Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

За што пишува во кабалистичките книги?

Прашање: Зошто не е означено јасно и конкретно, дека целата наша должност како суштества е да достигнеме целосна поврзаност во „Сакај го ближниот како себеси”?

Одговор: Во сите кабалистички книги пишува или за распространувањето на световите, парцуфим и сефирот одозгора надолу, или за личната поправка на човекот одоздола нагоре, кога тој треба да ја намрази својата желба за насладување, да се насочи кон давање, да дојде до сфаќање, дека самиот не може да постигне давање, и тогаш да се устреми кон Создателот, за Тој да му помогне да се крене над примањето и да постигне давање, да му дава Нему, и во тоа да ја најде својата намена, својата мисија, своето насладување. Тоа е многу детално опишано, само не се укажува точно, дека оваа поправка се извршува на сметка на соединувањето во групата, групната работа, давањето на ближниот, чувството дека имаш поддршка, заемна гаранција. За тоа постојат само одредени алудирања во Тора: „Сакај го ближниот како себеси”.

Но како е тоа поврзано со љубовта кон Создателот? „Не го прави на другиот она, што не го посакуваш за себе”. Од која причина ние се наоѓаме во толку голем свет, наместо да се чувствуваме директно поврзани со Создателот? Зошто ни е потребен целиот овој свет? Сето тоа не се разјаснува во книгите, односно не се разјаснува поврзаноста помеѓу работата на човекот во однос на Создателот, и работата на човекот со групата. Напишано е: „Од љубов кон суштествата – до љубов кон Создателот”, но тоа не е напишано јасно и конкретно – така за сите религиозни и нерелигиозни да разберат, дека проблемот е токму во „Сакај го ближниот”.

Сега ние се наоѓаме пред решението токму на овој проблем, кој нè поттурнува кон светската криза. Ова е општествена криза, не економска, криза заради тоа што сите ние се наоѓаме во егоистичко општество, кое самото се уништува. Решението на кризата е ние да сфатиме, дека сме обврзани да дојдеме до соединување. А да постигнеме соединување нема да можеме без да откриеме дека постои само една сила, која може во тоа да ни помогне. Тука ние престојуваме помеѓу животот и смртта. Ќе ни треба Создателот за да се спасиме од смртта. На таков начин Тој се открива. Затоа, нашето време е навистина време на доаѓањето на Месијата, односно време на откривањето на Создателот пред суштествата, за од една страна да се спасат од смртта, а всушност, за да се достигне свет кој е исполнет со добро и со добра. Тоа е свет кој целосно престојува во давање од Вишото, во откривање на Создателот пред единственото суштество, во кое сите заедно се соединети – и тогаш им се открива Создателот. Затоа важна е токму оваа поврзаност помеѓу сегашната состојба на светот, и неопходната потреба за откривање на Создателот во поврзаноста меѓу нас. Иако во кабалистичките извори за тоа не пишува доволно јасно, туку само одделни изреки укажуваат на тоа, ние треба да пишуваме статии, објаснувачки материјал, да ја опишеме технологијата на преминот од „јас” – кон групата, од групата – кон светот, и од светот – кон духовното, кон Создателот, кон силата на давање, која сè ќе спои, и ќе ја исполни целокупната реалност, сите суштества, целата огромна желба.

Тајно копче 

Прашање: Внатрешните напори на човекот му причинуваат страдање. Дали може да се рече, дека тоа страдање ги заменува страдањата кои доаѓаат директно од природата – ураганите и другите природни непогоди?

Одговор: Во принцип, може така да се рече. Ние трба да вложиме душевни, внатрешни напори. Меѓутоа, тие треба да бидат квалитативни, за разлика од квантитативните напори, на кои нè принудува природата, бидејќи разликата помеѓу квантитетот и квалитетот е огромна. Ние тоа го знаеме од законите на пирамидата, која се дели на четири нивоа: неживо, растително, животинско и човечко. На човечкото ниво на развојот ние вложуваме напори во намерата. Меѓутоа, луѓето се наоѓаат на најниското ниво. Тогаш колку големи напори треба тие да вложат за целата ширина на основата на пирамидата! Колкава територија на желбата ќе треба да опфатат, колку тони армиран бетон да превртат, колку работни часови да потрошат, колку проблеми и болести да доживеат, каква сиромаштија да почувствуваат! Од друга страна, пак, горе ние можеме долгогодишните тешкотии на милијарди луѓе да ги замениме со едно притискање на копчето. 

Меѓутоа не мисли, дека да се притисне ова копче е полесно, отколку да се одработат илјада години робија. Не случајно синовите на Исраел извикувале во пустината, подготвени да се вратат во Египет на макотрпната работа кај Фараонот – само да не го притискаат копчето. Тука е содржана суштината на решението, што треба да го донесе човекот, и затоа нашиот свет нема да исчезне до крајот на поправката. При притискањето на тоа копче, ти треба да ги осознаваш и да ги разбираш случувањата. Не можеш само да го стиснеш и потоа со чудење да ги набљудуваш последиците. Такво нешто се случува во нашиот свет. Но во духовниот го притискаш копчето само откако ги сфатиш сите дејствија низ кои поминуваш. Поинаку речено, формата на ослободувањето е содржана во прогонството. Треба да си го замислиш процесот – во спротивно не можеш да направиш избор. Бидејќи да избираш значи да ја знаеш иднината, и токму неа да ја посакуваш. Квалитативно, оваа работа е потешка од обичната. Затоа дури тие, кои биле способни за неа, извикувале: „Ајде да се вратиме! Ајде да ја замениме оваа работа со поранешната!”

Прашање: Зошто тогаш кабалистите велат, дека патот на Тора е полесен од патот на страдањата?

Одговор: Ти се обидуваш на истата вага да измериш две неспоредливи работи: квантум на Светлината и милијарди тони на камења. Зарем тие може да се споредат? Внатрешната енергија на Светлината е милијарди пати помоќна од материјалниот товар. Меѓутоа, во твоето егоистичко воспримање, во замислените чувствувања, тие работи се неспоредливи. Треба најнапред да се промени скалата на вредностите. Речено е: „Праведникот е основа на светот”. Неговата сила, неговата вредност е неспоредливо повисока од онаа на човештвото. Без него луѓето не се способни за ништо, тие воопшто не постојат во духовна смисла. И затоа нема таква вага на која би можеле да ги измериме овие два вида на напори.

Прашање: Дали на крај сите ќе мора да го притиснат тоа копче?

Одговор: Не. Дури и не сите од синовите на Исраел, т.е. од тие, кои се устремени директно кон Создателот. Сите учествуваат во притискањето на копчето, но тешко е да се рече кој во иднина ќе ја има водечката улога. Од една страна, човекот не може да напредува без лидер. Во секое поколение некој треба да ги привлекува и да ги води напред другите. А од друга страна, може да се случи да се појави нешто како Синедрион – група на луѓе кои се подготвени и способни во својата меѓусебна поврзаност да ја најдат таа посебна заедничка Сила, која ќе стане лидер. Не мислам, дека некој може точно да прогнозира. На крај на краиштата не е ни важно. Најважно е – ние одиме напред. Што треба – тоа ќе се случи. Незнаењето во дадениов случај не претставува проблем. Вака или онака, сите ќе учествуваат во процесот. И до самиот крај на поправката, до последното притискање сите ние ќе ја правиме пирамидата. Само Светлината на крајот на поправката ќе направи од линија кружница. Скалилата на духовната скала не се менуваат, и само откога целата Малхут ќе влезе во поправка, ќе дојде до Кетер и ќе се израмни со него, тогаш ќе исчезнат сите форми, освен кружницата.

Прашање: Во суштина ова копче претставува љубов кон ближниот?

Одговор: Да. Но преку љубовта кон ближниот ние се насочуваме кон љубов за Создателот – тоа мора да се помни.

Да се помине прашањето, за кое нема одговор

Прашање: Зошто ни се дадени токму „заповеди”, т.е. наредби, ако сè треба да се остварува според желбата и слободниот избор?

Одговор: Навистина, човекот ја прифаќа заповедта како наредба. И желбите исто така ни „наредуваат” да постапуваме на одреден начин. Ние заповедите ги извршуваме токму во желбите. Ако јас се обраќам некому со наредба, тој може да ја изврши или од страв, или за награда во овој или идниот свет – или затоа што така му е наредено. Значи, „заповед” е наредба, на која не се придржуваме од страв или заради надокнада. Ако пак јас се плашам од нешто или сметам на добивка, тогаш исполнувам договор, а не заповед. Ми се открила можност да добијам или да изгубам по воља на домаќинот, кој не ми дава избор, поставувајќи цврсти услови: „Ќе направиш вака – ќе заработиш, ќе направиш поинаку – ќе изгубиш”. И јас гледам, дека трет пат не постои, дека не можам да избегам. Можеби така ме воспитале, а можеби такви се условите.

Од друга страна, „заповед” значи, дека јас сум апсолутно слободен. Создателот е целосно скриен од мене, јас можам да правам што сакам, но сепак барам можност да ја остварам Неговата желба. Зошто? Нема одговор на тоа прашање. Сам барај си ја причината. Стравот значи принуда, наградата значи поткуп, и така тука нема ништо духовно. Зошто тогаш да ја извршувам заповедта? Нема зошто. Но само ненормален, или мало дете може да дејствува без било каква корист, не посакувајќи да го избегне лошото или да добие добро. Што да се прави? Треба да се бараат сили за дејство. Затоа што јас сум машина, која треба да се полни со гориво. И јас го барам горивото, без да имам одговор на прашањето: „Заради што?”

Кога човекот навистина доаѓа до верба над знаењето, нема зошто да ја извршува заповедта. За тоа е речено: „Закачил земја во празнина”. А човекот само бара гориво – само за тоа моли, тоа го бара. Потоа тој уште и се прикрива, за да не му покажат трепет или награда. Со други зборови, тој си прави скратување врз себе, несакајќи да го види Создателот, избегнувајќи сè што може да му попречи во слободниот избор на вербата над знаењето. Тука доаѓаме до точка, за која во нашиот свет не постои никаква пресметка, никаков пример. Затоа што во нашите желби, ние секогаш го избираме тоа, што ни ветува поголема добивка. Од таа централна точка понатаму започнува слободниот избор. Пред нас се поставува прашањето: „Заради што да дејствувам?” И тие, што се трудат да се протнат преку него, доаѓаат до духовните услови, кои се наоѓаат над ова прашање. А во нашиот свет нема зошто да се извршува заповед – тоа не ветува никаква корист од гледна точка на нашите денешни сфаќања, желби и вредности.

Игра со ластик 

Мислам, дека веќе можеме да стигнеме до нов степен, до ново чувствување. Чувството е следно: јас се наоѓам таму, во групата, во заедницата, во масата на пријатели. Ако јас чувствувам, дека испаѓам од таму, тоа значи зла склоност. Така Создателот си игра со мене: ме оддалечува од групата, небаре го растегнува ластикот – за да посакам да се вратам, и да Му викнам: „Што правиш!?” Секој пат, овој излез од заедницата одекнува во мене сè посилно, и јас викам: „Не го прави тоа! Врати ме!” Ваквите состојби, за чудо, го поврзуваат човекот со Создателот. Токму во отпорот тие ми овозможуваат да видам, дека Тој игра со мене преку злата склоност. Затоа што Создателот првично му рекол на Мојсеј: „Да одиме кај Фараонот”. Ете сега и јас чувствувам, дека се наоѓам во центарот на групата, а Тој „го оптегнува ластикот”, ме вади од таму. Тој ми дава соодветно чувство и јас веднаш реагирам и се враќам назад. Тој повторно ме вади надвор, а јас повторно реагирам. И тука е најважна мојата подложност на затегнувањето: колкав отпор давам во секој конкретен случај?

Ние почнуваме да играме и злата склоност станува за мене „помош против Создателот”. Јас ги изучувам Неговите дејства, кога Тој го пројавува моето зло и ме изнесува од кругот на пријателите. На крај, Тој ми ја открива кружницата, што го обиколува центарот – целата Малхут во секакви перспективи и детали на воспримањето. И јас секој нареден пат Му се прилагодувам во играта – поинаку се однесувам, се спротивставувам на друг начин. Но најважно е дека јас во случувањата ја идентификувам Неговата игра. Злата склоност е сила, која мораме да ја стекнеме како основа, врз која ние го откриваме Создателот. А каде на друго место да Го откриеме? Затоа, секој пат кога Тој ме извлекува од центарот на групата, со која јас се соединив, тоа излегување ми дава нова „територија”, на која ние со Создателот можеме да се разбираме, да се почувствуваме еден со друг – како партнери во играта. Во таа игра ние сме те противници, те непријатели, те пријатели. Состојбите и меѓусебните односи постојано варираат, менувајќи се во зависност од низата на соединувања и оддалечувања. Ние играме, и тоа не е само игра, туку игра на целиот живот.

Прашање: За да ја игра оваа игра, на човекот му е потребна некоја надокнада...

Одговор: Пред сè, зависта: ако престанам да играм, ќе заостанам зад другите. Овој стимул е многу едноставен и разбирлив. Не случајно е речено, дека зависта и честољубието го извлекуваат човекот од овој свет. Јас морам да се изедначам со пријателите. Тие се многу понапред од мене, веќе се таму, во давањето, а јас – не сум. Овие едноставни, природни стимули се вградени во секој.

За женските барања

Прашање: Во семејството најчесто се случува жената да има повеќе барања од мажот, отколку тој од неа...

Одговор: Така е секогаш, бидејќи женската природа се карактеризира токму со чувството на ненаполнена желба. Во тоа сопрузите не треба да бараат рамнотежа. Што доаѓа од природата, не се обвинува и не се пофалува. Неспорно, жената чувствува многу поголемо незадоволство. 90% од барањата произлегуваат од жената, додека мажот обично се оградува со обична фраза: „Остави ме на мира”. Така сме изградени, и токму со такви особини треба меѓусебно да се дополнуваме. Оттука станува јасно, дека на мажот и на жената им е доделена работа од различен вид.

Што треба да придонесува мажот? Бидејќи жената е подготвена да стори сè за него, да ја одржува врската, да обезбедува сè што е потребно – само тој да ѝ посвети внимание. На крајот на краиштата, таква е женската природа. Соодветно на тоа, од мажот се бара постојано да покажува природен, искрен однос, исполнет со топлина и грижа. За мажот тоа претставува тешка работа, додека за жената е релативно лесна. Бидејќи кога мажот ѝ покажува внимание на жената, кај неа се создава „гoриво” за секакви напори. На таков начин, мажот треба да покажува добар однос, а тоа му е тешко – а жената треба да извршува многу работи, и нејзе ѝ е полесно, ако таа го чувствува тој однос од негова страна. Такви се последиците на духовните корени, и тука нема што да се прави...

Од утринската лекција, 05.11.2012 на  Каб.ТВ

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica