Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Духовното да стане наш живот

06.07.2010


Најважно е за време на читањето на Книгата Зохар - да се мисли на поврзувањето меѓу нас, за да станеме "како еден човек со едно срце". Бидејки светлината што не' враќа кон изворот се наоѓа во близина, и се зависи од нашите напори да се соединиме еден со друг во ситемот на Адам Ришон. Таа светлина влијае токму на разбиените врски помеѓу нас. Ако ние се трудиме да се обединиме и не сме способни за тоа, светлината нас не' соединува. Напишано е во т.155 на "Предговорот кон Учењето за Десетте Сфироти", дека опкружувачката светлина влијае во мера на желбата да се спознае изучуваното. Што значи " да се спознае изучуваното"? Да се спознае – не значи да се стекне знаење, како што е во нашиот свет. Бидејки во духовното се' се постигнува од врската, тогаш " да се спознае" значи да се соединиш, како што е речено: "И ја спознал Адам Ева". Затоа, колку повеќе ние се стремиме да се соединиме еден со друг во желбата за давање и љубов, толку повеќе ја пробудуваме опкружувачката светлина, а потоа светлината на мудроста ( Ор Хохма).

Оваа светлина се појавува и делува само таму, каде што ние посакуваме да се соединиме и не сме способни за тоа. Затоа нема смисла да се обидуваме да ја изучуваме Книгата Зохар како наука или мудрост – бидејки ние не го разбираме нејзиниот јазик, за што во неа станува збор, зошто за тоа е потребно да се наоѓаш во нејзиниот свет. И затоа ние мораме да се стремиме да се соединиме еден со друг. Тогаш опкружувачката светлина ќе дојде токму на тие места, каде недостасува врската меѓу нас, меѓусебно ќе не соедини, и во тие обновени врски ние ќе ја осетиме особината на давање – Создателот, светлината Хасадим, а потоа во неа ќе ја откриеме светлината Хохма. Затоа на целото наше учење треба да претходи желбата за соединување еден со друг, и за време на изучувањето на Зохар не треба на тоа да се заборава.
Како што кажува Баал ХаСулам во т.17 од "Предговорот кон Учењето за Десетте Сфироти": "И затоа се обврзува тој, кој изучува, пред учењето да се зацврсти во вербата" – во особината на давање, која тој посакува да ја достигне како резултат на учењето, за да таа стане негов живот.

Зохар – е најмоќното оружје

Речено е, дека се забранува да се изучува Тора без намера. Бидејки со самото тоа ти не ја привлекуваш светлината која враќа кон изворот, и во истиот момент го претвораш "еликсирот на животот" во "смртоносен отров". Овој дел од изборот – е твојот единствен избор во животот. Затоа, ако ние имаме работа со единственото оружје против злото, егоизмот, со Книгата Зохар, тогаш треба да се трудиме да ја искористиме правилно. Сигурно дека не можеме да го притиснеме "црвеното копче" и да го доведеме светот до штетни непоправливи последици, но постои можност да се влезе во состојби на страдања, што и се случувало порано (види во "Предговор кон книгата Зохар", т.70,71).

И затоа, пред читањето на Книгата Зохар, човекот треба да подготви за себе некои фази "крилатици", кои го мотивираат, со чија помош тој почнува да се пробудува од нивото на животно ( желби кон себе) – кон нивото на човек ( стремеж за заедништво, давање и љубов). Нивото на човек – тоа е желбата да се соединиш со другите. Бидејки исправениот систем на душите се нарекува "Адам"( Човек). Ако овој систем се разбие, се распрснува на многу делчиња, секое од нив се претвора исклучиво во животински дел.

Човечкото ниво ( сличност на Создателот, Адам – од "сличен на Создателот") се појавува во нас тогаш, кога разбиените делови (души) почнуваат да се соединуваат и меѓу нив се појавува заедничка желба. Излегува, дека душите живеат не внатре во себе, туку во врските меѓу нив. Тоа се нарекува живот "над разумот" – во врските меѓу нив, во взаемното давање. Збирот на сите овие давачки врски – тоа и е Создателот, кој меѓусебно не' соединува. Оваа сила што не' поврзува, која се пробудува оддалеку, се нарекува "опкружувачка светлина". Т.е. Создателот – тоа е сила која навистина меѓусебно не' соединува, а опкружувачката светлина – тоа е Неговото пројавување оддалеку. Тука не постои ништо освен светлината и желбата (кли). Ние ги нарекуваме со многу имиња, но сепак постојат само тие две.

Преобразувач на материјалната сила во духовна

Создателот ја пополнува со себеси врската меѓу нашите души. И колку си поблизок до другите души – толку си поблизу до Создателот, и можеш да почнеш да го чувствуваш Него, како (светлина, давање, љубов) тој што ја пополнува со себеси врската меѓу нас. Таа желба за соединување со другите души треба во нас да биде не моментална, туку постојана, и цело време да се засилува. Ако тоа се појавува понекогаш и веднаш се смирува – тоа не е доволно. Треба да се стремиме овие состојби да бидат долготрајни и да нараснуваат. Јасно е дека со свои сили човекот не е способен тоа да го стори – затоа како помош му е дадена групата. Бидејки човекот не владее со своите желби.

Тие се обновуваат во него по зададена низа на информациски записи ( решимот) и под влијание на опкружувањето – на двата начини истовремено. А самиот за себе тој ништо не одлучува. Нашата грешка се состои во тоа дека ние го слушаме нашето его, кое не подбуцнува да делуваме врз себе сосила – не турка во неправилна насока. Правилната насока – тоа е делување врз себеси, но само преку опкружувањето. Само преку опкружувањето, групата, јас можам да влијаам врз својата душа, а самиот јас немам сила да ја достигнам. Таа е затворена во врска со останатите, и само преку таа врска јас можам на таков посреден начин да влијаам врз самиот себе.

Можам ли јас да влијаам врз своите гени или хромозоми и со свои раце нешто во себеси да променам? Сигурно дека не можам! Но постои инструмент – групата, со чија помош јас можам тоа да го сторам. И јас го регулирам тој инструмент со своето влијание, со обични материјални дејства јас делувам врз своето опкружување. А тоа може да делува врз мене на духовно ниво! Во тоа и се состои чудото – можноста да се промениш себеси до сличноста со Создателот! Јас, со своите физички дејства во овој свет, влијаам врз другите тела – а тие, пак, преку овие тела, се способни да повлијаат врз мене, врз моите духовни квалитети, т.е. врз мојата душа! Јас самиот не можам да повлијаам врз мојата душа колку и да го посакувам тоа. Тоа е многу едноставен механизам. Неговиот принцип е: поврзаноста меѓу нас не' води кон откривањето на Создателот!

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica