Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Духовна подвижна лента

 

29.06.2010


Световите АБЈА, по кои ние се искачуваме нагоре како по скала, се раѓаат така што вишиот духовен објект ( парцуф) ги одбира најсветлите, најмалку оштетените при разбивањето информациски белешки (решимо), ги исправува и го раѓа следниот по него нижиот духовен објект. Така и јас, избирам на некое ниво тие; решимот, информациски белешки, кои јас сега можам да ги исправам, и тоа станува моја нова реалност, мој свет. Како јас да ставам нови, многу појасни очила и можам да го разгледам следниот, понискиот слој на информациските белешки.


Светлината почнува да стигнува до горе не само до моето најсветло решимо – но бидејки јас веќе го реализирав, создадов според неговите податоци мој духовен парцуф, низ него светлината почнува да поминува подлабоко до белешките, кои се однесуваат на следниот парцуф. Така слој по слој, желбите стануваат погодни за да го добијат влијанието на вишата светлина. А вишиот парцуф, изграден во претходната фаза, станува како леќа, стакло за зголемување, која ја фокусира светлината на понискиот слој од информациските белешки. Се` избираат белешки од еден слој, според нив се гради духовен парцуф и низ него светлината поминува понатаму и ги открива информациските белешки кои се однесуваат на следниот духовен парцуф.

И така секој пат, создавањето на вишиот парцуф и дава можност на вишата светлина да се приспособи на следниот слој од желбата и да допре до неа. А до пред тоа тие едноставно се осеќаат една со друга! Тие премногу се разликуваат една од друга по своите особини. Но парцуфот што сега се раѓа, станува адаптер помеѓу вишата светлина и информациските белешки, кои се наоѓаат во следниот понизок слој. Така скалило по скалило се одвива исправувањето. Секој после завршувањето на своето градење и исправување, го предава целиот пакет на решимо понатаму, за следниот духовен објект да ги одбере и оддели оттаму своите белешки, и завршувајки го своето исправување го предава останатото уште понатаму. Така и треба ние да ја извршуваме својата работа – да го избереме најсветлото и најлесно решимо/желба и со неа да работиме, а дотогаш да не му обрнуваме внимание на останатото, тоа ќе се разјасни потоа.


Срамот – тоа е духовно скалило


Прашање: Ако сега јас не чувствувам срам пред Создателот – значи дека кај мене не постои потреба да станам независен?


Се разбира, се уште ние не чувствуваме потреба да станеме независни, затоа што не чувствуваме дека зависиме од Создателот. Затоа ние треба да го поминеме последователниот причинско- последичен процес на развитокот на суштеството. Ние гледаме на примерот на нашите деца кои сакаат да се развиваат.Тие не сакаат да ги слушаат родителите, стремејки се да направат се' самите. Природата ги тера така да постапуваат, инаку нема да пораснат.


Така и ние. Но само под услов дека јас се чувствувам себе си зависен од Создателот, кога Тој прави се' наместо мене. Јас не сакам да останам во таква состојба, сакам да станам независен, голем, да правам нешто самиот! Затоа суштеството почнува да чувствува срам, зависност од Создателот, и се откинува од Него. Т.е. ние сме подготвени да го прифатиме скривањето, сакаме да го чувствуваме и чуваме, за тоа да не исчезне. А над скривањето ние градиме своја сличност на Создателот, и тоа скривање – Прво Скратување не поминува, ние го прифаќаме врз себе. Јас не сакам да бидам поништен пред огромната сила на Создателот.


Религијата – тоа е обратна врска со духовното


Религијата му се дава на народот на Израел во периодот на прогонот, за да се развие во него осознавањето на злото на егоизмот и потребата за светлината, која не враќа кон изворот. И сите останати народи требаше да се развиваат со посредство на своите религии и верувања. Аврам уште во Вавилон " ги подели подароците( верувањата) на децата на своите љубовници и ги пратил на Исток". А народите кои се наоѓаа во близина, ги добија тие "подароци" во облик на светски религии: христијанството и исламот.

Тие исто се наменети да го доведат човекот кон осознавање на злото на неговиот егоизам. Подароци се нарекуваат затоа што произлегуваат од Создателот и се повикани на ги доближат луѓето до Создателот.


Сите религии – тоа се "повратна" врска со духовното, која му покажува на крај на човекот дека тој е спротивен на духовното. И нам постепено ни се открива дека стигнавме до крајот во развитокот на својот егоизам, дека е тој – како канцероген оток, кој не јаде . И тоа ни се открива со помош на светлината. Целокупниот наш историски развој се одвива под влијание на вишата светлина.

Сето го прави само светлината – со директно или спротивно влијание врз нас. Светлината го развива нашиот егоизам, постепено објаснувајки ни ја својата природа, дека ние постоиме во злото на егоизмот, како лилјакот во мракот го гледаме само мракот ( што ни е во корист), постепено го осознаваме тоа како зло, како причина за целото зло во светот, и од тоа во иднина ќе се насочиме кон доброто. Сето ова – се неопходни фази на нашиот развиток.

.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica