Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Зошто пропадна марксистичката теорија? 22.03.2010

 

Прашање до мене: Баал ХаСулам пишува за нешта низ кои човештвото поминало многу одамна: социјализмот и комунизмот. Зар не е тоа древна историја денес, нели не треба да сакаме да им се вратиме?

Мојот одговор: Целата наша стварност се одвива во нашата егоистична желба, која се развива и проаѓа низ разни стадиуми додека постепено расте под влијанието на Вишата Светлина. Тоа е причина и за тоа што желбата измислува разни теории за тоа какви односи е подобро таа да има со својата природа и со човечкото општество. Според тоа и се менува нејзиниот став кон социјализмот, марксизмот, и сите други периоди.

Тоа не се одредува со тоа колку сме ние „развиени" или „неразвиени," туку само со влијанието на Вишата Светлина врз нас. Затоа, мораме да го сфатиме начинот на кој Вишата Светлина не води низ сите социо-економски формации бидејќи тогаш ќе сфатиме за што пишува Баал ХаСулам во весникот „Нација," и тоа ќе ни помогне да ги сфатиме работите што ни се случуваат денес.

Баал ХаСулам мисли дека Маркс достигнал свест за процесот на поправање од страна на Вишата Сила, но дека претпоставувал дека луѓето ќе го откријат своето духовно раѓање, кое е вродено по природа, самите, преку вежба. Меѓутоа, Баал ХаСулам утврди дека оваа теорија може да се примени само во развиено општество, а не Русија, која беше општествено и политички назадна.

За какво општество пишуваше Баал ХаСулам?

Прашање: За каква „праведна" општествена рамка пишува Баал ХаСулам во статијата „Нацијата?" Дали навистина се грижи за организирањето поудобен, добро нахранет живот во границите на овој свет? Како може тоа да биде грижата на еден кабалист кој знае дека се е под контрола на Вишата Сила, и дека сме привремено ставени во овој свет само за да си ја исправиме душата?

Мојот одговор: И покрај тоа што го велиш, Баал ХаСулам знаеше и дека луѓето ќе достигнат точка во нивниот развој кога ќе откријат дека им фали Вишата Сила да ги поправат своите односи. Тогаш ќе им треба науката за Кабалата бидејќи само Вишата Светлина може да ги поправи односите меѓу луѓето. Не може да има добар однос меѓу луѓето ако не се поврзани од Создателот. Само преку Него тие можат да се обединат меѓусебно. Со други зборови, самиот живот ќе ги присили луѓето да го откријат патот и силите на исправката.

Двајца луѓе никогаш не можат директно да се поврзат еден со друг, туку само преку одликата на давање, која се вика Создателот. Баал ХаСулам ова многу добро го сфаќаше бидејќи го имаше највисокото духовно достигнување. Меѓутоа, за редовниот читател да се доближи до ова, тој своето објаснување го почнува од подалеку. Кога човек ќе сфати какво единство и врска треба да постигнеме според планот на природата, и дека тоа е неизбежно, единственото што му останува е да го открие средството за примена на исправката: ВишатаСветлина која преобразува.

Се разбира, Баал ХаСулам не мислеше дека социјализмот или комунизмот се цел сами по себе, за да се создаде добро нахранет живот за просечниот човек во овој свет, туку имаше големо разбирање и лично достигнување на целта на созданието.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica