Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Една променлива во непроменлива состојба

03.02.2011

Зборувајќи за односот на Создателот кон нас, ние го користиме нашиот речник: "сожалува", "се лути" и т.н. Се разбира сето тоа постои само во однос на нас самите. Не ни се доделени никакви промени од Создателот. Но во зависност од тоа како ние самите се менуваме во однос на безусловниот, непроменливиот, континуирано постоечки закон "Добар и Тој кој прави добрo" , така добиваме повратна реакција.

Би можел порано да ја предвидам таа реакција кога би ги познавал сите компоненти внатре во мојата желба, внатре во целиот систем и неговите услови. Се разбира дека е проблем – да се знае сé. Но што се однесува на нас – Создателот не се менува. Силата, која ја наполнува целата Природа и го поддржува постоењето на целото создавање, секогаш се однесува кон нас како Добра и Таа која прави добро, со апсолутна љубов, и од Нејзина страна во тоа нема никакви промени.

Ние самите ги предизвикуваме сите повратни реакции, согласно со тоа колку се менуваме во однос на тој закон, колку веќе треба да сме развиени и слични на него и колку не можеме или можеме тоа да го сториме. Покрај тоа, тоа зависи од нашето целокупно влијание на секој човек врз сите и на сите – врз секој. Токму тоа сега ние го откриваме во нашиот глобален свет. Но ние велиме дека Создателот наводно се однесува кон нас добро или лошо, некогаш така, некогаш поинаку, дека има добри и лоши времиња, има празници и т.н. Такво нешто не постои.

Сé се дефинира со тоа колку човекот постигнува. Ако не сум работел, тогаш за мене нема да дојде состојбата на поправка, зошто не сум го достигнал тоа скалило. Но зошто во секој случај времињата се менуваат ако јас не се менувам? Затоа што сум поврзан со сите други системи, со другите души и сите треба да напредуваат.

Затоа решимот (информациските гени) цело време се откриваат. Ако ние правилно ги реализираме – тогаш чувствуваме добро, ако пак не – тие се реализираат по пат на страдања и ние го чувствуваме злото. Но се пробудуваат решимот, а Светлината која влијае врз нив е постојана.

Исто така Светлината, која ние ја нарекуваме "Светлина која враќа кон Изворот", "опкружувачка Светлина" – не се менува. Ние се наоѓаме во истиот непроменлив систем. Но јас се стремам кон Светлината - и таа влијае врз мене во зависност од мојот стремеж. Ако пак не се стремам – таа не влијае.
Не постои ништо што би се менувало надвор од мојата желба. И само во однос на таа желба јас ги чувствувам манифестирањата на промените.

Скок во духовното

Прашање: Во времето на Вториот Храм кабалистите седеле по два часа и се подготвувале кон читањето на молитвата "Слушај Исраел".
Зошто тогаш на нас, толку мали во споредба со нив ни организираат многу посложена реалност и ние доаѓаме на час толку расеани, конфузни и со тешкотија за неколку минути се обидуваме некако да се концентрираме пред читањето на Книгата Зохар?

Во тоа време кабалистите требало да влезат во духовните состојби за кои раскажува Зохар, да се искачат по скалилата од тоталното отсутство на духовното чувство, бидејќи секое скалило започнува од нула. Потребно е време додека се соединат заедно, во една намера, во единство, на соодветното скалило, додека влезат во таа состојба во заедничко чувствување... Тоа може да се спореди со подготовката на падобранците за заедничко скокање: тие ги пакуваат падобраните, се качуваат во авионот, полетуваат во воздух, од таму скокаат и во слободното паѓање уште пред отворање на падобраните се соединуваат еден со друг, формирајќи во воздухот различни форми.

Тоа е огромна подготовка за нови соединувања на високите духовни скалила. Затоа таа одзема многу време, согласно со висината на скалилото. Скалилото обврзува. А ако ти си играш тука доле, самиот, без да ги чувствуваш другите, доволно ќе биде само да фатиш некоја мисла "за опашката" – и толку. Да се надеваме дека ќе имаме потреба во таква подготовка како кабалистите од минатото.

Од утринската лекција - 03.02.2011   на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica