Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Заемната гаранција е едноставна

Сето наше поправање е со цел да се постигне поврзување на сите скршени садови. Така ќе го поправиме општиот сад. Ова поврзување треба да биде совршено, посебно и разновидно. Не составуваме сложувалка, дводимензионална слика. На крајот на краиштата, од кршењето сфаќаме дека садовите биле споени еден со друг, и не постои скршен дел кој не ги содржи сите други садови. Затоа, секој дел е разделен од целината бидејќи ја изгубил природната способност да биде со други. Тоа е скршениот дел во него. Сега со помошта на горната Светлина, треба сам да ја стекне способноста.

Во минатото знаев дека сум поврзан со неколку делови околу мене, исто како обична сложувалка. Морав да се согласувам само со оние кои беа до мене, и тоа ветуваше дека е добро за нашата „област“. Но сега сé е поинаку, сега сум вклучен во сите. Тоа значи дека мора да земам учество во поврзувањето меѓу сите, во поврзувањето меѓу било кои два различни дела. Само помислете за каков механизам зборуваме: Сите негови делови се интегрално поврзани меѓу себе, во сета нивна различност, во сите оддели, во секоја насока. Сé уште не можеме да замислиме како е возможно такво нешто. Со цел да можеме да го започнеме тој собир кој вклучува мерења, емоционална перцепција и заедничко учество во милијарди опции; оваа идеја ни е дадена во облик на закон на заемна гаранција, кој мораме да го чуваме дури и на најниското ниво. Всушност, како за почеток, не мора да сум во контакт со другите делови, кои не се седум милијарди туку бесконечен број, бидејќи сите се вклучени еден во друг, затоа што секоја врска со некој друг веднаш се претвора во светот на Ејн Соф (бесконечност).

Законот на заемна гаранција, обликот во кој кабалистите ни го донеле методот на поврзување, е едноставен метод кој лесно се исполнува, и кој ни овозможува да извршуваме едноставни постепени дејства на нашиот пат кон поправањето, без да бидеме збунети. Денес не можеме да се справиме со нашиот внатрешен „механизам“, кој ќе го постигнеме подоцна, според принципот „ќе те знаеме според твоите постапки“. Наместо тоа работиме со пристапни, надворешни работи кои може да се идентификуваат со цел да напреднеме. Ова е заемна гаранција: не влегувајќи во внатрешните работи, што би можело да ме спречи од поправање на себеси и на светот. Треба само да бидам одговорен за тоа што се случува меѓу нас. Треба да гледаме на методот на заемна гаранција како на прекрасна можност. Кабалистите намерно ни го донеле методот на поправање во толку едноставен облик.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 6/06/12 „Арвут (заемна гаранција)“

Кого треба да обвиниме?

Баал ХаСулам: „Арвут (заемна гаранција)“: Кажано е за постапките на поединецот од Израел дека му пресудува целиот свет според заслуженото.

Прашање: Што значи да му се пресуди светот според заслуженото?

Одговор: Значи дека се грижам за луѓето и не обвинувам никој друг освен себе, и како своја одговорност го земам тоа да ги поправам. Секако дека е потребна горната Светлина за да се направи тоа, но јас сум тој кој ја крева МАН и ја врши целата работа која ќе го поправи светот. Ако навистина го гледаме светот со сите негови ужаси, што се случило и што допрва ќе се случи, тогаш мора да признаеме дека расипаната желба за примање вака се однесува бидејќи е скриена. Можам да ја поправам, малку да ја осветлам со Светлината која поправа. Ваков треба да ми биде ставот кон сé што се случило во светот, почнувајќи од антички времиња па сé до денес.

На овој начин кабалистите го гледаат ова. Затоа, ним им е тешко да се поистоветат со јавноста, со религиозните луѓе кои ги колнат сите злосторници во светот низ историјата. На крајот на краиштата, сите овие се „марионети“ кои ја исполниле општата желба на човештвото да прима. Што може да се направи кога Светлината е спротивна на садот и нема Масах (екран) меѓу нив, иако веќе треба да има, кога не постои систем кој ги балансира, кога нема „адаптер“? Кога Светлината и садот се приближуваат еден кон друг, создаваат „краток спој“ меѓу нив, кој е причина за војните и другите катастрофи. Ова е затоа што се открива темнината, амбисот меѓу двете спротивности. Кога кабалистот го гледа ова, тој ја разбира причината за сé што се случува. Се обидува да направи што може, но исто така гледа дека нема поента да ги обвинува никаквеците за нивните постапки. Не смееме да се молиме за смрт на грешниците, туку за тоа да се поправат.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 6/06/12 „Арвут (заемна гаранција)“

Почеток со групата

Прашање: Како можам да воспоставам став кон негативните страни на животот, и покрај природните чувства кои ги предизвикуваат?

Одговор: Ако беше дел од група кон сé би пристапувал правилно, во секоја состојба, на секое ниво. Треба да се потчиниш на групата, да ги гледаш пријателите како најголеми во нашата генерација и да се поврзеш со нив за да создадеш колективна сила на заемна гаранција. Со оваа колективна сила, а не сам, треба да почнеш да ги разјаснуваш работите. Ова веќе е моќта на дарувањето, моќта која е слична на Светлината во нејзиниот атрибут. Ова треба да биде почетната точка. Ако го почнам патот сам, во која насока да одам? Назад во моето ѓубре? Не, треба да се свртам кон Светлината со тоа што ќе бидам до неа.

Прашање: Зошто не можеме од еден обид да ја завршиме работата?

Одговор: Да беше сé толку едноставно, што ќе правеше во животот? Пророците велат: „Тој ден, гревот на Јаков беше посакуван и исчезна.“ Ова значи дека ќе бараме гревови и нема да ги најдеме бидејќи нема ништо за поправање, и тоа е исто така голем проблем. Љубовта не може да постои без малку немири. Секогаш било така. На крајот, ако правилно се поврзам со пријателите, сé завршува тука, бидејќи со тоа правилно чувствувам и перцепирам сé што се случува и правилно се поврзувам со мојата состојба, со Светлината и со поправањето. Најважното нешто за мене е да се стабилизирам во рамките на групата. Овој пристап е правилен за сите, и за ветераните и за новите студенти.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 6/06/12 „Арвут (заемна гаранција)“

„Адаптер“ за поврзување со Светлината

Баал ХаСулам: „Арвут (заемна гаранција)“: Ова се зборовите на Рабин Елазар, син на Рабин Шимон, кој ерче дека светот е осудуван од мнозинството. Ова се однесувало на улогата на израелскиот народ да се квалификува светот за одредена мерка на чистота, сé додека не станат достојни за врз себе да ја земат Неговата работа, не помалку од колку што Израел беше вреден во времето кога ја примиле Тората.

Погрешно е да се замисли „светот“ како желба за примање која не може сама да извршува дејство. Не е така. Делот од Израел во светот е едноставно сличен со главата на Парцуф, на првите три Сефирот (ГАР), и мора да функционира како „адаптер“ меѓу Светлината и желбата за примање. Парцуфот се дели на пет дела: Кетер, Хохма, Бина, Зеир Анпин и Малхут. Светлината живее во садовите на Кетер, Хохма и Бина и тие се приспособуваат на неа. Со тоа што се истата желба за примање, тие ја содржат Светлината и извршуваат Цивуг де Хака’a (спарување со удар) со неа и ја предаваат на садовите што примаат, на Зеир Анпин и Малхут (ЗОН). Затоа е невозможно да се функционира без садовите на Кетер, Хохма и Бина. Тие се врската и се многу важни бидејќи без нив врската би била загубена. Од друга страна, целата на процесот е садовите на ЗОН, чија работа е да ја кренат молбата за поправање (МАН) до садовите на дарување (ГАР), да бидат нивен составен дел и да им се придружат.

Двата дела заемно си помагаат. ЗОН им помага на садовите на ГАР да ја исполнат нивната улога како врска, а ГАР ги буди садовите на ЗОН и ги носи до методот на поправање кој им е потребен на садовите што примаат за да се поврзат и да станат составен дел на садовите на ГАР. Така „нациите на светот“, оние кои немаат искра на дарување, вршат важна работа кога се поврзуваат со садовите на првите три Сефирот. Истото се случува со нас: Како можеме да ја привлечеме Светлината ако не сме биле поврзани со Рабин Шимон, со Баал ХаСулам, со Рабаш и со другите големи кабалисти, или со други зборови, со Парцуфим, Сефирот, со духовните нивоа? Се поврзуваме со нив за да примиме моќ од нив, за да дејствуваат врз нас и да нè обединат. Кога читам кабалистички текст, се обидувам да се поврзам со неговиот автор. На крајот на краиштата, тој е горниот за мене и преку него тече моето поврзување со Светлината. Не се работи за одредена личност што некогаш живеела; сакам да се поврзам со изворот на Светлината, и сум привлечен кон врската, кон духовниот механизам преку кој продолжува поврзувањето.

Кога ги развивам моите духовни садови заедно со Масах (екран), кога ќе можам да се поврзам со духовниот свет, ќе го видам кабалистот во неговиот духовен облик, како Парцуф. Сега тој е авторот на статијата или авторот на книгата за мене. Ова е уникатноста на нашиот свет: тука може да користиме текстови кои сé уште не ги разбираме, и можеме да се поврземе со духовноста преку такви надворешни направи. Кабалистот ме поканува, се грижи за мене, а јас се трудам да се држам до него, и така сме во врска на заемна гаранција. Што се однесува за „нациите на светот“, и тие нема наеднаш да го примат поправањето. Нивната улога е да се вклучат, да помогнат, да бидат дел од садовите на ГАР. Ова е многу сериозна работа благодарение на која им се открива Хохма. Целата Светлина ја откриваат тие. Иако според спротивната вредност меѓу Светлините и садовите, прво се открива само во садовите на ГАР и само во моментот, на патот кон крајот на поправањето. Подоцна сé е исполнето со една едноставна Светлина, како што е кажано „и тие ќе ме знаат од најмалиот до најголемиот.“ И тука нема да има ни едно зрно желба која нема да прими целосно исполнување. Бидејќи сите зрна се вклучени едно во друго, секое од нив, секоја поединечна душа постигнува Ејн Соф (бесконечност).

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 6/06/12, „Арвут (заемна гаранција)“

Надминување на јазичната бариера

Прашање: Во еден од градовите наидовме на ситуација каде половина од населението зборува руски а другата половина го знае само локалниот јазик. Кој јазик треба да се користи за учење на интегралниот метод? Треба да ги поделиме луѓето врз основа на јазикот или да ги споиме?

Одговор: Ова е навистина типична ситуација. Делењето на луѓето дефинитивно е лошо, но е неопходно во однос на учење на материјалот. Ако интегралниот метод е претставен во вид на видео, може да понудиме преводи. Главниот, основен јазик е рускиот, со превод одоздола. Но во никој случај не треба да ги делиме луѓето; треба само заедно да продолжиме со учењето на два јазика. Секој треба да зборува на кој јазик сака и му е удобно, додека во исто време се обидува да ја неутрализира јазичната бариера. Со други зборови, игнорирај ја, пробај да се разбереш со другите, и остварувај контакти со другите најмногу што можеш. Атмосферата треба да биде пријатна и сосема еднаква.

Прашање: Ако земеме предвид дека знаењето е второстепено за интегралните процеси, не е важно колку добро зборува личноста. Тоа што е поважно е чувството на единство.

Одговор: Работата е тоа што човекот треба да сфати дека процесот кој му се нуди е неопходен процес бидејќи не постои ниеден друг начин да се надмине кризата. Затоа, постојано треба да го убедуваме дека не постои друг метод за решавање на кризата. Затоа, тој треба да асимилира и впие извесно знаење во себе. Затоа сепак треба да го исполниме со извесни основни факти.

Од КабТВ „Експериментален град: Воспитување“ 3/3/12

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica