01.10.2010
Кабалата не му додава на човекот страдања – таа му ја открива неговата вистинска состојба. Небаре тој дошол кај лекарот, и ренгенот покажал кај него заболување, кое бара операција. И сигурно, дека тој не ги кара лекарите, туку им благодари за тоа, дека му помогнале да се открие неговиот постоечки проблем. А заедно со дијагнозата, лекарите велат: "Ние ги имаме сите неопходни лекови за излекувањето" – бидејки во светот постои се, само откриј, што ти недостасува, што во тебе е расипано! Веднаш по откривањето на неисправноста, јас го добивам лекот и оздравувам. Но треба да се откријат во себе сите болни места – токму во однос на Создателот, светлината. Затоа мене ми е потребна светлина, како ренген, за да ме осветли и да покаже: што во мене не е во ред, не е соодветно на неа.
И така јас морам да го испитам целото мое тело. Ако јас го правам тоа за сметка на светлината, тогаш откривам и се исправувам себеси со една те иста светлина АБ-САГ –светлина, наменета и за откривање на злото, и за неговото исправување во добро. И така јас напредувам пријатно и со задоволство. А ако кај мене го нема тој ренген, тогаш секоја клетка од моето тело ја достигнува речиси смртоносната за мене состојба, јас поминувам тешки страдања, се додека не осознаам, дека треба, и како да го исправам – токму во себе, својот однос кон светот. Со методот на Кабала ти ги откриваш страдањата, но побргу, и поради тоа, за веднаш да ги исправиш. Во рацете имаш апарат, ти со него ќе ги откриеш проблемите – но тие и така веќе постоеле, само биле скриени, поради тоа, што немало надеж да се исправат.
"Од љубов кон суштествата – до љубовта кон Создателот"
Ако само преку групата, која стои помеѓу мене и Него – како што е речено: "Од љубовта кон суштествата – до љубовта кон Создателот". Ако јас се насочувам себеси кон оваа група и сите одговори ги разјаснувам преку неа, зависно од нашето соединување и взаемната одговорност, тогаш јас ги пренесувам своите желби во групата и таму можам да видам, каде се тие насочени: за давање или за примање. А наместо тоа, јас добивам од групата чувство на важноста на Создателот, и сакал јас или не, тоа за мене исто така станува важно. Јас почнувам да мислам, дека Создателот е голем и мене ми вреди да бидам околу Него, тоа е најголема награда – т.е. тие го престројуваат мојот систем на вредности, ставајки ги на прво место давањето и Создателот, а на последно – моето егоистичко примање. Понатаму јас почнувам да работам, за да го зголемам тоа величие на давањето, додека тоа не порасне до тој степен, што ќе се претвори во целосна заемна одговорност – кога сите ние стануваме како еден.
Ако ние го достигнуваме чувствувањето на тоа "еден човек" барем во некоја најмала мера – тоа значи, дека ние ја поминуваме границата (махсом), која не дели нас од вишиот свет. Бидејки групата станува како еден, тогаш, согласно на законот за сличност на особините, таа почнува да ја чувстува во себе таа особина, која ја дефинира целата вселена – Создателот. Јас немам никаква можност поинаку, надвор од групата, да ги најдам духовните дефиниции: што е светлината, темнината, ноќта, денот. Бидејки јас доаѓам сосема заплеткан од својот живот и не разбирам, што во него е важно, а што не е, за сметка на што е можно напредувањето, што јас посакувам од овој живот, и што Создателот сака од мене. Јас воопшто немам никаква конкретна насока, јас се расфрлувам на сите страни, и дури не разбирам, каде во секој момент се фрлам. И само групата ни помага да најдеме еден главен правец, а не учењето, кое може да не заплетка – мене ќе ми се причинува, дека добивајки знаење, јас духовно напредувам, и совладувајки го материјалот, јас ќе навлезам во духовното. Колку подобро човекот ќе осознае, дека напредувањето кон Создателот – е внатре во групата, која му е дадена сега засега наместо Создателот, како модел на духовниот свет – толку побргу тој ќе напредне.