Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Зависта не е порок

Прашање: Кабалистите ја вбројуваат зависта во особините, кои му помагаат на човекот да влезе во духовниот свет. Но всушност, што има да им завидувам на другите? Затоа што секој човек е уникатен и секој оди по својот пат. Зошто тогаш туѓата уникатност треба во мене да предизвикува завист, и да ми дава сили во мојот пат?

Одговор: Јас со намера ги активирам во себе зависта, страста и честољубието. Не станува збор за човек од улица, кој им завидува на туѓите успеси и сака почести. Во просторот на овој свет ние завидуваме на ситници и страсно посакуваме неважни работи. Но јас напротив, го земам само тоа што ми е потребно за животот, а останатото воопшто не го погледнувам. Снабдувајќи се со неопходното, јас се оформувам за духовна работа и веќе во нејзините рамки ги активирам инструментите, како што е зависта. Бидејќи поинаку нема со што да се движам напред. Зависта, страста и честољубието - тоа се три егоистички пристапи, без чиј пламен работата се успорува. Токму тие ме изведуваат од овој свет, исто како и од световите БЈА во светот Ацилут.

Затоа, ако јас сакам духовно да работам, тогаш ја гледам работата на другите и ја наведнувам главата пред нив. Тогаш тие стануваат големи во моите очи: тие се многу понапред, веќе го достигнале крајот на поправката – и јас им завидувам. Ако пак, не им завидувам, тогаш сум изнемоштен и не можам да мрднам од место. Целокупната сила за напредувањето јас ја добивам од својот егоизам. Правилното движење со правилната намера, т.е. формата, преслечена во материјал, ми ја носи Светлината; а самиот материјал, со чија помош јас се искачувам – тоа е моето его.

Прашање: Како од зависта да се зачува правилната намера?

Одговор: Токму врз зависта, страста и честољубието се гради намерата. Зависта ја претвораш во љубомора за Создателот, честољубието - во Негова слава, страста – во побуда за спојување со Него. Ако е поинаку, тогаш што поправаш? Што градиш: воздушен дворец во облаците?

Прашање: Сепак, кога се предавам на зависта, ме распламнува нејзиниот оган...

Одговор: Не, ти си дозволуваш да ја пробудиш зависта, страста и честољубието само после смалувањето – веќе не за себе, туку за да го сфатиш, одредиш „работниот простор”. Сè се задржува под контрола – инаку не смее ниту да се започне. Кратко речено, обиди се. Не плаши се да паднеш во завист. Почни да работиш на тоа. Дај Боже да им позавидиш на пријателите – тоа ќе биде добро. Зошто ние немаме друга движечка сила. Кога би живеел сам, без опкружување, тогаш би бил како животно. И обратно, ако опкружувањето ме распалува, постојано покажувајќи дека пријателите го имаат тоа, што мене ми недостасува, - благодарение на тоа јас напредувам во животот. Потребно ми е само посебно опкружување, кое дава добри примери, на кои јас ќе им завидувам.

Од утринската лекција, по статија на Баал ХаСулам, „Мир во Светот“ – 12.09.2012,  на Каб.Тв

Чинија за среќа, искршена со намера

Прашање: Како да не наштетам со своите дејства, бидејќи сè уште немам правилна намера за давање и дејствувам со неправилна намера?

Одговор: Најважно е дека вложуваш напори за да ја достигнеш правилната намера. Да речеме, мало дете сакало да ја почести мајка си, и ѝ носело чинија, но ја скршило попат. Неговата намера била добра, правилна – значи тоа направило добро дејство, иако чинијата се скршила! Но никој не ја гледа чинијата, сите ја гледаат неговата намера. Од каде да знаеме зошто таа се скршила, и што требало тоа дете да научи на овој начин?

Ние пак, ги гледаме своите желби, и мислиме дека според нив Создателот ни суди. Тоа воопшто не е така, Тој суди според нашите намери. Зошто веќе однапред се знаело дека ти ќе ја искршиш чинијата. Нема никаков проблем во тоа, бидејќи веднаш било јасно, дека ти не си способен да го извршиш тоа дејство правилно. Но најважно е да работиш над својата намера. Преку духовниот филтер поминуваат само намерите, додека дејствата, т.е. промената на желбите и нивната реализација, остануваат од другата страна на екранот. Предвид се земаат само намерите! Јас вложив толку напори, направив илјада различни работи, но преку мрежата на филтерот поминале само моите намери. Од страната, од која јас се наоѓам, можам да работам како ненормален – тоа не е важно!

На духовниот екран ќе бидат покажани само моите намери. Затоа ние не разбираме што се случува. Ние толку многу направивме, но каде се резултатите?! Меѓутоа, треба да се види, дали тие дејства биле пропратени со правилна намера или не? Можеби не си вложувал намера, а тоа значи – ништо не си сторил! Токму тоа е она, што му останува на човекот, кога ќе заврши неговиот живот. Светот го населуваат седум милијарди луѓе, но колку правилни намери од сите нив поминуваат преку филтерот и се вклучуваат во духовното конто? Нула. За тоа е речено: „Дојдов Јас, и не најдов ниту еден човек”. Тоа означува намера, а не физичко дејство. Духовниот филтер прочистува сè што се случува, и ја остава само намерата. Се добива чиста и убава слика, небаре ништо не се случува во овој свет.

И не е страшно, дека сè уште не умееш да ја достигнеш правилната намера. Најважно е – колку напор си вложил, обидувајќи се да се задржиш во неа во услови, кои не зависат од тебе. Можно е тоа да било веќе испланирано, дека ти мора да згрешиш. Зошто ти не си сам – мораш да се вклучиш во заедничката мрежа, во која дејствуваат различни услови. Односно, резултатите не зависат од тебе – туку само напорите. Затоа оној, кој гледа на нашата реалност со очи на намерата, почнува да гледа сосема поинаков свет. Тој се приближува до сликата на духовниот свет – светот само на намерите. Сите желби се за намерите, со намерите се определуваат работите, и соединувањето се одвива во намерите. Сé се проценува само според намерите – колку се тие силни и чисти, колку има во нив замешано нечистотија. Намерата е производ од дејството: негово повнатрешно скалило или негов резултат. А самото дејство не треба да се разгледува.

Од утринската лекција по Книгата Зохар – 12.09.2012,  на  Каб.Тв

Каков свет ќе видиме зад филтерот на намерата?

Прашање: Како да се задржиме во правилна намера?

Одговор: Вложувај напори во однос на групата, учењето, пријателите, целиот свет, за да се потрудиш да ја зачуваш намерата. Како да твојата намера е затвореник во затвор, кој ти постојано го чуваш за да не избега. Или како бебе, за кое многу се грижиш и постојано го негуваш. Треба на тоа да се концентрираат многу сили. Но, ако гледаме на светот како на последица од намерите, сфаќајќи кои намери преминуваат на духовното конто, а кои не, тогаш од овој свет нема речиси ништо да остане. Така изгледа тој свет од духовното. Ни се чини дека на Земјината топка има толку случувања, толку различни настани и ситуации, делуваат толку многу луѓе, но сето тоа само за да се разочараме од целата таа мешаница и брзаница, и да дојдеме до сознание, дека светот е управуван од намерите, а не од физичките дејства што ги гледаме.

Намерата е резултатот на дејството, кој е посакуван од мене или заради кој јас тоа дејство сега го извршувам. Но ако станува збор за намерата, тогаш веќе не се подразбира едноставно физичко дејство, туку се зема предвид природата (карактерот) на дејството, неговата внатрешна насоченост – кон кого е насочено, во чија корист. Намерата веднаш те поврзува со внатрешната природа на дејството. И само желбата може да претставува дејство. Јас можам тивко да седам во фотелја со цигара и чаша пиво, а внатре да извршувам многу сложена работа, стремејќи се да ги соберам своите мисли и желби, кои се разбегани на сите страни и кружат во затворен циклус, и да ги насочам во правилна насока. Ако го гледаш човекот преку таков филтер, тогаш ќе видиш во каква состојба тој навистина се наоѓа. Тогаш ќе видиш, дека тој извршува духовна работа. Ако пак, се гледа само дејството, како тој седи во фотелја со цигара и пиво, тогаш може да се помисли дека тоа е само безделник, кој бадијала го троши времето.

Од утринската лекција по Книгата Зохар, 12.09.2012,  на Каб.Тв

Разгорувајќи пламен од искрата

Нашата работа се состои во тоа, да ја достигнеме совршената желба. Првата желба му се дава на човекот од Вишото, од Создателот, како што е кажано: „Јас сум прв”. Тоа е искра, која се нарекува „точка во срцето”, стремеж кон нешто повисоко, тежнеење, привлекување. Благодарение на некој навидум случаен настан, човекот ја добива својата прва желба кон духовното и почнува да напредува. А потоа, целата негова работа се состои во тоа да моли, таа желба малку да се зголеми: за четвртина, за третина – уште и уште, додавајќи кон своето напредување. Човекот поточно разјаснува што се нарекува напредување, сè додека не сфати дека тоа е стремежот за давање, излегување од себеси во пресрет на ближниот, самопоништување.

Така тој секојпат моли, сè уште апсолутно егоистички, без да сфаќа за што точно треба да моли. Потоа почнува повеќе да го сфаќа тоа, но го крие од себе. Сè додека конечно не се согласи и е подготвен малку да попушти, да се покори (наведне) и да се соедини со другите, да излезе надвор од себеси, и да почне да живее внатре во нив. Тој веќе малку подобро разбира што значи правилна молба, која треба да произлегува од најголемата длабочина на срцето, за да се крене над себеси и да жртвува сè да се залепи до Вишиот, и да престојува во него како фетусот во водите на мајката. Така тој се чувствува себеси внатре во групата, во целото човештво, внатре во Создателот. Бидејќи тоа е постојан процес: „од љубовта кон суштествата - до љубов кон Создателот”, сé додека човекот правилно не се насочи себеси, и не ја достигне вистинската молитва. Од небесата не одговараат на четвртина, третина, на дел од молитвата, туку само на целосна. Но секојпат му помагаат на човекот да се приближи кон таа совршена молитва. И кога тој навистина ќе ја достигне целосната молба, крикот, тогаш ќе му се открие. Тоа се нарекува „Јас сум последен!” – сè започнува и сè завршува Создателот. На крај, со помош на многубројните дејства, човекот го достинува одговорот на својата молитва.

Од утринската лекција по Книгата Зохар, 12.09.2012, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica