Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Духовен стимулатор

 

23.08.2010

Ние го градиме овој стимулатор затоа, да во секоја секунда, наоѓајки се на било кое место, да можеме да се обединиме во заедничките дејства, заедничките намери, сличните мисли. И тогаш ние навистина ќе запловиме по тие бранови. Затоа никој не треба да се изолира во својата група или кај себе дома – секој мора цело време да биде со нас. Затоа треба активно да се искористи стимулаторот и да се изгради од него заедничко кли, кое би станало за нас пример, индикатор на нашите состојби и на сето тоа, што со нас се случува. Ние ќе се погрижиме за него, а тој ќе се погрижи за нас. И не е важно, какви прашања таму ќе има.

Јас учествувам, затоа што мене ми се потребни тие сили. Преку нив јас ја добивам Вишата сила. Кога човекот гледа, дека нема сили да ја совлада својата желба за примање, тоа значи, дека тој гледа, дека е никој и ништо, и нема никакви сили да го стори тоа. И дури без оглед на сознанието, дека желбата за примање му штети, тој сепак не може да ја совлада. Затоа токму тогаш тој гледа, дека му е неопходна помош од Создателот, без која тој не ќе може да се оттргне од власта на желбата за примање. И само ако човекот почнал да работи и сторил се што е во можност, тогаш не треба да се сомнева дека само Создателот може да му помогне, затоа што сега веќе тој гледа дека не останало ништо што тој не пробал, но сепак ништо не му помогнало. Само тогаш тој може да разбере, дека само Создателот помага.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica