29.11.2010
Зошто ни е потребно добро да се однесуваме еден кон друг?
-Само за да го достигнеме спојувањето со Создателот. Зошто јас доаѓам во групата – само поради Создателот. Ако имам други причини, ќе личам на комунистите, кои го чинеа идното општество на Русија поради својата воља – и затоа се до сега ги расчистуваат последиците. А да се исправат тие можат само "клин со клин" – со правилен комунизам – со кабалата.
Целта треба да биде Создателот! Инаку не` чекаат страшни удари. Пример за тоа е Русија, каде биле вложени огромни напори, средства, пари – за тоа секаде се зборувало: на радио, телевизијата, во детските градинки, школите, песните, претставите, во сето што се правело. Се повикувало само кон едно – ајде да се соединиме и да бидеме пријатели!
И погледнете што се случи. Човекот ништо не прифатил, сето веднаш се претворило во егоизам. Иако тоа се чинело како добро, правилно воспитување – ќе живееме сложно, сите заедно, како едно семејство. Но ако на чело на сето тоа не стои Создателот, од кој доаѓа светлината, која го менува човекот – која корист од празните зборови? Тие не им одговарааат на реалните факти! И се испоставува, дека треба да му се пренесат на човекот принудно, со казни, угнетување, со сила. Од тоа треба да извлечеме заклучоци – што е правилно воспитување, се до најситните детали. Да се воспитува може само со пример. И ти не го покажуваш едноставно само твојот личен пример, бидејќи ако детето го научи твоето однесување, тоа не претставува внатрешно исправање – тоа едноставно те имитира. Утре ако види лош пример, исто така ќе го копира. Но ако тоа се исправило себеси и разбрало – тогаш до тоа ниво веќе е заштитено.
Почеток на нова координатна оска
Секој човек во овој свет мора да го открие Создателот во своите чувствувања – без секакви сомнежи, дека Го чувствува Него и Го разбира. Разбирањето – е најдлабоко и највисоко скалило на нашето восприемање. Сите мои сетилни органи: чувството, разумот, умот и срцето – треба да се исполнети со безусловно духовно откривање. Не треба да останат никакви сомнежи, противречности, поранешни прашања и разјаснувања, и јас доаѓам до целосно и конечно наполнување и разбирање, од кое нема ништо повеќе. Целата желба за насладување, создадена од Создателот, конечно се развила и целосно се наполнила.
Ако човекот нема потреба за такво откривање, тој може да продолжи да го живее обичниот живот. Јас од се срце му посакувам успех. Но ако тоа не му е доволно, ако сака да знае зошто живее, во што е смислата – тогаш тој мора да го открие коренот, изворот на животот, а за тоа потребна е науката кабала. Ако сите овие прашања тој не може да ги задоволи со религијата, со "духовните" вежби, со различни хоби, со наркотици – тој останува празен и има потреба за откривање на смислата на животот.
Во природата постојат многу појави, за чие откривање потребни ми се дополнителни инструменти: телескопи, микроскопи. Но постои и такво нешто, кое не можам да го откријам, затоа што природата е многу посложена од мене. Не само затоа што делува во многу поширок дијапазон, каде можат да помогнат некакви локатори. Во природата има такви појави, за кои јас никогаш не би можел ниту да помислам, затоа што сум изграден во согласност со три оски – таква е внатрешната градба на мојот мозок.
Но во мене се разбудува точка, која вели, дека не е доволно тоа што го знам! И јас согледувам, дека не можам да се задоволам со помош на обичната наука. Таа точка е од друга димензија. Таму не постојат трите координатни оски, - времето, движењето, местоположбата – тоа нешто апсолутно поинакво. И не е само простор со неколку дополнителни координатни оски, стеснет или проширен – тоа е сосема друга реалност, без никаква поврзаност со постоечката тука. И ако јас можам да ја истражувам оваа виша реалност – зарем не сум научник? Сигурно дека сум, и тоа каков!