Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Задача на човекот е да надмине сè

Од статијата на Рабаш Половината од парата – е во работата”: Постојат два вида на заблуди, кои го принудуваат човекот да ја напушти духовната работа. Бидејчи кога тој стапнува на патот на вистината, од Вишото му ја откриваат неговата ништожност, и што повеќе тој совладува, толку повеќе му го оптоваруваат срцето со егоизам, за во тоа место да направат откривање на Светлината, која враќа кон Изворот. Нема Светлина без сад, и затоа со помош на оптоварувањето на срцето се открива потребата за негово откривање. И само Создателот знае, кога ќе се собере целосна и доволна мерка. Понекогаш човекот бега, бидејќи мисли дека доволно се молел, но Создателот не му обрнува внимание. Меѓутоа, не треба да се сметаш себеси за ништожник, кој не е достоен за помош од Создателот, бидејќи за тоа е речено: „Голем е Создателот, и само ништожникот ќе го види Него. Понекогаш, пак, човекот го напушта патот затоа што се лути, дека веќе многу учел, направил голем број добри дела и се издвојува од другите, но Создателот сепак не сака да му одговори. Меѓутоа, задачата на човекот е да надмине сè.

„Задача на човекот е да надмине сè .” Тоа значи, дека од сите насоки во секоја смисла, да се придржува на директната линија, по која треба да оди, за да ја достигне целта. Таа линија е како канал, ограничен од двете страни. Од една страна, во однос на неговиот егоизам: со чувствување на сопствената ништожност, со свое омаловажување. Од друга страна: со неговата верност на групата, со верба над знаењето, над неговиот ситен, животински разум, кој не дозволува да се види следната состојба, вишото скалило. Така човекот ќе напредува.

Во сите групи постојано се појавуваат проблеми – доаѓаат луѓе, кои не се согласуваат со тоа што се случува, и сметаат дека треба да се напредува на поинаков начин. Некои постапуваат така, бидејќи едноставно по својот карактер се „алтруисти” или филозофи, и не припаѓаат на вистинскиот пат на поправката, не поседуваат точка во срцето. Тие доаѓаат и почнуваат да воведуваат свои правила, мислејќи дека сè треба да се прави обратно. Затоа што тоа, нормално, противречи на нивната егоистичка природа. Има различни случаи, понекогаш човекот така работи, бидејќи сака да владее, и не може да се воздржи, сè додека не стекне малку знаење и ја сфати методиката. Но за тоа ќе требаат години, понекогаш 15- 20. Тогаш човекот не е способен да ја вложи „половина на парата” што му е доделена, половината работа, за другата половина да ја доправи Создателот, туку смета, дека самиот може да направи револуција во својот живот. Тоа е глупава ароганција, но честопати е невидлива со голо око, затоа што човекот во овој свет прави сè согласно со својот земен ум и чувства. Но ако тој, со истиот тој ум и чувства почнува да пристапува кон духовната работа, тогаш тоа е сосема наивен и детски пристап. Тој се обидува да работи во однос на системите спротивни на него, од кои е апсолутно отсечен, и дури не знае во каква форма е спротивен на нив. Уште ако притоа тој почнува да се гордее, тогаш, за жал, прави штета не само на себеси, туку и на другите. А на крај, тоа му се враќа како бумеранг, и го удира или во овој живот, ако тој сè уште живее, или во следните циклуси.

Човекот треба да има на ум дека целата штета, што ќе ја направи на опкружувањето, повеќекратно ќе се зголеми и ќе му се врати! Затоа групата треба да се чува од такви луѓе, веднаш по откривањето на таквите девијации. Обично ова се случува, ако во групата нема силно раководство, или ако групата од некои причини не сака да разменува информации со другите групи. Затоа другите не знаат што се случува во неа, и не можат да ѝ помогнат, да ја зацврстат. Тие луѓе, кои поседуваат силен егоизам, и од наивност сметаат дека знаат што треба да се прави, почнуваат да дупчат дупка во заедничкот чамец, изложувајќи ја на опасност целата група. Тоа на крај може да доведе до големи проблеми во напредувањето. Затоа, сите групи се обврзани апсолутно отворено меѓусебно да го споделуваат она, што се случува во секоја група. Сè треба да биде познато, како во едно заедничко семејство, како во еден организам.

Фино подесување за давање

Ако јас, од самиот почеток, дури да е и вештачки, „се докажувам” пред пријателите, ако ја наведнувам главата пред групата, иако само на материјалното ниво, со тоа јас се подготвувам себеси да го откријам срамот од своите егоистички недостатоци, и да се задржам во тоа чувствување. Ќе можам да го поднесам и да го „сварам”, нема да се поистоветам со него, ќе бидам благодарен за него. Затоа што срамот правилно ме афирмира пред Создателот. Слично на финото подесување, кое овозможува да се фати потребната фрекфенција. Колку е поголем мојот срам, толку поточно јас се подесувам кон тесниот појас на опсегот – токму на тој, што води кон Создателот, кон особините кои сакам да ги добијам. И сликата не се шири пред мене, туку напротив, исклучително се фокусира.

Договор со Создателот

Прашање: Вие рековте, дека нам ни недостига единство на намерите за време на читањето на книгата Зохар. Што тоа значи?

Одговор: Ние работиме на поправките, а поправката е произведена од истата сила, која нè создала нас. Таа сила се нарекува „Светлина, која враќа кон Изворот”. Таа создала, разбила и расипала сè намерно, за од тие посебни грешки, во кои ние престојуваме, да можеме да го сфатиме и достигнеме совршенството. Но, за да почнеме да се возвишуваме над нашата расипаност, потребна ни е сила, која ќе ја изврши таа работа врз нас. Таа сила доаѓа само под услов, ако ние претходно посакаме да се поправиме, ако почувствуваме потреба од нејзиното дејство. И тогаш, точно според нашата потреба – според количеството и квалитетот, таа дејствува. Односно, ние треба однапред да знаеме, какви поправки таа сила ќе изврши врз нас. Но ние не знаеме какви поправки ни се потребни, како тогаш ќе можеме да ја предизвикаме таа сила? Затоа нам ни даваат во нашата состојба игра која ние ја играме: во соединувањето, во единството, во меѓусебното зближување, во дискусиите – небаре сме поправени, небаре сакаме да бидеме поправени, небаре сакаме да се соединиме и така натаму.

Ако ние се стремиме кон тоа во играта, а од нас не се бара повеќе од тоа, ако сепак го остваруваме тоа барем во некоја врска со поправката, тогаш Светлината дејствува врз нас. Постои таков договор: „Јас го правам тоа „божемно”, а Ти го правиш тоа навистина”. Нижиот треба да повикува, а вишиот како одговор на тие повици носи поправка. Така е поставен редоследот на скалилата – на секое скалило. Ако е тоа така, тогаш што треба ние да правиме? Сите наши молитви треба да бидат само за наше соединување, бидејќи токму тоа е поправка на разбивањето. А соединувањето, кое јас сакам да го остварам, е за да дознаам дека не сум способен за тоа, и дека ми е потребна Виша Сила, која тоа ќе го изврши. Значи, од една страна јас се стремам кон соединување, додека од друга – знам дека без Вишата Светлина нема да можам тоа да го остварам. И тогаш Светлината доаѓа и извршува. Тоа е целото дејство. Односно подготовката за добивањето на Тора е потребата за дејството на соединување. Самата Тора е метод на соединување, а Вишата Светлина е сила која соединува. Освен ова нема ништо.

Од утринската лекција според статија на Рабаш, 28.10.2012  на Каб.ТВ

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica