Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Заедно ќе излеземе од духовното прогонство

21.07.2010

Прашање: На претстојниот Мега- конгрес многумина за првпат ќе се соочат со таква сила, желбата како "светска група", " заедничко светско кли'. Зошто мене ми е толку важен човекот кој ја изучува кабалата некаде во Киев или во Нов Зеланд?

Тоа знаење мора да се распространи врз целото човештво, како што е речено: " И сите ќе Ме спознаат, од мало до големо". Тора беше дадена за тоа да ги исправи сите души, и народот на Израел бил само преодна алка, како што пишува Баал ХаСулам во статијата "Заемна одговорност". Исправувката мора да се оствари во целиот свет – но Израел мора да е првиот. Исправувањето започнува од Израел, се открива тука и се прелива надвор од неговите граници, исполнувајки го со себе целиот свет. Такви средби покажуваат колку овој метод е наменет за секого, за сите народи, бидејки само тој е способен да ги соедини сите луѓе во една целина, без оглед на материјалните, овоземни разлики, националности или раси, пол и секакви менталитети.

Бидејки кон "точките во срцата" со кои начелно сме поврзани во духовниот систем ние само ги додаваме нашите желби за да ја зајакнеме таа врска. Јас не избирам со кого треба да се соединам! Јас сум веќе поврзан со својата "точка", душата со кој треба. Врската се разби само во нашите осети – ние не сакаме да бидеме сврзани, но реално таа постои! И нам ни е потребно само да ја откриеме, лично да учествуваме во неа. Затоа потребно ни е да ги пробудиме сите во целиот свет. Токму таквите конгреси покажуваат колку сме блиску до вистината.

Бидејки ако ние го распространуваме методот на исправување, човекот што ја поседува "точката во срцето" ќе не разбере и ќе не осети, тој ќе се обедини со нас на исто ниво, во сите дејства. Во таков случај сите народи се соединуваат кон заедничкото исправување. Тоа и се нарекува целосно ослободување (геула шлема) од духовното прогонство. Целосно – не само како некогаш се случувало со народот на Израел, тука на сите народи. Науката кабала е напишана за нашето поколение, и целата историја доаѓа до финалето на својот развиток. Народот на Израел мора прв да го оствари тоа исправување и да им ја пренесе светлината на другите народи. И ако ние нема ја ја остваруваме својата мисија, не се исправуваме себеси и целиот свет – тогаш предизвикуваме омраза на сите кон нас. А распространувањето на кабала во целиот свет се нарекува " Зовот на трубата на Машиах". И само што излегуваме во светот со овој метод на исправување, ние веднаш откриваме како одговор топол и добар однос, наместо омразата – љубов.


Стремејки се кон брзината на светлината

Единствено врз што можеме ние да влијаеме – тоа е брзината на нашиот развиток, промената на состојбите. Животното не се менува, а кај човекот од ден на ден расте желбата. Од почеток во нас со векови ( циклусите на животите) расте егоистичката желба. Нејзиниот раст не зависел од нас. Но сега нам самите ни е потребно да учествуваме во градењето во себе на новите желби – желби за давање. И на тоа ние веќе можеме да влијаеме со своите напори – менувајки ја брзината. Но од таа брзина исто така зависи и чувствувањето на тоа во кој правец ние напредуваме, како го воспримаме тоа напредување – како посакувано или не.

Ако ние не ја посакуваме таа промена, значи се движиме по патот на страдањата.Но ако ја посакуваме – тогаш по патот на светлината. Но освен брзината на напредувањето ние ништо повеќе не можеме да промениме. Во тоа нам ни помага опкружувачката светлина, која ние ја привлекуваме за време на изучувањето и преку групата, самоанализата. Брзината на остварувањето зависи само од обединувањето на нашите желби.

Затоа е речено: " Ќе направиме и ќе слушнеме!" – дејствијата ние можеме да ги остваруваме дури и неразбирајќи ги внатрешните детали. Но дејствувајки од почеток не со својот разум, како деца, - ние како резултат добиваме знаење и осет. Веќе после неколку месеци човекот почнува во себе да ги разликува промените и семожните состојби. И тоа е последица на изминатиот пат – но што точно тој изминал, не го знаел тоа од порано. Треба само да се исполнат советите на кабалистите за тие промени да поминат во нас колку што може побргу.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica