16.09.2010
Ние сме оддалечени од светот на Бесконечноста со 125 скалила на намалување на светлината, со скривања и апсолутно отсечени од вистинската реалност, небаре се наоѓаме без свест.Не разбираме кои сме ние и каде сме. Од оваа состојба нам ни е потребно да се пробудиме, да се освестиме и да се вратиме преку 125 скалила во тоа место, од каде што ние се спуштивме, кон својот корен. На тој пат одоздола нагоре, совладувајки ги скривањата, ние достигнуваме сличност со Создателот, стануваме исти како Тој.
Во реалноста, човекот во овој свет нема никаква можност самиот да се освести и да се крене од долната точка, погребена под 125 скалила на скривањето. Како што е речено: "Не може затвореникот самиот да се ослободи себеси од затворот" – нему му е неопходна надворешна сила. Ние не го чувствуваме вишиот свет и се замислуваме себеси во лажната сегашност. Нам ни се чини во нашата несвесна состојба, дека ние небаре живееме, а околу нас е свет полн со луѓе, Земјината топка и Вселената. Такви ликови се создаваат во нашата несвесна состојба, и ни се причинуваат како вистински живот. А кога, како низ сон, до нас стигнуваат гласови, кои велат: "Па ти си без свест, откинат од вистинскиот живот, од духовниот свет!" – ние не им веруваме. И само луѓето, кои не гледаат од страна, разбираат, дека ние сме без свест.
Затоа ние треба да сме благодарни за пробудувањето во мене на "точката во срцето". Преку оваа точка јас почнувам да разликувам нешто, што доаѓа до мене од другиот свет – дека постои поинаква реалност.Но големите кабалисти се обидуваат да не' вратат во свест, да не' пробудат кон вистинскиот живот. Од Адам, кој првиот се освестил, до овој ден, се протега долга низа на кабалисти, кои го достигнаа вистинскиот живот. Но денес ние сите мораме да се освестиме. И нашиот лекар Баал ХаСулам со својот асистент Рабаш, ги вложуваат сите сили да не' освестат. Токму тие го предизвикуваат зракот на светлината, кој продира од вистинската реалност во нашата исклучена свест.
Учење на светлината за целиот свет
Почнувајки од Адам, колку порано живеел кабалистот, толку поблиску тој е поврзан со коренот, и стои повисоко. Преку него ја добивале светлината сите, кои дојдоа после него. Но за тие, кои посакуваат да се поврзат со зракот на светлината, кој доаѓа од Бесконечноста, поважен е секогаш последниот, најблизок до нив кабалист, бидејки токму тој приклучува и соединува со светлината, со Создателот. За нас таков кабалист претставува Баал Ха Сулам. Тој пишува, дека се удостоил да ни ја пренесе науката кабала. А ние се удостоивме, да ни се открие таква душа, која ни го донесува методот на кабала, благодарение на кој ние можеме да го откриеме Создателот. Делата на Баал ХаСулам – се единствени што ни одговараат во наше време за достигнување на духовната цел. Само книгите на Баал ХаСулам ни ја носат, потребната за нашето исправување светлина. А за подготовката кон нив се потребни статиите на Рабаш. Откривањето на Создателот на суштествата, т.е. духовното ослободување, треба да стане целосно, за сите – односно нивното учење претставува учење за целиот свет.
Вистинска метода – на средната линија
Баал Ха Сулам се удостоил на многу високо духовно постигнување. Но од друга страна, тој се молел за тоа, да го спуштат од неговото ниво, за тој да може да ја донесе науката кабала до луѓето. И главното, што му помогнало во тоа – тоа е вклучувањето во него на душата на АРИ ( ибур нешама). Целиот метод на науката кабала, во однос на последната фаза на исправувањето, ни доаѓа од АРИ, и објаснува, како да се излезе од последното, четврто прогонство до целосното духовно ослободување. Затоа, веднаш откога се откри методата на Ари, ниту еден разбран кабалист повеќе не се занимавал по другите книги, постоечки пред него.
Баал ХаСулам го добил од Создателот, како одговор на својата молба, откривањето во него - душата на АРИ.Затоа успеал да го напише коментарот Сулам кон книгата Зохар и коментарот "Учење на десетте сфироти" на сите дела на АРИ, каде што се зборува за градбата на духовниот свет. Ниту еден кабалист пред него не успеал да го опише методот на "трите линии" на исправувањето на душата. Бидејки целата Тора – тоа е средната линија, взаемната одговорност – тоа е средната линија. Главната наша работа и откривањето нам на Создателот – е во средната линија. Затоа откривањето нам на методата на работа во средната линија претставува за нас духовен спас. Нема кабалист, сличен на АРИ, кој ја открил оваа метода, и нема кабалист, сличен на Баал ХаСулам, кој ни ја пренесе нам, ја објаснил работата со неа. Затоа неговите книги – се извор на вишата светлина за нас.
За детето нема никој поблизок од мајката
Рабаш пишува: "Мојот татко, Баал ХаСулам, ни ветил, дека одејки по неговиот пат и извршувајки ги неговите совети, ние ќе се удостоиме од Создателот на вечен живот, за да се залепиме кон Него". Рабаш самиот достигнал високо духовно постигнување, искористувајки ги само делата и советите на својот татко. Очигледно не постои друго практично средство за откривање на вишиот свет за нашето поколение, освен делата на Баал ХаСулам. Затоа неговата душа – посебно ни е блиска нам. Бидејки ние се проценуваме според користа за себе. Ние не ја споредуваме работата на кабалистите: Моше, Рашби, АРИ, Баал ХаСулам, Рабаш. Како што за детето – најважна од сите е неговата мајка, така и јас зависам во добивањето на духовниот вечен живот од претходната на мене душа – Рабаш и Баал ХаСулам. Се разбира, постојат уште многу високи души, но ние можеме да се соединиме со духовниот систем само преку Рабаш и Баал ХаСулам.
Соединувањето на душите – сличност на светлината
Баал ХаСулам вели, дека да се соединиш со светлината можеш само обединувајки се во групата. Инаку светлината нас не не' восприма – бидејки ние мора да и станеме слични на неа. И тогаш ние ќе се соединиме, како што приклучокот влегува во штекерот, благодарение на точно дефинираната обратна соодветност на облиците. После тоа светлината ќе може врз нас да влијае – врз сите празни места во нас, и да не' исправува, правејки не' слични на себе, согласно на нашата желба за време на учењето. А за да се организира правилното изучување на статиите на Баал ХаСулам, неговиот постар син, Рабаш, ја создал методата на поврзување со делата на неговиот татко. Со неа ние можеме да сме сигурни, дека реализираме се' правилно.
Но не треба да се заборава, дека сите кабалисти зборуваат за неопходноста на групата, во која ние ја спроведуваме оваа метода, се правиме себеси слични на светлината. Човекот не е способен да го прави тоа поединечно. Дури ако се наоѓа на голема духовна висина – без обединувањето, не ќе може понатаму да се крене и дури да се задржи на достигнатото. Дури ако тој веќе го достигнал 124-то скалило, тој не ќе може да се крене на последното, 125-то, работејки поединечно. Спомнете си ја случката со Раби Јоси Бен Кисма, кој рекол, дека ако ги остави своите ученици – не ќе може да напредува. А исто така ќе го загуби тоа ниво, кое веќе го достигнал. Не е важно, дека тие се мали, а тој е нивен учител, туку е важно дека се тие заедно. Постои соединување – постои сличност на светлината. Не постои соединување – нема сличност. Тоа е апсолутно неопходен услов!
Да се распространува – духовната сила
Прашање :После појавувањето на делата на Баал ХаСулам, целата метода на исправување на душите е завршена. Од тој момент постојат две работи:
- распространување на методата на Баал ХаСулам и реализирање на методата од наша страна
Овие два процеси треба да се одвиваат паралелно?
Се разбира! Бидејки во колкава мера ние ја распространуваме науката кабала во светот, во толкава мера ние ги приближуваме луѓето, кај кои постои точка во срцето, и тие ни се присоединуваат – нашата сила, силата на тие, кои посакуваат да го достигнат откривањето на Создателот, исправувањето на суштеството, љубовта кон ближниот, соединувањето, спојувањето со Вишата сила, расте. Нашиот број расте, затоа секој од нас поседува поголема сила, како резултат на се поголемото соединување – сила на бројноста. Колку повеќе луѓе се собираат во подножјето на пирамидата, толку е поголема силата на квалитетот - повеќе луѓе се искачуваат кон нејзиниот врв, самата пирамида расте. И затоа кај нас постојат две спротивни тенденции: да се соединиме повеќе внатре и да се распространиме повеќе надвор, во светот. Но овие два правци на нашето делување не се спротивни, бидејки со силата на внатрешното обединување ние ја распространуваме духовната сила.