Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Изворната точка на љубовта

03.01.2011
Неопходно ни е да ја откриеме својата природа – сите злосторства и ненамерни пропусти, инаку не ќе можеме да искачиме над нив и да го постигнеме Фараонот во себе, за да сфатиме колку тој ни пречи. Токму преку него ние сакаме да дојдеме до служење на Создателот.

Што значи: "Пушти го народот мој да оди"? Кој ме пушта? Велат, дека Фараонот дури го придружува народот на Израел при излегувањето од Египет. Односно потребно е да поминеме секакви откривања за да бидеме подготвени за излегување – и тогаш ние излегуваме!

Фараонот нè задржува само додека не собереме сила и не се подготвиме. Кога ја пробиваме границата на духовниот свет и го поминуваме махсом – тоа значи дека за тоа имаме желба, сила, ако пак немаме – не смееме да ја преминуваме.

Затоа Фараонот со своето спротивставување само ни помага во тоа! Така ние се искачуваме над сите препреки и благодарение на тоа се здобиваме со сила на давање, отпор на егоизмот, цврстина на екранот, желбата. Ние ја зголемуваме својата желба и стремежот кон духовното.

Сите "анти-сили" – сите препреки и страдања се откриваат само за да нè зацврстат и да нè научат. Така треба да се разгледува секоја наша состојба – секоја природно дојдена мисла или чувство, и да знаеме дека токму во неа е местото на нашата работа. Во нас нема ништо што би можело да се остави непоправено.

Во почетокот ние го откриваме скалилото "хафец-хесед" (посакување само на давањето), искачувајќи се над сите свои егоистички мисли и желби и признавајќи ги злосторствата и грешките. Ние откриваме дека сé доаѓа од една Виша сила на давањето. А потоа се стекнуваме со врски на љубовта, извршувајќи дејства на примање поради давање и од нив почнувајќи да дознаваме: што се нарекува љубов. На крај се креваме до состојба, која се нарекува Кетер.

Кетер не припаѓа на материјалот и на ништо што се случува подолу од него – тој го содржи само коренот на она што се случува на дното. А сето што се случува подолу од Кетер сé до Малхут – е потребно само за да ѝ даде на Малхут можност да се искачи назад и да се поистовети со Кетер. Затоа на крајот од краиштата ние воспоставуваме ист однос кон Создателот, како Неговиот кон нас, над својот материјал и над сето што во нас се одвива.
И тогаш не останува никаква поврзаност со сето што сме го поминале, доживеале, одлучиле, направиле, откриле – ниту од Негова страна, ниту од наша. Сето тоа сосема се поништува и се открива само првиот и основен Негов однос кон нас и нашиот кон Него.

Тоа значи дека ние се откриваме само во Кетер, во Светлината на Љубовта, кога апсолутно не ни се важни никакви дејства или подароци, да примаме поради давање или да даваме поради давање – сите разлики се губат и сé се спојува во постигнување на единството.
Материјалот и формата на примањето како да престануваат да постојат, бидејќи првобитно биле создадени од Создателот само за да со нивна помош ни се овозможи да ја достигнеме токму таа почетна, изворна точка од која Создателот го започнал создавањето.

Верувајте, сето тоа само ни се чини!

Прашање: Ако на крај целиот пројден пат се поништува, која е смислата од сите наши денешни дејства?

А како на друг начин може да се достигне апсолутна љубов? Како да се изгради, бидејќи секое следно скалило се гради врз основа на претходното? Целиот пројден пат се поништува – слично на тоа како што се открива дека цел овој свет е имагинарен.

Кога ти го достигнуваш крајот на поправката и се вклучуваш во почетната точка на создавањето, во неа се сливаат како еднакви состојбата "1" (почетокот на создавањето) и состојбата "3" (крајот на поправката).

Додека состојбата '2" (процесот на поправка) како да престанува да постои. Таа се вклучува во состојбата "3" заедно со состојбата "1" како ништо да не било, и сето само ни се чинело! Сите промени се случувале само во нашето чувствување, неопходно беше да ги доживееме сите тие состојби за да можеме да го сфатиме Создателот и да почувствуваме, да се припоиме кон Него и да се споиме со Него.

Сите светови (оламот) – значат "скривања" (аламот), и тие светови – скривања исчезнуваат! Тие биле потребни само за да го создадат ова постепено растечко скривање, проблемите и страдањата кои нè пробудуваат, за да почнеме полека да ја постигнуваме одоздола-нагоре единствено постоечката во реалноста состојба. Освен неа ништо не постои.

Сите наши поминати состојби се потребни за да се направат откривања – тоа се 125 скалила на откривање на таа совршена состојба во која ти секогаш се наоѓаш. Само што не можеш да ја постигнеш веднаш, и затоа го правиш тоа постепено, по делови: уште нешто си сфатил.
Уште нешто си почувствувал. Како да ја "јадеш порцијата" дел по дел – тоа значи да се креваш по скалилата на световите. Но всушност тие светови не постојат, освен во твојата перцепција. Откога ќе постигнеш сé – нема да има потреба од нив. Сепак тие навидум постојат во мене, бидејќи по нив сум се искачил до крајот на поправката, до конечното спојување?

Сето тоа е точно, но тоа е само твое чувство, пат на постигнување. Додека во реалноста постои само една совршена состојба, која постоела и пред и после тебе – Малхут, исполнета со Светлината на Бесконечноста како на самиот почеток така и на крајот.

Мудра љубов

Ако Создателот сака да нè доведе до сличност со Него, тогаш како може во нас да го пробуди чувството за Неговото величие, вредноста на особината на давање, за да посакаме да ја промениме својата состојба во Неговата?

Нема избор, и ние мораме да се искачуваме со мали чекори и секогаш да се трудиме да избереме повисоко скалило од нашата тековна состојба. И затоа Создателот не може да ни ја открие својата љубов! Затоа што ако се открие љубовта, тоа веднаш ќе ја уништи целата скала – сите разлики меѓу скалилата.

Детето е глава на семејството и мисли дека сé е наменето за него, побарувајќи од родителите. Тоа ја користи нивната љубов! Ако се наоѓа некаде на друго место, тоа се однесува сосема поинаку –нема да бара како што бара дома. Тоа ќе се срами, ќе се плаши. Додека дома - нема ниту срам, ниту страв!

Затоа кога Создателот би ни ја открил својата љубов, ние би биле како разгалени деца, никогаш не би можеле да го процениме Неговото величие и да се кренеме до Него. Во нашиот свет, во нас дејствува природниот инстинкт кој нè тера да растеме и да се развиваме. Но во духовниот свет не постои таков животински инстинкт! Ние треба самите да ја добиеме таа желба. А ако Создателот би ни се открил со љубов – ние би Го игнорирале во сè... И затоа Тој мора да се скрие за да ни даде можност да се развиеме и да го процениме Неговото величие во мрак.

Во Светлината ние не би можеле тоа да го направиме. Токму на тоа се жалат нечистите сили (клипот) кои би сакале да го откријат Создателот пред да се здобијат со екран. Тогаш ние воопшто не би имале никаква можност да го достигнеме давањето.

Без заблуди нема да ја откриеш вистината


Книга Зохар. Предговор. Статија "И видел Итро", т.73: Човекот со црни влакна без жолти – некогаш е успешен, погоден за заедничка работа, за заеднички напор, но само за кратко време...Тој ќе има успех во духовното напредување ако вложува напори. И другите ќе имаат успех благодарение нему. Тој не чува тајна долго. Тој е скржав. Ќе го види падот на неговите непријатели. Непријателите нема да го совладаат..

Така зборува книгата Зохар...Ако човекот не престојува во јавно чувствување на духовниот свет, го сфаќа Зохар буквално, сигурен е дека оваа книга е полна со чуда и тајни знаења, дека по неа може да се гата, да се претскажува иднината, да се разликуваат добрите и лошите луѓе, да се даваат овоземни совети – и...да се заработува од тоа.

Од една страна таквото неправилно материјално толкување на овие текстови послужило како основа на сите заблуди. Од друга страна гледајќи на тоа од перспектива на милениумите ние гледаме дека без таа конфузија човекот немало да дојде до вистината. Тој мора да се заплетка...и да се отплетка – така ќе се стекне со знаење.

Последниве два милениуми ние постоиме во рамките на религиите – и ние моравме да постоиме во неа. Исто и целото човештво во сите свои верувања и религии. Ние мораме да поминеме низ целата оваа конфузија затоа што без тоа ние не ги поврзуваме особините на Создателот, Бина и особините на суштеството, егоизмот, Малхут заедно, на ниво на нижата Малхут, егоизмот на нашиот свет.

Што се сите верувања и религии? Некој вид искра на духовното која е неопходно и возможно токму во таков облик со сила да се внесе во нашиот материјален свет, во желбата за насладување – и да се направи од неа смеса во егоистичната желба, во Малхут.

Од манифестирањето на трите линии на Светлината, со слегување на трите клипот до нивото на нашиот свет се создале сите верувања, трите религии, различните духовни техники, амулети и др. Сите тие се мотивирани од желбата да се постигне успех на нашиот егоизам, Малхут во овој или/и идниот свет – на сметка на Бина, Вишата сила, која божем постои во религијата/техниката. Без тие "духовни" вежби човештвото не би можело да престојува во смесата на Малхут со Бина, дури и на нивото на нашиот свет.

Но Бина мора да влезе внатре во Малхут – сé што може да ѝ даде на Малхут и сé што може од неа да прими во себе. Откога ќе заврши заемното вклучување на верувањата и религиите (Бина на нашиот свет) во егоизмот на човекот (Малхут на нашиот свет), почнува процесот на нивна анализа, селекција, одделување и поправка. Тоа се случува во наше време, кога од оваа смеса луѓето почнуваат да ја дознаваат суштината на религиите.

Приклучените кон Аврам го дознале тоа уште во Древниот Вавилон, другите – сега. Затоа Книгата Зохар, напишана на таков јазик може да предизвика апсолутно различни мислења зависно од тоа кој ја чита...

"Лакмус хартија" на духовното

Зохар намерно е напишан на таков навидум овоземен јазик, а не на јазикот на парцуфим и сефирот, како "Учење на Десетте Сефирот", "Дрвото на Животот" или "Вовед во науката кабала". За почетниците тоа е многу тешко.

Но, штом еднаш човек ќе почне да навлегува во "работата на Создателот", т.е., сака да види сè што е опишано во Зохар како поправки внатре во душата, тој согледува дека овој јазик му помага, го обврзува цело време да ги замислува духовните дејства и особини. Тој може да се провери: "Се наоѓам во духовното или не? Дали наместо сите овие лица и настани јас ги гледам само духовните особини? Или сепак "паѓам" во некоја овоземна слика – и тогаш, се разбира сé уште не сум во духовното".

Ако било какви зборови од нашиот материјален свет пробудуваат во нас овоземни слики – тоа е знак дека престојуваме во оваа материјална желба. Ако пак тие пробудуваат во нас духовни особини и чувства – тоа значи дека ние се наоѓаме во духовната желба.

Едноставно – секој суди според мерата на својата расипаност или поправеност. И затоа тоа е многу добра проверка, каде ние се наоѓаме. Освен тоа, кога ќе бидеш во духовното ќе ти биде тешко да зборуваш со овоземни поими, бидејќи сите тие произлегуваат од духовното. Ќе биде тешко да се разбере за што зборува другиот човек, зошто пред тебе ќе се појавува само духовната слика.

Постојат многу аргументи зошто кабалистите го избрале за Книгата Зохар токму јазикот на гранките – и сите тие ќе бидат точни.

Седум милијарди треперечки искри

Прашање: Дали ние можеме со помош на читањето на Книгата Зохар да стекнеме заедничко, универзално чувство? Дали тоа чувство ја поништува уникатноста на секој човек?

За каква уникатност сега може да се зборува? За каков човек?...Станува збор за твоето "животно", од кое ние мораме повторно да го креираме Човекот. Ти имаш "магаре" ( на хебрејски магаре/хамор – од зборот материјал/хомер), а во него само една духовна искра.

Ние сакаме да ти помогнеме да ја извлечеш таа искра од "магарето", да ја соединиш со сите други искри кои блескаат над стадото на "магариња". Замислете си: седум милијарди "магариња" и над секое трепери неговата искра. Само тогаш сите тие ќе добијат заедничко чувство – на заедничката душа Адам Ришон.

Духовна недела: подготовки за саботната трпеза

Рекле мудреците: " Кој не работел во пресрет на саботата – што ќе јаде во сабота?"
Во нашиот свет времето самото си тече. Ние растеме, стануваме возрасни, старееме и умираме – сé е во зависност од времето. Истото се однесува и на другите закони кои нè водат низ животот. Управувањето за нас се одвива само од себе, но, значи ние припаѓаме на неживото, растителното и животинското ниво на развојот.Човекот го гради својот живот спротивно од "ближниот" – од сето тоа што е надвор.

Понатаму ние почнуваме да ја привлекуваме Светлината, која враќа кон Изворот, работејќи во групата – и добиваме од неа сад на душата. Тогаш се обраќаме кон Создателот (креваме МАН) и добиваме помош од Него (МАД). И дури сега после сите настани, случувања, мисли и желби во нас и во целиот свет ние почнуваме да сфаќаме дека тие доаѓаат од Создателот, од единствената Причина. Таа Причина ни ги праќа преку "ближниот" за ние, поткревајќи се над него да воспоставуваме врска и правиме пресметки со Создателот.

Така ние преминуваме кон вториот вид на управување и се креваме над знаењето во кое претходно престојувавме. Работиме спротивно на нашиот разум, желбата и го оправдуваме Вишото управување, свесни дека сите негови дејства се наменети само да нè креваат кон спојувањето со Создателот. Тогаш сите непријатни за нашиот егоизам нешта ни помагаат да се воздигнуваме, за над знаењето да го градиме односот кон Создателот.

Оваа работа ја правиме во текот на "неделата" во сите особини на душата. Шестиот ден ние доаѓаме до Јесод, кој ги вклучува сите претходни фази и тогаш чувствуваме како ближниот и Создателот се спојуваат во една целина. Така се открива третиот вид на управување. А веќе потоа, во пресрет на саботата ние навлегуваме во четвртата фаза: лично се убедуваме дека управувањето нè вклучува и нас самите.

На крај, кога доаѓа сабота, ние сме споени со Создателот над сето што минало во текот на неделата. Така со мали седмодневни порции ние стекнуваме заедничка поправка на својата душа. Секоја недела станува основа за наредната сé додека ние не дојдеме до завршната сабота (шабат шабатон).

Од утринската лекција /03/01/2011 на Каб.тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica