Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

За секое прашање потребен е одговор

 

24.05.2010

Баал ХаСулам во „Вовед во студијата за десетте Сефирот", дел 2, пишува: „.. дека има едно познато и болно прашање кое си го поставува секој на земјава: „Кое е значењето на животот?"Ова прашање ги трга на страна сите други прашања и сомнежи во врска со студијата Кабала.Од како годините од животот ни стануваат толку драгоцени и ни носат толку многу болка и страдање. Ќе дојдат ли нашите животи до неизбежниот крај? Кој ужива во животот, или кому јас му носам уживање?

Гледаме дека нашите животи завршуваат без никаква придобивка, ниту резултат. Што повеќе се развива човештвото, сè појасно го сфаќаме ова. Затоа, разочарувањето и депресијата се најголемите проблеми во светот денес. Многу луѓе низ многу генерации се обиделе да одговорат на ова вечно прашање.Но тоа сè уште постои пред нас со сета своја сила и горчина, нè фаќа неспремни, со немирни умови, и бескрајно ни наштетува. После сè, ова прашање го поништува нашето големо „ЈАС", и човекот не може да се согласи со ова, сè додека тоа допира до корените на неговата душа.

Ако ова не го засега нашето вечно постоење, ние можевме да го избегнеме прашањево со тоа што ќе ги смиревме нашите умови со лекови или антидепресиви. Сепак, прашањето за значењето на животот не се однесува на годините на нашето физичко постоење.

Прашањето „За што сум создаден?" доаѓа од моето јадро и ме насочува кон моето првично потекло,коренот, од кој што можам да ја дознаам причината на моето постоење. Сепак, за време на физичкото постоење, успеваме да останеме воздржани, без мисли, со тоа што ќе паднеме во добро познатата стапица на препуштање во текот на животот. Се обидуваме да се исполниме на секој можен начин, но станува сè потешко и потешко да се постои по овој редослед: раѓање, училиште, факултет, работа, деца, години на старост, и смрт. И немаме избор; со цел да го решам ова прашање, треба да ја заменам околината која што ми помага да го заборавам и да го скријам прашањето во врска со значењето на животот, со друга околина која што ќе ми помогне да си го поставам тоа прашање и да го одговорам што е можно побргу.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica