Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Духовни леќи -12.02.2010

 

Не ги знаеме одликите на самиот Создател. Го гледаме онака како што го перцепира нашата душа, што значи начинот на кој ни се открива кога Малхут (душата) се обединува со Него преку Јесод – само преку една точка. Поради обединувањето со Јесод, ја открива „сликата на Создателот," нешто што постои пред неа, во неа.

Тоа делува доста како оптичкка леќа преку која до нас доаѓа Светлината. Зраците се фокусираат во една точка, од која го откриваме Светлото во Малхут. Тој фокус е Јесод, единствениот за контакт, и неговото откровение се одвива во Малхут.

Откако ќе помине низ Јесод, зраците се растураат и создаваат слика во нас, во Малхут. Сликата ни покажува што постои пред оваа точка, па сепак не го знаеме Горниот Систем бидејќи не сме поврзани со него.

Меѓутоа, со спој со него од оваа точка, која е најниска точка во системот, ја откриваме целата слика на тоа што постои над нас. Така, треба само да најдеме контакт со таа една точка; тоа е нашата точка на контакт со Горното Ниво, Јесод, и за тоа да се случи сите треба да се обединиме од страната на Малхут, така станувајќи слични на Јесод. Мораме да станеме еден човек со едно срце, една цел, намера, и желба во умот и срцето.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica