Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Извор на енергијата на давање 25.03.2010

 

 

Секој човек на овој свет е управуван од внатре со две сили:егоистичката и алтруистичката (анти-егоистичка, човекољубива). Егоистичката сила вовлекува се внатре во него самиот, како во центар на светот, на вселената, а алтруистичката му дозволува да дава надвор, на другите луѓе. Но иако таа сила се нарекува алтруистичка, се разбира дека во рамките на овој свет таа може да делува само егоистички. И дури ако давам на ближниот свој, не го правам тоа без корист, туку очекувајќи да добијам нешто во замена. Кај мене не постои никаква можност да давам без мотив, полнење, т.е. компензација.

Така е направен човекот-машина способна да работи само со егоистичко полнење, т.е. од очекувана корист. Јас не сум способен да работам како вечен двигател-перпетуум мобиле., не добивајќи од надвор никаква енергија и задоволство. Потребно ми е да добијам енергија од надвор, за што не сум сонце кое свети со сопствена светлина.

Вистинската особина на давање ја поседува само Создателот, тоа е негова природа. Но за да може суштеството бескорисно да дава треба од Создателот да добие полнење-чувство на големината на Создателот. Тоа е единствена можност да се постигне особината давање-да се искористи Создателот како извор на движечка енергија.

И токму во тоа се состоеше целиот проблем на комунистите, социјалистите, кибуците, алтруистите од секаков вид кои што сакаа да го исправат светот, кои што не разбираат дека во човекот нема енергија за давање, нема полнење за спроведување на таа идеја.

Ниту еден човек не спори, дека животот ќе се подобри ако сите станат алтруисти. Постепено сите се согласуваат дека без такво исправување човештвото ќе изумре. Само што никој не знае како тоа да го спроведе...освен кабалистите, зошто тие имаат пристап кон изворот на енергијата!

Трета сила

Денес човештвото стигна до толкав пораст на егоизмот што веќе не ни фантазира за алтруистичен, добар човек. Некогаш порано ние се уште сме се надевале дека можеме да го воспитаме, но дваесеттиот век ги уништи тие фантазии. Ние разбираме дека човекот едноставно не е способен за тоа. Одлично-тоа е веќе осознавање на своето зло! Меѓутоа се поставува прашање-ќе може ли човекот да продолжи да постои во овој свет, ако не стане поалтруистичен? Денес се открива општ, глобален систем, светско „мало село", каде што сите се меѓусебно поврзани. И ќе можеме ли ние притоа да преживееме, ако не станеме алтруисти? Јасно е дека понатаму ние не ќе можеме така да опстоиме. И тогаш сме притиснати, немаме излез.

Од една страна сме обврзани да даваме еден на друг и да бидеме сите заедно како еден човек со едно срце, инаку човештвото нема никакви шанси за преживување. Од друга страна пак, нема никакви шанси да го добиеме тоа со сопствени сили! Тоа едноставно не е возможно!

И тогаш ние откриваме дека постои трета сила-Создател, кој може тоа да ни го направи. Тоа може да се постигне по пат проследен со ужасни страдања, војни и епидемии кои ќе не натераат да ја откриеме неопходноста на третата сила, на Создателот кој ќе го воспостави мирот меѓу нас. Но тоа е многу долг и тежок пат на природниот развиток. Или пак ние распространувајќи ја и изучувајќи ја науката кабала ќе ги разбереме состојбите низ кои треба да поминеме, решението кое треба да го откриеме, ќе го рашириме тоа знаење по светот и ќе ја привлечеме вишата светлина која ќе не исправи.

Таа ќе ни ја даде нам особината на давање која ние по нашата природа не сме способни да ја имаме. И тогаш ние ќе го постигнеме исправувањето по многу пократок и пријатен пат, „забрзувајќи го времето".

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica