08.06.2010
Вовед во коментарот Сулам:"Тројца излегуваат од еден, а еден постои во тројца".
Десната и левата линија на парцуфот Ишсут не можат да светат, додека не се искачува во него со молитва (МАН) Зеир Анпин и не ги дополнува со средната линија, која ги усогласува тие две линии на Бина.
Во Бина постојат две линии: десна, целата Хасадим (милосрдие) и лева, целата Хохма (мудрост) – и тие не се способни да се соединат. Зошто секоја е подготвена да ја зафати 100%-но желбата со својата светлина, па така остануваат во конфронтација. Но тие не можат да светат една без друга! И двете доаѓаат од горе.
Но десната линија вели:"Како може без давање? Зарем давањето не е целта на суштеството(творбата)?" А левата линија вели:" Јас сум суштината на суштеството! Јас сум светлината Хохма, која треба во него да се открие! Како може без мене?"
И така тие си противречат една на друга без можност за компромис. Во согласноста меѓу нив се наоѓа решението – во примање поради давање. Неопходен е трет фактор за секој да може да попушти во своето мислење – да го разбере другиот. Решението се наоѓа на средина, и тоа не е компромис! Затоа што се појавува посебна и извонредна можност за разбирање еден со друг, да се навлезе еден во друг и да се дојде до златно усогласување, договор.
Средната линија – тоа е единствениот начин за исправување на суштеството. Се, што постоело до неа – тоа се особини на Создателот, и само од неа започнува суштеството, кое овозможува да се соединат давањето и примањето. Тоа е облик, во кој суштеството може максимално да учествува во давањето и да ја добие сличноста со Создателот.
Како детето кое ги обединува родителите, тие две спротивни сили на Создателот, и прави од нив едно семејство.
Целата наша историја – тоа е само подготовка кон воздигнувањето
Зохар, глава "Ваигаш", п.102:"Глас се слуша во височините". Глас – тоа е Нуква, која се искачи и се слуша во Бина, наречена небесна висина, виш свет.
"Во висините"- тоа значи дека Нуква навлегува во левата линија на Бина, како што е речено:"И ги повикал Всесилниот, Богот на војските, тој ден да плачат и тажат..."
Тоа е предизвикано со пробудувањето на големите садови, кои таму се наоѓаат. Тие ги препречуваат сите нејзини светлини, и тоа е – второто исправување. Тогаш "реката пресушува и се исушува" т.е. се разрушуваат два Храма.
Разбивањето е неопходно за следното исправување, за во процесот на разбивањето да се осознае замислата на Создателот. Во науката кабала ние изучуваме се што се случувало во вишите светови, сета подготовка кон создавањето на нашиот свет. И само почнувајки од нашиот свет, ние ги започнуваме исправувањата, одоздола- нагоре.
Исто така треба да ја согледуваме нашата историја.
Разрушувањето на Првиот и Вториот Храм, сето поминато во текот на историјата – тоа било само подготовка, реализирана одозгора-надолу. И дури сега ние го започнуваме исправувањето, искачувањето одоздола- нагоре. Како што пишува во " Учењето на Десетте Сфироти" и "Воведoт во науката кабала", се што се случува во вишите светови, вклучително разбивањето на заедничката душа, се остваруваше одозгора надолу, со помош на вишата сила, без секаква замешаност и учество на нижото.
Нижото започнува да делува допрва, после смешувањето, обединувањето на сите желби и последното прогонство, кога се појавува можноста ( простор) за слобода на избор, се открива Книгата Зохар и се создадени сите услови за здобивање со нови особини и облици во процесот на движењето и развитокот.
"Aко заслужите – јас ќе ве подучувам"
Прашање: Ако јас сам го слушам Зохар во текот на денот, дали со тоа ја привлекувам опкружувачката светлина?
Во духовното не постои време, движење, простор. Зарем праведниците, авторите на Книгата Зохар, поради нивното физичко заминување од нашиот свет пред две илјади години не се присутни сега со нас? Така АРИ им кажал пред смртта на своите ученици:"Ако заслужите, јас ќе дојдам и ќе ве подучувам".
Не сфаќајки го тоа, еден од учениците го запрашал:"Како ќе дојдеш, ако сега заминуваш од овој свет?". "Не ти се појмливи тајните", - одговорил АРИ.
Оваа врска се открива внатре во човекот многу појасно, отколку физичкиот контакт. Затоа ние се наоѓаме заедно со сите души, кои веќе се здобија со откривање, со сите наши пријатели кои се стремат кон откривањето, и сите ние заедно исто така ќе се здобиеме со откривањето.
.