Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Единствениот начин да се биде среќен

Прашање: Ако создаденото суштество беше создадено со цел да се насладува, тогаш зошто некој треба да работи со цел да постигне давање на Создателот, и не може едноставно да ужива во животот, да има само милосрдие?

Одговор: Секој може да ужива во телесниот живот, но само понекогаш, а не постојано во сиот негов живот. Па, дури ниту многу богатите луѓе кои навистина имаат сè не можат да чувствуваат задоволство секој момент од нивниот живот, бидејќи тоа не е целта на создавањето. Ако погледнеме одблизу, ние ќе видиме дека дури ниту животот на царот не е лесен. Создателот ја уредува улогата за секого и принудува некој да напредува кон целта на создавањето, на добар или лош начин. Луѓето обично напредуваат по патот на страдањето, кое што се нарекува „сè во свое време.“ Но, ако некој има душа со посебен корен, нему му е дадена шанса да го забрза неговиот развој. Да го „освети времето,“ што значи дека тој всушност може да учествува во работата на Создателот. За да го стори тоа, тој внатрешно мора да се држи до две сили, да не делува според една сила, како што тоа го прават обичните луѓе. Само со задоволствата во материјалниот свет не е можно да се напредува.

Ние гледаме дека светот тоне во сè поголемо страдање, и покрај технолошкиот развој кој што наизглед овозможува целосен напредок. Создателот ги нарушува сите наши обиди да го уредиме нашиот телесен живот и не ни дозволува да уживаме во него. Склоноста кон злото, која што Тој ја создадал, непрестано нè котролира, така уништувајќи ги сите наши добри почетоци. Ако нашите напори не се противречни со целта на создавањето, тогаш без сомнение, сè би успевало некако. Би живееле како животни според нашите инстикти и природниот план, и секој би го нашол неговото место во општата симбиоза. Но, ние тоа не можеме да го сториме бидејќи треба да постигнеме посебна состојба. Ова посебно се однесува на оние кај кои е разбудена искрата во срцето. Но, сепак сите луѓе страдаат, бидејќи ги чувствуваат силите што ги присилуваат да се развиваат. Тоа се случува „под разумот“ несвесно, без да се разбере каде, зошто, и како тие треба да се развиваат, и кои сили ги управуваат и ги туркаат напред. Некој инстиктивно се обидува да го избегне непријатното, лошо влијание, и е вовлечен во добрината. Сите негови пресметки се засноваат единствено на тоа – каде има помалку страдања и повеќе добрини.

Како и да е, за посебните души Создателот подготвил посебен пат на развиток по доброто. Тие мораат да ги повикаат силите кои што се развиваат од себе: вишата Опкружувачка Светлина која што преобразува. Овие луѓе се среќни за лошите чувства исто како што се среќни за добрите чувства, знаејќи и разбирајќи дека сè доаѓа од Создателот, дека нема ништо друго освен Него, и дека Тој си игра со нас. Сиот овој живот е игра бидејќи Вишиот го развива нижиот преку игра, и ние треба да ги прифатиме правилата на оваа игра, и покрај нејзината сложеност, збрката, и нејзините тешкотии. Ние мора да се внесеме што повеќе со цел да ја препознаеме играта на Создателот и да останеме поврзани со Тој што си игра со нас. Во овој случај, се наоѓаме себеси помеѓу две сили, фараонот и Создателот, и среќни сме за шансата за напредување. Потоа навистина може да напредуваме единствено по добриот пат! Луѓето кои што ќе можат да се одржат на овие две сили и да ги управуваат како узди, или кои можат како коњ да напредува, самиот претпоставувајќи ја желбата на јавачот, тие луѓе чувствуваат дека се среќни. Тие имаат многу проблеми. Сиот свет, за кој што се одговорни, е на нивните рамења, но тие се среќни од нивната улога, за поврзаноста со Создателот чии наредби тие ги исполнуваат.

Од 1-т дел на утринската лекција, 02.04.2013, Писанија на Рабаш, на Каб.Тв

Спуштањето е импулс за скокот нагоре

Духовните садови се создадени од желба да се восприми и од нејзиното ограничување, Масахот (екранот), и срамот кој што се содржи во него. Срамот се чувствува затоа што не сум во можност да се оддадам себеси на давањето и од стравот да ја поврзам секоја состојба низ која минувам со Тој што дава. Кога ќе се кренам после спуштањето од чувството на злото и од таа височина ќе ја испитам минатата состојба, јас гледам дека не било лошо. Ми станува јасно дека спуштањето било подготовка за сегашното возвишување. Јас започнувам да ја сакам и ценам претходната состојба и сум благодарен за неа, бидејќи без тој пад, јас не би можел сега да се возвишам. Ова ми овозможува да го вреднувам мојот пад, дури повеќе, бидејќи тој пристигнува да ги поправи претходните мани. Па така, јас го поправам тоа искачување со моето ново однесување кон него и од тоа искуство учам за иднината. Сега, знам дека морам да се подготвам за следната фаза, за следниот пад, така што јас ќе можам да контролирам како најдобро умеам и да работам над разумот. Постојат многу малку можности да се работи над разумот во состојбата на воздигнувањето, но тука ни помага спуштањето. Не се воздигнувањата, туку спуштањата се состојбите кои што најмногу ни помагаат. Работата треба да биде благодарност за минатото, со тоа човекот се подготвува за иднината. Ние треба секогаш да велиме дека сè што се случило до сега, дали е тоа судир со пријателите или што било, е направено од Создателот и дека нема ништо друго освен Него. Ти мораш да ги додадеш сите овие состојби кон откровението на Создателот врз тебе - во облик на Неговата „позадина“ ако е спуштање, или во облик на Неговото „лице“ ако е тоа воздигнување.

Во иднина, ние мораме да бидеме спремни за сè што ќе се случи. Ова се нарекува целосна посветеност. За ова се спремаме себе во групата инвестирајќи го нашите напори во неа, заедничката доверба и заедничката помош, која на крајот и самата ќе му се врати секому. Сè зависи од нашата подготовка. Ако тапкаме во место и ништо не правиме, ние едвај ќе почувствуваме некакво спуштање или воздигнување, туку само благи промени во нашето расположение. Ако се подготвиме во поврзаноста со пријателите, тогаш ние ќе можеме да управуваме со чекорот на нашето напредување и позитивно да гледаме на сите наши минати состојби: обете - воздигнувањето и спуштањето. Многу е потешко да се однесува одлучно кон воздигнувањето отколку кон спуштањето. Всушност, кога ни сме во воздигнувањето, тогаш сме под влијание на задоволството кое што целосно нè исполнува, и не ни дозволува да ја разјасниме состојбата во која што сме, ниту да ги контролираме желбите. Во текот на спуштањето, твојата желба е таа што те присилува да побараш помош па дури и спасение. Затоа, како што е напишано, „Фараонот ги донесе синовите на Израел близу до нашиот Татко на Небесата.“ Желбите што се откриваат за време на спуштањето – во прогонот, во страдањето и чувствувајќи се лошо - се оние кои што носат некого поблиску до целта. Самите воздигнувања не му помагаат на човека во напредувањето.

Од 1-от дел на дневните лекции 02.04.2013, според Писанија на Рабаш, на Каб.Тв

Молитва од која што ќе се покајат сите нечестиви

 

Прашање: Знам дека нема да можам да прашам за себе, па  дури и самиот да сакам да го задоволам Создателот. Наместо тоа, некој може да побара единствено за пријателите. И така, како можам јас да побарам помош, да добијам сила од Создателот?

Одговор: Ти мораш да ја побараш помошта и да бидеш вклучен во групата. Да им даваш на пријателите со цел низ нив да му даваш на Создателот. Особено ова е правото барање што го привлекува кон нас Опкружувачката Светлина. Овде е создаден затворениот круг, прстенот. Јас го прашувам Создателот за способноста да му дарувам Нему. И тоа ќе изгледа дека сè зависи од Него – колку многу јас ќе воспримам за Нему да можам да Му давам? Но, не е така, бидејќи сите припреми кои се јавуваат во овој циклус зависат од мене. Не е можно да се мине низ сето ова без да се почувствува маката, злото, и притисокот кој што во крајна линија бара јас да се свртам кон Создателот. Сите мои напори не се за јас да се ослободам од лошите физички чувства, ѕверскиот гнев, туку поради она во што вложувам. Не е целта да се ослободам од лошите физички чувства, од ѕверските неволји, туку да дадам на групата и за неа да внесам во име на доброто. Можам да напредувам единствено на овој начин, а не како животно што бега од стапот. Ако се најдеме под притисок, исплашени, и збунети, ние не смееме да посакаме да побегнеме од оваа состојба бидејќи не е пријатна. Туку напротив, ние би требало да ја посакуваме оваа состојба за да напредуваме кон Создателот, кој го уредува сето ова за нас. Ако сите ние се чувствуваме на овој начи, тогаш ќе напредуваме. Јас не барам од Создателот да ја преземе од мене сета непријатност, сето зло. Туку јас побарувам злото да биде претворено во добро. Така некој треба да се моли: „Јас не уживам во смртта на нечесниот, туку повеќе тие да се одвратат од нивните начини и да живеат.“

Од 1-от дел на утринската лекција, 02.04.2013, според писанија на Рабаш,  на Каб.Тв.

Откривање на егоизмот е најголемиот поклон од Создателот

Прашање: Многу сум возбуден околу вашето објаснување за жената и мислам дека е правилно, особено откако се здобив со искуството, како резултат на вежбите кои што ги препорачавте: „Обиди се да се доближиш и да се соединиш и ако откриеш дека ги критикуваш твоите пријателки, припиши го тоа како особина на Создателот. Како резултат на оваа вежба, јас открив дека моето однесување, не само кон пријателите туку апсолутно кон секого (освен кон моите деца) е критикување. Тоа е како инстикт, како дишење, кое што не се забелижува. И колку повеќе го правиш, толку повеќе постои. Покрај фактот дека јас продолжувам да му го препишувам тоа на Создателот, тоа расте, и јас едноставно немам сила, сè до една точка на мачнина. Понекогаш имам желба некој да ме избрише, да исчезнам... Што можам да сторам во врска со ова, ако е тоа мојата природа? Мажите го немаат тоа; тие се многу почисти. Како може ние, жените, да си помогнеме едни на други и точно да го поправиме овој квалитет?

Одговор:  Единствено кога некој вложува напори да се соедини во група во согласност со кабалистичкиот метод, тогаш некоја или некој ги открива во себе силите кои се противат на тоа соединување. Тие сили се нарекуваат егоизам. Сите останати желби да се „зграпчи“ повеќе за себе - постојат во секого, дури и кај животните, и од гледна точка на кабалата тие не се сметаат егоистични. Што да се направи: истото што го прави човекот, кој исто така го има ова но во различен облик. Откривањето на егозмот, (фараонот) е најголемиот поклон од Создателот бидејќи тоа ја доведува потребата да се свртиме кон Него за помош! А, секое свртување кон Него води кон Неговото откровение!

Од утринската лекција, 02.04.2013, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica