Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

За што трба жената да размислува -28.02.2010

 

Прашање од студент: Каква намера треба жена да има додека го проучува Зохарот? Треба ли да се труди да сфати во себе за што зборува текстот? Треба ли да сака книгата да влијае врз неа? Треба ли да размислува за поврзување со други или да бара единство на мажите? Или треба само да се фокусира на поддржување на мажите и на ширењето на пораката, бидејќи учењето не е толку важно за жените?

Одговор од Др. Лајтман: Најважната работа за жена е ширењето на пораката. Но за да го прави тоа мора да знае што да шири, да ја чувстува важноста на ширењето, и да има енергија за тоа. Несомнено, за жена ширењето е единствениот начин да напредува. Инаку е како жена која не раѓа деца.

Улогата на жената во нашиот свет е да раѓа потомство, а улогата на мажот е да и обезбеди се што и треба за да раѓа. Тоа значи, мора да изгради куќа и да и даде се што е потребно, под услов да е за таа цел. Така сме направени и така постоиме. Жената е средишната точка околу која се друго се врти бидејќи таа раѓа, што е најважниот чин во нашето постоење на земјата.

Раѓањето во духовноста е проповедањето, бидејќи тој чин го олеснува духовното раѓање. Затоа е најважното нешто за жената. Меѓутоа, за да проповеда, мора да учествува во процесот на учење и да го проучува Зохарот. Но за неа, сето тоа мора да биде средство за проповедање.

Кај мажите, од друга страна, учењето, проповедањето, и најважно, единството, се сите средства за добивање на вистинската намера. Така машкиот и женскиот дел од созданието се надополнуваат.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica