Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Заради што работи мојата машина?

 

24.06.2010
Прашање: Што е тоа давање поради давање?


Давање поради давање – тоа е кога јас не го чувствувам насладувањето како наполнување на сопствените желби, туку го користам само како гориво, само за извршување на дејството на давање. По што тогаш горивото се разликува од насладувањето, бидејки единственото што постои – тоа е желбата за насладување ( кли) и нејзиното наполнување ( светлина)?


Ако јас го користам наполнувањето само за да ја извршам работата и да го наполнам другиот – тогаш наполнувањето за мене претставува само гориво. Ако пак се искористи, наполнувањето за сопственото задоволство - тогаш се смета дека јас се насладувам. Одговорете на прашањето: поради што работи вашата машина, смислата на вашите дејства, кој е добитникот на вашите напори?


Оди и ќе излезеш кај светлината


Од статијата на Рабаш "Суштината на давањето": " Постои правило, дека човекот вложува напори и го занемарува одморот, ако сака да постигне некоја цел и знае, дека без труд нема да ја достигне.
И ако човекот се занимава со кабалата и со внатрешната работа, значи дека кај него постои духовна потреба и тој се надева на таков начин да го добие посакуваното.
Затоа, пред да се започне работата треба да се размисли – што сакаш да добиеш со нејзина помош, т.е. каква награда очекуваш за својата извршена работа?

И кога почнува човекот да размислува за тоа, му надоаѓаат многу секакви мисли, и тешко му е да разбере што навистина тој посакува..."


Ние цело време се наоѓаме во такви сомнежи и збунетост:" А заради што сето тоа ми е потребно, и зошто јас со тоа се занимавам?" Човекот не ја знае вистинската причина, таа е од него скриена. И затоа многумина постепено престануваат да се задлабочуваат во размислувањата, бидејки тоа е бунар без дно, полн со сомнежи, на кои не им се гледа крајот. И колку повеќе јас во нив навлегувам, толку повеќе прашања се создаваат во мене – а во исто време покрај мене тече обичниот живот. И луѓето престануваат да се задлабочуваат во размислување и да го бараат одговорот.


Но зошто Создателот ни подготвил толку пресметувања, толку патишта и мисли "зошто, поради што и како?", од кои јас не можам да излезам, и колку повеќе размислувам – толку повеќе се заплеткувам? Зарем Тој сакаше јас да паднам во очај и сето ова да го отфрлам? Но нели додека јас точно ова не го разберам и го откријам за себе новото скалило, јас нема да напреднувам! Зошто тогаш Тој ми става препреки на овој пат?


За да се појави пред Него само тој, што бара како да го постигне давањето, и да стане сличен на Создателот, само тој, кој е подготвен да работи. Јас се обидов да го достигнам давањето, сфатив дека ништо не сфаќам, дека се наоѓам во целосен мрак и затоа имам потреба од помош одозгора. Од една страна јас сум подготвен да дадам се', затоа што направените напори ми даваат сила да продолжам понатаму за да ја достигнам целта. Ако јас вложив многу сили за достигнување на некоја цел – јас не можам така лесно да ја отфрлам. Бидејки многу сум дал за неа! Јас сум подготвен да платам, затоа што досега многу вложив во ова. И ако јас разбирам, дека давањето постои, и јас секако морам да го достигнам, тогаш во разочарувањето од сопствените сили се раѓа вистинската молитва.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica