Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Единството на народот е почеток на единството на човештвото

Зборувајќи за сплотувањето на народот на Израел ние тргнуваме од изворникот наречен наука кабала. Таа зборува за комплекс, за единствениот Систем и за неговата закономерност. Тој Систем е Природата, Божественоста. Во него функционира законот на Светлината и садот со сите производи. Во однос на нас тој Систем веќе одамна се оформил. Ние последни произлеговме од него и треба да учиме како да го користиме за да се доведеме себеси во првично дадената совршена состојба – целта на создавањето. Неа треба да ја достигнеме. Во Системот постојат активни сили и делови кои од нив се активираат. Системот е многу сложен. Благодарение на неговото влијание, благодарение на силите кои од него влијаат врз нас, ние се развиваме. И во тој развој доаѓаме до состојбата на која ни укажува науката кабала. Почнувајќи од неа и понатаму ние стануваме активни делови кои функционираат и дури и самите Го активираат Системот. Ако не го правиме тоа, Системот влијае врз нас на таков начин што ние сепак мора да посакаме да го активираме на правилен начин. Бидејќи ние живееме преку чувствување – добро или лошо. На крајот на краиштата на тоа се сведува целото наше постоење: ние се наоѓаме меѓу лошото и доброто чувство и секој пат се трудиме колку што може поблиску да се доближиме до доброто и колку што може подалеку да се оддалечиме од лошото. Преку тоа Системот нас нѐ активира. Во својот развој не сме сите еднакви. Бидејќи кога би биле еднакви би претставувале монолит наместо множество делови. Секој дел има своја намена, своја причина, свој извор и исто така и процес на поправка и конечна форма. Секој дел е обврзан да го реализира она што е негова одговорност, она што Системот го очекува од него како од активен дел кој мора да се вклучи во своето место и да ја исполни својата должност. Во однос на сите делови од Системот ние, луѓето, се делиме на два дела:

1. тие кои добиваат можност за духовна работа, т.е. можност да се запознаат со Системот и свесно да учествуваат во неговата работа со чувство и разум, бидејќи се обврзани да го направат тоа за да се реализираат себеси; 2. тие кои сѐ уште не добиле таква можност и ќе ја добијат подоцна, како што е речено: „Сите ќе ме спознаат Мене и старо и младо“.

Процесот се однесува на сите фази и ние исто така не сме првите. Пред нас бил Адам ХаРишон, големите кабалисти од сите генерации. Ние дејствуваме во нашата ера. И затоа секој мора да го изучи коренот на својата душа, да го спознае и да го постигне. Оние кои добиваат духовно будење според степенот на неговата реализација се нарекуваат „Израел“ – т.е. „јашар-кел“, „директно кон Создателот“. А оние кои сѐ уште не добиле будење се нарекуваат „народи на светот.“  Но тоа не значи дека тие ја немаат можноста дадена на Израел, едноставно таа сѐ уште не се реализирала.

Како последица од ова Израел има посебна работа не само во однос на себеси самите туку и во однос на „народите на светот“. И ако во „народите на светот“ некои ја прифаќаат ова порака од Израел, во иста мера имаат одговорност во присоединувањето, помошта, поддршката, убедувањето и т.н. На таков начин овие два дела работат заедно. За нивна правилна интеракција потребно е единство меѓу сите.

Понатаму, Израел исто се дели на делови – коени, левити и исраелити, кои во некоја мера се разликуваат по својата работа. А во „народите на светот“ се вградени седумдесет корени кои исто така имаат свој ефект во одделните делови. Меѓутоа сето тоа се разјаснува веќе во текот на патот. Денес состојбата на развојот на заедничкиот Систем е таков што веќе сите добиваат некое будење, „покана“, повик, импулс, можност за поправка, за учество во процесот. Некои луѓе оваа порака ја добиваат во посвесна, повеќе насочена форма и тоа ги влече напред, а другите тоа не ги привлекува толку многу туку ги поттурнува одзади со туркања, удари. Како и да е и едните и другите се движени со различни форми на страдања. Има страдања од љубов и има спектар на страдања од друг вид...Меѓутоа генерално сегашната фаза на историскиот развој се карактеризира со тоа што сите повеќе или помалку почнуваат да чувствуваат дека живееме во посебно време, дека човештвото мора да доживее големи промени – посебно во областа на само-перцепцијата: што претставува самото човештво и што претставува светот. Во ова се разбира ни помагаат различните науки. Со еден збор дојде посебно време за кое однапред предупредувале кабалистите. И токму кон ова време бил насочен целокупниот развој на народот на Израел кој од ерата на Вавилон поминувал секакви фази на подготовка, подеми, разбивања и прогонства, за да биде денес подготвен за својата вистинска конечна мисија. Затоа што Израел е посебна група во човсштвото која добила насока, тежнеење, знаење, чувство, разум, сѐ што е потребно за да ја предводи поправката меѓу целокупното човештво.

Од лекцијата по тема „Единството на народот на Израел“, 03.07.2014

Работа во разбиено срце

Од книгата на Рамхал „Адир ба маром“: Работа во срцето е молитвата. Нуква која управува со световите се нарекува „срце“ а срцата на сите луѓе се делови од ова срце, во кое се наоѓаат корените на сите души. 

Излегува дека заедничкото срце не е целосно сѐ додека не ги вклучи во себе сите срца кои израснуваат од него, сите души, и тогаш ќе го разбере целото Вишо управување, како што е речено: „Разбираат со срцето“. Треба да разбереме дека сите ние сме делови на Малхут наречена заедничко срце и мораме да ги соединиме нашите срца. Со тоа ние ги поправаме. Ниту еден од нас нема потреба од лична поправка – во самиот човек нема што да се поправа, туку само неговиот однос кон другите. Тоа е прво што ние треба да го сфатиме: никој не е расипан сам од себе, расипани се само сите наши меѓусебни врски. Со поправка на сите тие врски и со соединување ние ќе се споиме во едно заедничко срце. Зависно од мерата на нашето соединување ние ќе Го разбереме Давателот, Неговата висина и особина, бидејќи самите ќе станеме исти како Него. Токму на тоа треба да работиме – на нашето соединување, над сите егоистички особини кои се откриваат, нѐ разединуваат, оддалечуваат, одбиваат еден од друг. Сѐ додека не видиме дека сите ситуации во нашиот живот се наменети да ни го покажат местото на нашата работа – таму каде што меѓу нас сѐ уште нема соединување.

Сѐ што се случува со нас во овој свет е збир на приватни состојби предизвикани од недостаток на единство. Кога сите тие состојби се собираат заедно ние чувствуваме реалност наречена „овој свет“, односно недостаток на соединување во сите форми. Тој ни се открива во онаа мера во која ние сме способни да преживееме во услови на таквото разединување и од него да ја почнеме поправката. Затоа целата работа се состои во кревањето молитва (МА"Н) за сплотување, користејќи ги за таа намена сите откриени можности. И тогаш Светлината која некогаш го исполнувала целосниот сад на душата ќе повлијае на сите наши скршени делчиња и повторно ќе ги соедини враќајќи ги кон единствената душа, единственото срце. Целата работа се одвива во разбиеното срце за во него да се соединат сите наши срца и соодветно на тоа да се стекне разбирање и чувствување на она што се нарекува целосно заедничко срце. Ако ние се чувствуваме себеси како гостин кој се наоѓа пред Домаќинот и можеме да спроведеме од него поврзувачки конци до својата тековна состојба, тогаш нема да згрешиме во ниту од ситуациите кои ги доживуваме.

Од подготовката кон лекцијата, 03.07.2014

Награда во давањето

Прашање: Една многу позната актерка замолила да се објасни што значи соединување кое не смее да се претвори во собир на кловнови? И таа и целото нејзино семејство постојано го гледаат 66 канал но овој поим за нив сепак останал нејасен.

Одговор: Народот на Израел е оној дел од човештвото кој добил дополнителна потреба и не се согласува да живее во ропство на својот егоизам само на материјално, животинско, земско ниво. Во Израел има дополнителна искра која го поврзува со Создателот, со изворот на Светлината.  Затоа тој не може да се задоволи со материјалниот живот во земската димензија туку е должен да се соедини со Вишиот Извор. За да се достигне духовно наполнување, поврзаност со Вишиот Извор неопходно е да се сплотиме меѓу нас, односно да си соединиме нашите искри. На таков начин ние имаме работа веќе во две области. Работата во материјалната област е насочена на тоа да си обезбедиме за себе нормална егзистенција: без луксузи но и без аскетизам. А сите наши главни напори треба да ги пренесеме на духовно возвишување кое во целост зависи од стекнувањето потреба за единство: не на самото достигнување на единството, туку само на желбата за Него. Соединувањето само ќе дојде потоа со помош на Вишата Светлина.

Израел исто се дели на два дела. Еден дел чувствува тежнеење за постигнување на духовниот свет и во него се вклучени разни луѓе, не само од материјалниот народ на Израел туку и од другите народи, што претставува последица од заемното вклучување на сите души по уништувањето на Храмот и прогонството што следи потоа. Засега тоа е егоистичка желба да се постигне Создателот преслечена во нашиот егоизам. И затоа ние сакаме да го постигнеме Создателот за да се насладиме од Него, да се наполниме себеси, да Го почувствуваме Него, да го спознаеме идниот свет, да се искачиме над смртта. Но потоа ние почнуваме да сфаќаме дека сето тоа се достигнува во желбата за давање. И затоа сите прашања кои сме ги поставувале на самиот почеток за постигнувањето на духовниот свет, стануваат нелегитимни. Така човекот поминува преку многу сериозна внатрешна криза, доживува паѓање, разочарување во својот егоизам.

Затоа што тој одеднаш сфаќа дека нема да добие егоистичко наполнување туку токму напротив, тој мора да се реализира себеси во обратна форма, во давање. Така ние чекор по чекор почнуваме да се приближуваме до вистината, што не е така едноставно. Бидејќи на крајот ние мора да бидеме подготвени да го оставиме целиот свој егоизам за да го достигнеме Создателот. Да го достигнеме не значи да го фатиме Него, да го зграпчиме, туку напротив да се жртвуваме себеси, да му се предадеме Нему. Тука станува јасно дека тоа воопшто не е во наша моќ бидејќи ние сме тотални егоисти. Единствено што можеме е да разбереме дека такво дејство се остварува со помош на Светлината која прави во нас промени, пресврт во нашето сфаќање, осознавање, проценката. Ние почнуваме да го цениме давањето повеќе од примањето, го претпочитаме давањето кое станува наша награда. Ние сакаме да живееме во давање со ослободување од сите егоистички стекнати работи и се предаваме себеси за служење на сите, а преку нив – на Создателот заради Негово задоволство. Токму тоа се нарекува соединување.

Од подготовката кон лекцијата, 03.07.2014

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica