Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Еднаквост за крајната цел

Ако мојата цел е поврзување, сé во светот гледам како делови од кршењето кои се оттргнале од мене само за да можам повторно да ги соберам и составам заедно. Честичките не мора да се идентични за да се поврзат. Напротив, мора да бидат различни! Ако има плус на едно место, а минус на друго, ако има повеќе тука, а помалку таму, тогаш има поврзување меѓу деловите. Големиот може да му даде на некој што е мал, и малиот може да прими од големиот. Ако се совршено исти, што ќе можат да си даваат ден на друг, како ќе можат да се поврзат?

Еднаквоста е таа што води до одделување! Па како може да постигнеме општа еднаквост? Тука почнуваме да сфаќаме дека концептот на еднаквост не се однесува на атрибутите, мислите, желбите или идентичните акции, туку се изразува во постигнување на целта. Заради таа цел ние сите се поврзуваме и во однос на неа сме еднакви. Никогаш нема да бидеме еднакви ако не се поврземе со Создателот и ако не го сметаме Него за наша цел.

Според тоа, јас веќе почнав да регрутирам сили, да дознавам кој е методот на поврзување, да барам начини да се поврзам со другите; испитувам сé што се случува во светот како шанса која ми се дава во секој момент за да се издигнам над моето его, над силите на разделување, и да постигнам општо поврзување. Можеме да се поврземе како еднакви само кога Создателот е меѓу нас и е целта на нашето поврзување. Затоа се вели дека состојбата на: „Исраел, Тората и Создателот се едно“, ја одредува правилната насока за поправање.

Сакајќи да се поврземе и да постигнеме целосна еднаквост, но во исто време секој да ја задржи својата уникатност и поединечните атрибути, се поврзуваме како едно тело. Создателот, горната Светлина, мора да му дадат живот на ова тело според законот за еквивалентност на обликот. Многу желби се поврзуваат во едно духовно тело, во едно Парцуф, под еден Масах (екран), со цел да создадат општо прилепување со една Светлина. Потоа тука е Цивук де Хака’а (обединување на ударите) со Светлината во главата на Парцуф и се создава формација наречена „душа“ (Нешама).

Во исто време, сите поединечни честички ја задржуваат нивната природна уникатност во мислите и желбите и функционираат како органи во едно тело, секој ја врши својата работа и се поврзува со другите за да се постигне општата цел, духовниот живот. Oвој живот е еднаквост и спојување со Светлината. Тука се активира формулата „Љубовта ќе ги покрие сите гревови“. Гревовите остануваат, разликите меѓу нас се задржуваат, и врз таа основа сите судат и се оправдуваат себеси. Секако, човекот ги обвинува другите, бидејќи „човек суди според сопствените маани“. Но со поврзувањето сфаќаме дека сите разлики меѓу нас всушност ни помагаат да постигнеме поголемо поврзување меѓу нас, ако можеме да го исполниме поврзувањето на повисоко ниво кревајќи се над сите разлики меѓу нас.

Ако едноставно ги избришеме разликите меѓу нас, ќе немаме основа за поврзување, ќе немаме што да си дадеме еден на друг. Секој треба да им дава на другите, да биде во улога на нивен „минус“ во однос на „плусот“ и да прима од другите како минус од плус. Ова значи дека сите сме различни! Но ако го правиме тоа под „еден чадор на љубовта“, тогаш сите излегуваат како еднакви. Кога бебето и се смее на мајка си, таа е подготвена да му го даде целиот свет. Се вели дека „љубовта ќе ги покрие сите гревови“, и ако има љубов, таа нè поврзува во една мрежа. Тогаш се поврзуваме над сите празнини со една причина и ја постигнуваме. Ова е методот кој ни го подготвува Светлината, преку многу подготвителни дела. Светлината создаде желба и работи на неа спуштајќи ја и терајќи ја да помине низ сите степени, со тоа што ја крши и ги создава световите на БЈА на Светоста и од нечистото и „првиот човек“ Адам кој исто така е скршен. Само денес, во оваа нова ера во која се наоѓа целото човештво, почнуваме со поправање на светот, па наместо страшен и ужасен свет чии болести и расипаност се откриваат од ден на ден ќе го видиме светот на Еин Соф (Безконечност) пред нас.

Од лекцијата 25/05/2012, Писанија на Рабаш

Будење на зората


Прашање: Велите дека во центарот на групата е Малхут од светот Ацилут. Дали постои сега, кога само теоретски ги учиме овие работи?

Одговор: Овие работи постојат само кога ги достигнуваме. Дотогаш, остануваат во потенцијалот.

На пример, имаш новороден син, и во него постои потенцијалот за сите наредни генерации кои ќе потекнат од него. Тие сé уште не постојат, дури и во капката од неговото семе, но сепак се предвидени од програма од повисок ред. Тоа е „потенцијално постоење“. Над нас има програма, причинско – последичен ред, и не можеме ништо да смениме во него. Постепено, овој потенцијал се реализира. Сé што се случило досега е трансформирано од потенцијал во реалност.

Затоа, доброто и злото се на сличен начин условени од вишата програма; нема друг начин. Во однос на минатото, сите сме фаталисти. Кога станува збор за иднината, можеме да ја промениме. Тука не треба да имаме верба во судбината. Вистина е дека Решимот (информациските гени) сигурно ќе се остварат и дека Светлините сигурно ќе им бидат спротиставени, но нивната врска ја дефинирам преку моите напори. Ако моите желби се исти со Светлините, до тој степен го менувам моето чувство на овој пат, сé до спротивното, и тогаш удобно се придвижувам напред. На ова се мисли кога ќе се каже „менување на судбината“.

Сé е одредено од стапката на напредување. Ако го забавиме остварувањето на Решимот, тие во нас предизвикуваат многу непријатни чувства, за разлика од забрзаната опција. Дури највеселата мелодија испеана звучи бавно како тажен марш и обратно. Со забрзување на времето, како да ги преобратуваме нашите чувства од негативни во позитивни.

Светот денес доживува криза од истата причина. Луѓето како да се шокирани од она што се случува и не се способни да ги донесат потребните одлуки. Ова е затоа што стапката на развој наеднаш се зголеми, но човекот уште не се приспособил. Не сум „кружен“, не сум интегрален. Не можам истовремено да ги земам предвид многуте параметри. Насекаде се случува нешто, сé е заемно поврзано, но јас сé уште се трудам да одам по линијата поставена од мојот егоизам. Не можеме да се согласуваме со модерниот свет бидејќи нашите ритми не се совпаѓаат.

Затоа, крајот на поправањето е однапред одреден; меѓутоа како сфаќам дека мојот развој зависи од мене: дали е преку патот на страдање или патот на разумен, свесен напредок. Стапката одредува сé. Затоа е кажано дека Израел го забрзува времето.

Остварувањето на истите Решимот може да биде придружено со позитивни чувства или кобности, војни, епидемии и други несреќи кои ќе нè натераат на наредниот чекор. Сé зависи од подготовките за лекциите и за животот. Како што е запишано, „Јас ја будам зората, а не таа мене.“ Мора да го посакуваме остварувањето на нови Решимот бидејќи секој од нив е шанса да се кренеме кон поголемо дарување.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 25/05/12 „Вовед во ТЕС“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica