Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Женски придонес

06.03.2011

Ако јас имам сè, освен она што во моментов ми се чини најважно и најскапоцено, тогаш јас немам ништо. Ова е вистинската желба што постои во жената и што му недостига на мажот.

Воопшто, ако не беше женската желба, мажите не би успеале да напредуваат во духовниот пат. И затоа во работата помеѓу жената и мажот, во секој од нас, ние треба да ги донесеме во рамнотежа женските и машките делови на човештвото во целина.

Ние треба да се грижиме за жените кои доаѓаат во науката кабала, - така што тие треба да добијат сè на што имаат право; за целите на поправката на заедничката душа. Без нив ние нема да успееме да продолжиме. Мажите нема да се противречливи без желбите на жените, без нивниот притисок, без нивните барања тој да ја привлече и да ѝ ја даде Светлината која враќа кон изворот. Бидејќи, таа самата - не е способна за тоа.

Само преку женската желба мажите можат да ја привлечат Светлината. И затоа без женската дел - нема напредување.

Прашање: Иако женската желба е посилна, тоа е само на изглед, бидејќи како правило мажите се насекаде: како глави на владите, генерални директори, и.т.н. Мажите изгледа го управуваат светот. Дали изучувањето на кабала се гради по слична слика?

Одговор: Да, се разбира! Жената не е обврзана да учи заедно со мажите - бидејќи таа не е способна да ја привлекува Светлината. На мажот е доверено учењето, обединување во група и намерата за привлекување на Светлината која враќа кон изворот. Но, жената треба повеќе или помалку само да ја разбира целокупната ситуација во процесот, кој го поминува созданието, но, не е обврзана да учи систематски, секојдневно. За неа се доволни општите материјали: статиите, блогот, телевизискиот канал.

Нејзиниот главен придонес е внатрешната загриженост во врска со работата на мажите и универзалната помош, со која мажите треба да ја привлечат Светлината која враќа кон изворот. Притисок врз мажите во барањето на Светлината; ете што треба да обезбедат жените. Без тоа мажите нема да успеат да ја привлечат Светлината и да извршат поправка.

Жената - местото на промената

За да имаат намерно и силно влијание на мажот, жените исто така треба да се здружуваат. Но, да се здружуваат за да го разбираат принципот на работа и како да знаат што точно да сакаат од мажите. За тоа, тие треба да знаат што е тоа Светлина, која мажите ја привлекуваат и што треба да претставува таа.

Жената во духовното е сила, дури поголема од мажите. Мажите се само сила, екран, а жената е место во кое се вршат секакви промени. Таа го раѓа новиот степен и се грижи за него. Создавањето, доењето, постарата состојба - сè се наоѓа во женскиот дел на заедничката или индивидуалната душа.

А мажот ја носи само Светлината. Речено е дека тој ја "дава белината" и со тоа неговата улога како да завршува. Таа потоа престојува во мајката и преку неа дава сила за развојот на душата.

Така што преку мајката, со женската дел се поминува во потомството. Целиот духовен развој поминува преку жената и токму женскио дел ја раѓа душата. За тоа зборува и Тора. На пример "Авраам" и "Сара" се два дела на душата, кои ја создаваат следната душа, својата следна состојба под името "Исак". Кој го раѓа него? Се разбира Сара.

Треба да ги исполниме она што е вградено во природата. Постигнувајќи согласност со материјалната природа, ние ќе ја постигнеме духовната природа, благодарение на што ќе се здобиеме со успех и нема да си нанесуваме штета.

И обратно, колку повеќе штета предизвикаме, предавајќи им се на каприците на егоизмот, колку повеќе ќе врескаме за "еднаквост", што во пракса го уништува семејството и општеството, толку помалку шанси имаме. Некој политичар може и да победи од тоа, но не и општеството

Од утринската лекција за жената, 06.03.2011 на каб.тв од 02:00 до 05:00

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica