Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Знак за повик

23.11.2010

Прашање: Луѓе често ме прашуваат што е Кабалата и се трудам да им ја објаснам нејзината суштина и намена. Како одговор, многумина признаваат, „Да, и јас така мислам. Да, знам за што зборуваш." Дали ова значи дека имаат точка во срцето? Како се разликуваат луѓето што ја имаат таа точка од други луѓе кои исто така бараат нешто?

Др. Лајтман: Точката во срцето е дел од Создателот. Кога ќе се разоткрие во тебе, слушаш „знак за повик" кој те повикува кај Него. Точката во срцето ја препознаваме кога ќе донесе некого до науката за Кабалата, до местото или мрежата од каде доаѓаат сите точки. Кабалата не е книги, туку мудроста и програмата на општиот систем. Книгите на Кабалата ти ја носат силата на оваа програма и ти ја користиш да го спроведеш првиот духовен нагон.

Во стварноста, ти никогаш не си го напуштил тој „систем на владеење." Сегогаш си во него, поврзан со другите, и вашето заедничко тело е живо. Малхут на светот на бесконечноста е тој што навистина постои, иако не чувствуваш како му припаѓаш. Место да го почувствуваш неговиот главен прозорец, чувствуваш дека си во сосема друг „прозорец." На истото место си, но гледаш поинаков свет, лишен од меѓусебната поврзаност. Има два прозорци: едниот е природен, точен, вистински, и длабок, а другиот виртуелен. Во моментов мојот екран е зафатен со нашиот илузорен свет, но заедно со него има и внатрешен екран во кој сите сме во состојба на бесконечност. Тоа е она за што зборуваат кабалистите.

Се стремам кон тоа со мојата точка во срцето, сакајќи да стигнам од виртуелниот екран до вистинскиот, до местото кај што сум поврзан со сите. Ако мојата точка навистина се разбудила, се наоѓам во групата. Отворам книги кои зборуваат за тој внатрешен екран, а додека ги читам оттаму будам Светлина која почнува да ме вознапредува. Меѓутоа, ако некому не му е гајле за кабалистичките книги и единството во групата, ако не чувствува внатрешна потреба за тоа, тогаш ја нема точката во срцето. Замислува секакви работи и бара духовност во Индија, или во разни религии и вери, во медитација, во Њу Ејџ, итн. Во спротивност со тоа, личност со точка во срцето веќе не може да си оди од патот. Може да „ направи пауза" поради разни проблеми, но никогаш нема да ја смени точката со нешто друго.

Повторна подготовка за лекцијата

Светлината ја гради нашата врска и Создателот ќе го откриеме само во неа. Мораме да тежнееме кон тоа не за наше добро, туку само за да му дадеме задоволство Нему. Штом достигнеме љубов кон Создателот, ќе ја откриеме Неговата љубов кон нас. Сето наше учење служи за да ја открие или зајакне нашата љубов за Создателот. Очигледно, сега не чувстуваме ни најмала потреба за тоа. Ќе се сетиме дека постои Горната Сила само кога ни е лошо. Природа ни е да делуваме само кога ни фали нешто, бидејќи сакаме да се употполниме и исполниме себеси.

Не чувствувамее никаква потреба за Создателот, а камо ли за тоа да го сакаме. Но ако се потрудиме вештачки да се стремиме кон Создателот преку работа во групата, постепено го привикуваме влијанието на Светлината врз нас кое ни носи специјални одлики, на љубов и давање. Таквата одлика може да се насочи само кон Создателот бидејќи освен нас само Тој постои. Меѓутоа, за да го достигнеме ставени сме во специјална состојба наречена „овој свет." Тука, со помош на нашето семејство и пријатели, можеме да се трудиме и да вежбаме стекнување љубов за соодветната околина. Тогаш од љубовта кон суштествата ќе се издигнеме до степенот на љубов кон Создателот.

Така излегуваме од егоизмот, преместувајќи се од љубовта кон себе до љубовта кон ближниот, и преку семејството и пријателите, добиваме љубов кон Создателот. Тогаш ја откриваме вистинската природа на „средствата" што сме ги користеле. Испаѓа дека самиот Создател ја поделил нашата стварност на овој начин за да имаме прилика да дојдеме до Него преку таквите „вежби." Всушност не постои ништо освен мене, вклучувајќи ја целокупната стварност и Создателот кој е над тоа. Затоа ајде да ја развиваме намерата да ја примиме Светлината која реформира од нашите взаемни проучувања за да ја откриеме љубовта меѓу нас и нашата љубов кон Создателот.

Во потрага по вечната душа

Прашање: Има ли нешто вечно во нас?

Др. Лајтман: Во секој аспект во однос на материјалното тело, ние сме само животни, иако поразвиени, обдарени со чувства и ум. Сепак, секое такво тело е смртно.

Постои и друга природа, желбата за давање, која се нарекува духовен свет, душата, или „дел од божественоста одозгора." Освен тоа, се друго припаѓа на егоизмот, животинското ниво, или материјалниот свет. Затоа, за сега ништо не не поврзува со вечноста освен една точка што припаѓа на бесконечноста. Таа точка мора да организира опкружување за себе како средство за развој. Не зборувам за анимирачката душа која го оживува телото, која е „животната сила" присутна во сите суштества: неподвижни, вегетативни, и подвижни. Покрај неа, човекот има една вистинска точка од коренот која мора да ја развие. Поради таа точка се нарекува „човек" – „Адам," „сличен" (Доме) на Создателот, чие ниво може да го достигне.

Обичен човек не содржи ништо освен таа точка која е духовна и вечна. Како што живее ова оживеано тело, така и умира – и ништо не останува! А што со таа точка, дали барем можеме да ја задржиме? Па, била ли некогаш присутна во телото? Не, не му припаѓа на телото. Никогаш нема да можеме да ја пресадиме во друга личност заедно со некој друг орган.

Од  утринската  лекција   22/11/2010, „Тело и душа"

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica