зборови. Нам ни останува да го примаме тоа како лек.
Речено е, дека Создателот го создал егоистичкото начело и како додаток кон него ја создал Тора, како средство