Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Закон за компензација на насладувањето-страдањето

26.12.2010
Светот е полн со проблеми, и ние, од генерација во генерација колку и да се обидувавме да ја поправиме својата положба, тоа не ни успеваше. Науката кабала објаснува зошто нè следат сите овие проблеми и неволји: тие се обидуваат да нè поттурнат кон правилен развој за да се кренеме над нашиот егоизам и да преминеме во друга димензија – во особина на давање, кон друга сила, друго воспримање на светот, во царството на давањето - наместо царството на егоизмот. Затоа целиот наш развој е насочен само кон откривање на страдањето и ништожноста скриени во егоистичната желба.

И колку повеќе се обидуваме да ја искористиме, толку повеќе таа нè обесхрабрува, за да ни покаже дека нема да можеме да ја искористиме за насладување и да се наполниме, бидејќи примачката желба не може ништо да прими! Ние тоа не го разбираме и цело време ја повторуваме истата грешка. Но треба конечно да научиме дека не е можно да ја наполниме желбата егоистично – тоа е спротивно на законот на постоењето на желбата и Светлината.

Почнувајќи од Првото скратување (Цимцум Алеф) и понатаму, никогаш во историјата на реалноста не може да се случи: јас нешто да примам во својата егоистична желба и да се наполнам. А тоа што ни се чини дека ние се наполнуваме и се насладуваме – е само поради тоа дека ние го развлекуваме тоа задоволство кое го чувствуваме при средба со насладувањето пред тоа да исчезне.

Но за време на тие кратки моменти кога тоа се наоѓа во нас и ние го чувствуваме, потоа ќе треба целосно да го платиме со страдања кога ќе ја откриеме создадената празнина. Таа празнина се создава од силата на насладувањето и од времето на неговиот престој внате во желбата. Како на пример во нашиот свет: моќта е еднаква на напонот помножен со силата на струјата. Истото се случува и со насладувањето!

Јас можам да примам 10 грама насладување, но да го чувствувам еден час, и тогаш 10 г помножени со 1 час ќе ја дадат моќта на насладувањето. А можам да чувствувам 1 килограм насладување, но само 1 секунда – и тоа исто така ќе ја дефинира моќта. Затоа дури и целото насладување кое понекогаш ни успева да го почувствуваме потоа неизбежно ќе се претвори во страдање на испразнетата желба. Нам не ни успева да се наполниме во нашите егоистички желби бидејќи тоа е спротивно на природата на суштеството и на неговата цел.

Самиот ја одбираш земјата во која растеш!

Баал ХаСулам пишува во статијата "Мир во светот" дека секој човек во општеството е како тркалце во системот на целосен механизам на тркала, во кој посебно тркалцето нема слобода на движење. Тоа е вклучено во заедничкото движење на сите тркала во саканата насока за да го направи механизмот погоден за извршување на заедничката задача. И ако се случи некој дефект во тркалото, тоа не се разгледува како дефект на тоа едно тркалце, туку се проценува од аспект на неговата улога и намената во целокупниот механизам.

Првата станица на патот до успехот е да се постигне такво чувство дека сите сме поврзани, како запчаници и немаме никаква слобода на движење одвоено еден од друг. Јас не можам да се вртам ако не го направам тоа движење заедно со сите други. Ако пак се вртат другите – јас немам никаква можност да не се вртам заедно со нив. Затоа, само со општ договор може да се постигне движење, кое ќе биде пожелно за сите. Ако светот го открие овој закон - тоа навистина ќе претставува спас.

И ако ние го откриеме тоа во својата група, тогаш ќе можеме да ја пренесеме таа визија на светот. Тоа треба да претставува главна тема на нашето ширење, треба да се објасни ситуацијата. Но ширењето ќе биде најефективно ако ние самите ја откриеме меѓу сите нас оваа апсолутна, обврзувачка заемна поврзаност. Тоа треба да биде главна идеја за денес – на Денот на Единството, кој се спроведува од нашите кабалистички групи во целиот свет.

Ние се враќаме кон истата слика на поврзани запчаници, каде што ниту еден нема своја слобода на дејство. Сеедно какви илузии и заблуди има тој во однос на ова – но тоа е така. Затоа јас морам да се вклучам во група за да сфатам и почувствувам колку сум зависен и поврзан со другите, немајќи ниту едно слободно движење: ниту во срцето ниту во разумот. Во никакви желби или особини, мисли и планови. Сето што го посакувам, за што сонувам да го остварам или го правам – тоа конечно зависи од другите, и ништо нема да ми успее ако јас не постигнам со нив некаков зааеднички договор и согласност.

Свеста за меѓусебна зависност во групата, во општеството или во целокупното човештво – тоа е клучот за поправката на светот и поправката на човекот. Ако пак јас сум неисправен – од една страна тоа зависи од општеството, општеството ме расипало. Бидејќи човекот е плод на влијанието на општеството. Меѓутоа, зар не сум го одбрал јас самиот и не е во моја моќ на него да влијаам?! Човекот не може да се исклучи од општеството – ниту во добра, ниту во лоша смисла. Затоа, не може да се смета на поединецот, треба да се смета само на неговиот слободен избор, односно на тоа какво општество тој одбрал за своето растење.

Најголемиот изведувач на улогата на Создателот


Прашање: Секој човек посакува да биде единствен и да го реализира својот посебен корен на душата и затоа го плаши објаснувањето дека тој е само запчаник во заедничкиот механизам. Тој се плаши да ја изгуби својата индивидуалност во општеството.

Но зошто ти мораш да се изгубиш во општеството? Напротив ти можеш да станеш праведник кој се нарекува "основа на светот" – да даваш на сите и да го влечеш цел свет напред! Кој ти забранува тоа да го сториш?! За давањето не постојат ограничувања – повели, давaj! Но, ти се жалиш дека ти сметаат и не ти даваат да ги искористиш другите.

Се разбира дека никој не сака да дозволи да биде искористен. Но стани голем не во примањето, туку напротив во давањето – и никој нема да ти попречи. Може да се биде единствен во позитивна смисла, во давањето. Зошто тогаш ти е потребно задолжително да се разликуваш во негативна смисла, во егоизмот?

Секој сака да биде посебен – повели, биди! Реализирај се во духовното. Можеби човекот се плаши од изгледот на поврзаните запчаници и се замислува како робот или штрафче – но тоа е објективниот факт, слика што постои во Природата. Во Природата не може да постои добро или лошо – тоа е само констатација на фактот. Ти можеш да се согласуваш со него или не – тоа нема да ја промени реалноста. Само ќе си предизвикаш удари ако не сакаш да се согласиш со неа. Ти можеш да изјавиш дека не се согласуваш со законот за светската гравитација и да го негираш нејзиното постоење – повели, подоцна ќе гледаме, како ќе паѓаш од покривот.

И тука се случува истото – ние не сфаќаме колку цврсто сме поврзани еден со друг и се обидуваме да дејствуваме секој како што сака: секој влече на своја страна. А потоа забележуваме како сите страдаат – повторно и повторно, веќе илјадници години! Сега ние доаѓаме до состојбата кога нашето его пораснало до својот максимум во сите овоземни желби и нè поврза сите нас меѓусебно на целата површина на земјата. Но сепак ние не сакаме тоа да го признаеме и се обидуваме меѓусебно да се излажеме и да се искористиме! Но не сфаќаме дека со тоа секој си ги враќа истите страдања, кои им ги причинува на другите.

Ние тоа не можеме да го видиме, бидејќи ако тоа јавно би се открило и јас веднаш по причинувањето на зло некому на лице место би добил повратен удар – тогаш би дејствувал како животно кое не поседува слобода на вољата. Само би се маткал помеѓу ударите и насладувањата работејќи како машина кога законот на општата поврзаност би дејствувал отворено врз мене. Затоа законот се крие за да ми даде можност да го дополнам според сопствената воља!

Иако овој закон постои, но е скриен – јас можем самиот да го компензирам скривањето, како да е откриен! Бидејќи јас сакам тој така да дејствува – заемното давање да биде огромно и силно и да го надвладее примањето. Нека е тоа закон пропишан во сите книги, но јас сакам тој да се открие во пракса! Во тоа е мојата слобода на вољата.

Ми дале една бела дамка – тоа значи дека Создателот е скриен. А јас можам да Го извадам од скривањето и да ја пополнам таа бела дамка со Негово присутство. Тоа ќе биде мое лично присутство бидејќи јас ќе станам ист како и Тој. Јас ќе дојдам во местото каде што Тој се крие и ќе Го заменам! Како да сме партнери со Него и јас велам дека ќе ја завршам Неговата работа наместо Него, таму каде што Тој се скрил.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica