Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Зошто создателот се крие од тебе?

17.11.2010
Кој е Создателот? Создателот – е заедничка особина на давање и љубов. И затоа Тој е скриен од тебе, бидејки Тој е апслолутен давател, а ти си – егоист, примател. И затоа ти не го чувствуваш Него. Зарем Тој се крие? Тоа ти Го криеш и не сакаш да Го дознаеш! Ти велиш: "Кога Ти би давал егоистичко насладување, какво што сега посакувам, јас би се запознал со Тебе. Ти сакаш да ме насладиш со давање? А јас сакам да се насладувам со примање!" Токму во тоа е целиот проблем. Никој не го крие од тебе Создателот. Ти се наоѓаш во Него, не постои никој освен Него! Но погледни, во каков свет ти се чувствуваш себеси...И да се поништи своето его – тоа не значи да се поништат своите желби. Тоа е само поништување на егоистичката намера поради себе. Мене не ми е потребно да се ограничувам во што било – јас треба само да ги ограничам своите егоистички намери и да ги зголемам намерите "поради давање". А желбата никако не е засегната.

Кој ќе ми помогне?

 
Прашање: На конгресот ние многу посакувавме да ја достигнеме целта, и тогаш откривме, дека нашето его не ни дозволува да ја достигнеме.


Зошто Создателот не ни одговара на нашите молитви, не ни дава да се кренеме над оваа планина на егоизмот? Зошто не ни успева тоа да го направиме?

Создателот е заедничка сила на давање. Тој ја создал нашата сила на примање. Тие две сили стојат една наспроти друга – слично на скала со попречни скалила. Ако ти соодветствуваш на повисоко скалило, тогаш се искачуваш на него, и така напредуваш скалило по скалило. Се` е во твоите раце. Ти дадоа клуч за природата , за да можеш да ја измениш својата природа слична на природата на Вишиот. Кога стануваш сличен на неа, ти се искачуваш, а ако се разликуваш – остануваш во место.

Тоа не зависи од Создателот, Неговата желба е непроменлива, Тој е Добар и Создава добро. Создателот не се менува, таа сила е апсолутна, и не може да се промени. Но, за да ти дозволи тебе да се искачуваш, Создателот го поделил целиот пат на скалила, состојби. Секојпат, кога си сличен на вишото скалило, ти се искачуваш на него, уште повеќе стануваш сличен – се креваш на следното скалило.

Но помеѓу скалилата ти мораш да се подготвиш себеси за следното скалило. И така секојпат ти се искачуваш. Затоа не можеш да се бунтуваш: "Зошто Создателот не ми помага?! Каде е Тој? Каде се изгубил? Што се случува?! Колку јас треба за Него да сторам?!". Нема на кого да се молиш, нема од кого да бараш. Кога ти се молиш и бараш, ти, всушност, се судиш самиот себе – во однос на вишата светлина, која постојано и непроменливо свети, во иста мера за сите.

Секој може да земе од неа колку што сака.

Речено е за Создателот: "јас своето АВАЈА не сум го менувал", "Не постои никој, освен Него", "Добар и Создател на доброто". Тој не се менува. Ако пак ти ги споредуваш со Него своите особини, небаре Тој може да мисли така или поинаку, да реагира на твојот плач, - сето тоа го измислуваш самиот. Луѓето одамна им припишувале човечки карактеристики на природните сили – на ветерот, дождот, месечината, а исто така и на Создателот. Не постои такво нешто! Ние работиме против проридата. Но кабалистите ни објаснуваат, дека во Природата, во која што постоиме, постојат свои закони (нумеричкото значење, гематријата на зборовите "природа" и "Создател" на хебрејски е иста). Ние можеме да ги искористиме тие закони и да се искачуваме секојпат се повисоко по нејзините скалила – се додека не ја достигнеме сеопфатната Природа, наречена ниво на Бина, Создателот (Елоким).

Затоа ми е јасно, дека ако сега јас се уште не сум примил, тогаш проблемот е во мене. И нема од кого да се плашам, нема кого да молам. Ако ние говориме, дека Создателот владее со нас, - тоа е точно. Но зарем природата не владее со нас? И тоа како! Доаѓа цунами, ураган или некоја друга природна непогода – се разбира дека тоа е власт! Безусловно, во природата постојат закони, бидејки делуваат две спротивни сили – на давање и на примање, наоѓајки се во постојани конфронтации и борба. Но сето тоа се одвива по програмот, кој води до целта на создавањето. Во почеток овие две сили целосно се спротивни една на друга, но постепено се зближуваат, се додека не се соединат во едно. Таков е процесот на развитокот на природата.

Затоа не ти останува со никој друг да работиш, освен со групата. Преку групата ти можеш да се промениш себеси, приближувајки се до природата. Групата е адаптер помеѓу твојата желба, над која немаш власт, и Создателот, над кој исто така немаш власт. Во твоја власт се само групата, општеството, опкружувањето, и само тоа ти е дадено да го промениш. Затоа, ако јас сакам нешто да променам, а не се продвижувам неосознаено по програмот на природата, која ја води целата творба кон единство со Создателот, ако сакам сам да се придвижувам кон него, а не под притисок на жестоките сили на природата, тогаш имам само една можност – да работам со опкружувањето.

Како да допреш до срцето?

Материјалот на создавањето, т.е. ние самите – тоа е желбата за насладување. Ние не можеме да извршиме ниту едно дејство, ако тоа не ни е потребно за насладување. Ние делуваме само по барањето на желбата, кое се нарекува "место" (маком). Речено е: "човекот учи само во местото, посакувано од неговото срце" – т.е. тој учи од потреба, од стремеж. Во тој случај, каква корист од тоа, дека јас седам и се обидувам да изградам во себе некоја посебна намера? Нели се е лага. Моето срце си го сака своето, а јас дури не знам, што точно сака. Нели е подобро само да се чита текстот, не надевајки се да се допре до срцето? Како да ја промениме желбата, ако токму ние самите сме таа желба? Кабалистите одговараат: вие треба да се обедините, да се вклучите еден во друг, да ја пронајдете заедничката желба и да ја засилите, да ја промените, да ги промените вашите намери и цели со помош на опкружувањето.

Останатото не зависи од нас. Во статијата "Слобода на вољата" Баал ХаСулам објаснува, дека вклучувајки се во групата, ние "течеме" заедно со неа и во се сме подложни на нејзиното влијание. Меѓутоа, ние го постигнавме своето – бидејки сега ние делуваме според вољата на новата желба, здобиена од групата. Обид по обид, човекот се труди да се соедини со групата, и неговата желба се менува. Благодарение на тоа тој ќе доаѓа да учи со друго барање, и ќе ја привлекува постојано обновувачката светлина, која ќе го промени и ќе го повлече кон појасна цел, кон повисоко скалило. Нека мојата желба е егоистичка: јас ги посакувам сите блага на овој и на идниот свет, не се грижам за другите, ниту за Создателот – меѓутоа, во тоа време групата околу мене зборува за високи работи.

Од духовна гледна точка, можеби сите мои пријатели се лажговци и измамници, но зборуваат убаво, и јас се воодушевувам на нивните зборови. На крај, напоредно со својата едноставна егоистичка желба, јас несакајки превземам од групата нова насока кон давање, сакам да се вклучам, почнувам да го ценам обединувањето. Сакал јас или не, ги впивам во себе вредностите на групата. Пријателите стануваат дел од мене, и мојата намера се менува. И сега, кога за време на учењето јас посакувам влијание на светлината, таа сигурно доаѓа – адекватно на "вирусот", која јас го примив од опкружувањето. Јас имам веќе нешто, освен личното его, - нова насока кон целта, за која порано јас не сакав и не можев дури ни да помислувам. Групата обврзува. Бидејки во својот корен ние сме поврзани во една душа, и затоа јас се проникнувам со желбите на пријателите, тие влијаат врз мене.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica