Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Златните рудници на душите

18.04.2011

Од книгата "Врата на намерите" Ари, глава "За Песах и излезот од Египет": Први поколенија: поколение на Енош и поколение на Вавилонската кула – го оддалечија Шхина на врвот, на "7-мо небо". Израел поколенијата од египетското ропство биле теми со самите искри "кери" (од бесполезното семе), кое го испуштал Адам Ришон 130 години, додека не му се роди Шет.

Искрите „кери" – тоа е Светлината Хохма, кои се обидуваат да добијат егоистички, за себе. Кога Светлината Хохма нема да падне на вистинското место, односно под екранот и нема да премине во Светлината Хасадим, тоа се нарекува: "да се испушта семе на земјата" („земја" – арец – од зборот „желба" – рацон), "да се изгуби попусто".

Секој човек треба да ги помине овие етапи: поколение на Енош, поколение на Вавилонската кула – низ егоистичката желба, кое не се вбројува никаде и сака директно да ги добие сите наслади, што се нарекува „губење на семе".

Душата е како злато. Кога го вадат од „земјата", тоа е нечисто, сé додека не се исчисти од него целиот отпад и не се нарече „злато".

После разрушувањето на желбите (швират акелим) што се случило во нашите корени во духовниот свет, нашите души паднале во желбите да се насладуваат заради себе и потполно се измешале со нив. Има само мал број на искри на давање, кои паднале внатре во таа егоистичка желба, кои е многу тешко да се извадат од таму.

Тоа е како потрага по злато – вадење на злато од земјата, при што се раскопува голем дел од тлото и се прават секакви дејствија за оттаму да се добијат неколку грама злато. И таа земја не е земја од каде било, туку од таму каде што веќе е најдено злато! И не само тоа, треба да се донесат цели камиони полни земја, па да ја исчистат, да ја измијат со вода, да ја исфилтрираат за на крај од неа да се добијат неколку грама злато.

Истото се случува и со нашите души после разрушувањето. Внатре во огромната егоистичка желба има само траги од искри, кои исто така се егоистички, но сепак способни да постигнат поправање за давање! Нив треба постепено да ги извлечеме и ова е работа што мораме да ја направиме.

Да ја покажеме нашата желба за излегување од својот Египет

"Коментари за Пасхална Хагада" од Баал Сулам (од статијата "За Јехуда"): Пријатно ни е да си спомнеме додека ја јадеме денешната маца (за време на вечернава пасхална трпеза) – за јадењето на египетската маца (во првата кабалистичка група). Бидејќи ние (денес) се однесуваме како да сме во ропство надвор од Земјата Израел (Земјата на Израел – на хебрејски Ерец Израел, што значи „Желба насочена кон Создателот"), па затоа сакаме со таа заповед да се избавиме (од Фараонот – егоизмот), за Тој колку што може побрзо да се случи во нашиот ден – затоа денес јадеме маца, исто како нашите (духовни) претци во Египет.

Се раскажува за постоењето на група кабалисти која, под водство на Авраам, излегла од Вавилон (пред 3700 години) со цел да се соедини меѓу себе со љубов, како што е кажано: „Сакај го ближниот, како што се сакаш себеси". И тие почувствувале како им се оптоварува срцето и се засилува власта на егото што ги обзема – Фараонот.

Но, без разлика на сé, тие почнале да го надминуваат тоа оптоварување – иако егоизмот растел сé повеќе. Тие ја достигнале внатрешната состојба за излез од својот егоизам, кој се нарекува излез од Египет и наместо со егоистични врски, со кои претходно биле поврзани, се споиле со пријателски врски на давање и љубов, со кои се означува излезот, надвор од Египет.

Затоа, сите дела, кои ги правиме за време на празничната трпеза, ги извршуваме со единствена намера: да дојдеме токму до тоа ослободување од егото. Го повторуваме секое дејствие и обичај, поставени од таа група кабалисти, согласно Баал ХаСулам, кој детално ја објаснува секоја етапа на празничниот ритуал – затоа што со тоа се покажува колку луѓе навистина сакаат да излезат од својот Египет!

Се обидуваме заедно со Севишниот

Сите состојби, коишто очекуваме да ги доживееме по излезот од Египет, треба да се обидеме да ги забележиме уште во Египет, сега, кога работиме во група. И покрај силата на егоизмот, ние сакаме овде и сега да го откриеме духовниот свет. Само треба да направиме напори за да ја повикаме силата која ќе го направи тоа. Треба да најдеме место каде што ќе се обединиме и да разбереме како да направиме напори за да побараме единство.

Правиме сé што е можно, со помош на сопствените и Вишите напори. Го молиме, бараме од Него да Го привлечеме за да ни помогне, но не забораваме и на својот придонес. Треба само правилно да го одредиме местото, напорите и видот на дејствијата и ќе дојдеме до решение.

Мисија која може да се исполни

Настапи посебен период – празникот Песах. Нé обвиткува лесна магла, предизвикана од заморот и излезот од постојаната состојба.

Во целиот свет сега е посебно време, кога се активни Светлините околу нас, по распоред кој доаѓа од законот на гранката и коренот. Освен тоа, влегуваме во празник, кој кон нас има најнепосреден однос. Нема духовен корен кој ни е поблизок и попотребен од Песах. Само тоа го сакам. Излегувајќи од егоизмот, одново и одново си спомнуваме за излезот од Египет и го исправаме по целиот останат пат, до крајната поправка.

Како краен резултат ние треба потполно да се оттргнеме од Египет до тој степен за да го свртиме во спротивност – во давање. Ние можеме и сега да направиме нагло движење – таа задача и сега стои пред нас. Не е важно ако сме мали, ако не разбираме сé. Секогаш нешто ќе ни недостига. Темни и замаглени чувства, конфузија – сето тоа е неопходно. Треба да ни го одвлечат вниманието и од тоа нема исклучок.

Сите се чувствуваме збунети, сплеткани, слаби итн., секој е спремен само за спиење. Таа состојба за нас е најдобра, оптимална. Сепак, ние треба да направиме добро проверени и изострени напори во насока за нашето единство. Ако ни се спие, може и да поспиеме, но со правилна намера за да може дури и со ова дејство да се спојат точките во срцата и да заспиеме, а внатрешно да не се одделиме еден со друг.

Единството треба „да се пробива". Влези внатре, без разлика на сонливоста и ќе почнеш да добиваш пробудување од другите. На секој од нас ни треба заемно вклучување. Ако јас сум вклучен во другите, а другите во мене, тоа ќе ми даде сила на стотици илјади луѓе. Тоа е резултат на гаранцијата и ако не ја употребуваш, ништо нема да постигнеме.

Треба да се насочуваме за реализација на единството. Вечерва ние од целиот свет ќе седиме на празничната маса и не е важно она што го јадеме и пиеме, односно самиот седер. Сето тоа се обичаи, но, главното е дали се обидуваме да се издигнеме над својот егоизам – кон љубовта и обединувањето? Тоа и е излезот од Египет.Сето останато е интерпретација.
Сите празнични атрибути се само знаци и признаци на единствениот напор.

Ако се притискам себе заедно со другите, со тој притисок ќе го поминам целиот пасхален седер. Тој се открива во мене. И затоа нам ни треба силно пробудување и способност да се пробиеме. Гледам дека Вишата Сила нé турка напред, постојано нé организира, се грижи за нас. Сега е потребно да извршиме притисок од своја страна и јас за тоа не гледам никакви пречки. Мало замаглување на чувствата – дали тоа е Фараонот?

Не треба да се очекува дека ќе биде лесно. Секогаш треба да се движиме обратно од своите желби и замисли. Секогаш ќе те напаѓа сонот, секогаш ќе се одложуваат итните работи, секогаш ќе има многу конфузии. Таков е патот.

Од утринската лекција - 18/04/2011  на     Каб.тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica