11.02.2011
Во статијата "Слобода на вољата" Баал ХаСулам пишува, дека човекот кој според замислата на Вишото управување е обврзан да живее во општеството, треба да ги извршува неговите закони. А законот на општествениот живот е: да се следи мнозинството. Но зарем тоа значи дека треба да се усогласиш со неразвиената, необразована, некултурна маса која е најбројна во светот?
Во многу земји и денес луѓето живеат исто како што живееле пред векови. Тие дури и не биле многу погодени од техничкиот напредок, научиле да ги употребуваат само неговите надворешни предности без да добијат некои внатрешни промени, внатрешна култура. Но законот "да се следи мнозинството" нè обврзува да се занимаваме токму со општа едукација на целиот свет.
Целиот свет треба да се крене на такво ниво, за да сите разберат дека само со сеопшто обединување се достигнува совршенството. И нема избор – невозможно е тоа да се инсталира насилно одозгора, со помош на некоја мала група на луѓе кои сакаат да направат револуција. Некогаш светот постоел поради моќта на лидерите – но тоа време завршило. Така можело да се проегзистира до крајот на периодот на прогонството. Но сега кога ние влегуваме во ерата на поправката, во ерата на "последната генерација" – невозможно е да егзистираме како порано.
Во најскоро време ќе видиме дека масите ќе станат одлучувачки во донесувањето на одлуки, додека шефовите на државите и владите ќе мораат само да го следат народот. Затоа што светот станал глобален. Затоа е неопходно да се вложат максимални напори за едукација на широките маси, за да без оглед на какво ниво тие сега се наоѓаат, се кренат до висината на Конечната Поправка. Всушност луѓето не треба да постигнуваат некои големи мудрости – тие само треба да знаат како правилно да се поврзуваат еден со друг.
Напротив, врската меѓу луѓето не се врши преку разумот – туку преку срцето. Тоа е мудрост на срцето. Законот "Да се следи мнозинството" значи дека ние треба да се обратиме на мнозинството и токму од тие обични широки маси ќе произлезат сите промени во светот, а не од тие кои ја имаат моќта, богатството, знаењето. Речено е дека "од децата на сиромашните ќе излезе Тора". Поправката зависи токму од тоа колку ние ќе го кренеме нагоре нашиот заеднички духовен сад (кли).
Нови правила на глобалниот свет
Од историјата гледаме дека ниту еден диктатор на крај на краиштата, не донел ништо добро за својот народ –само страдања. Иако на таков начин тие го туркале светот кон развој. Но денешната состојба воопшто не може да се споредува – ние живееме во глобален свет.
Порано светот постоел поради врвот на пирамидата, одделните личности надарени со неограничена царска власт, чии наредби биле целосно извршувани. Пред неколку векови таквиот владетел сè уште имал можност да донесе некоја корисна одлука. Но денес во глобалниот свет ако некој се обиде да го спроведе на дело своето лично мислење, тој ќе ја потврди сопствената глупост. Затоа што во глобалниот свет не може да донесува одлука само еден лидер, една влада, па дури и сите влади собрани заедно – ништо нема да помогне!
Потребно е знаењето на заедничкиот систем,но претседателот не го знае, тој е уште поголем егоист од другите (зошто поради тоа станал претседател). Затоа ниту еден лидер или влада сега нема да имаат успех – ќе ја добиваат власта, некако ќе се одржуваат неколку години и ќе паѓаат. Така ќе се случува во целиот свет.
Ќе видиме дека почнувајќи од сега и понатаму владите ќе бидат помалку значајни. Како сега во Египет, истиот ден ќе излезат милиони на улица – и владата ќе се сруши. Зошто тогаш владата не може да се заштити, каде е армијата? Тие ја немаат веќе старата моќ, тоа веќе не успева затоа што светот се манифестира како интегрален, глобален и народот долу веќе не прима покорно сé што горе го зборува лидерот.
Светот почнал да функционира според нови правила, а ние сé уште тоа не го сфаќаме. Никакви лидери нема веќе да ни помогнат, кого сакате поставете го на власт. Тие и во минатото го продвижувале светот преку страдања – но сепак го придвижувале. Но денес никаков напредок со помош на лидер нема да има.