Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Изградба на заедничката душа

19.08.2010
За време на собирот ние ги собираме сите наши сили на давање заедно, создаваме единствена, заедничка, колективна сила. Благодарение на неа, во нас ќе се открие нова егоистичка желба. Ние ќе започнеме над неа да работиме, да се креваме во верата над знаењето, т.е. наспроти непосакувањето. Тука ние ќе откриеме дека ни се придружуваат нови луѓе. Тоа се случува затоа што кај нас се појавила сила за нив да се грижиме. Бидејки со своите дејства ние влијаеме врз заедничката душа, единственото суштество. Ние ги собираме силите на давање од секој и формираме од нив една мала душа, која веќе се наоѓа во сличност со едната душа на Адам, која престојува во состојбата свет на Бесконечноста. И излегува, дека со своите напори, ние ги пробудуваме сите души и тие почнуваат да "вибрираат" заедно! Ете во што ќе се содржи распространувањето на кабалата. Дури не треба многу материјал за целта, исправувањето – луѓето ќе почувствуваат, дека постои извор на вишата сила. Но тоа во случај, ако ние создадеме заедничка душа, колективна сила.
По брановите на Зохар – до посакуваната цел
Читајки го Зохар, ние треба да се подкренеме над неговата приказна, да "пливаме" над неа, како парче дрво по брановите. Не е толку важен текот на самата приказна – какви бранови доаѓаат и во каков облик, - јас секогаш пливам по нив со намера да ја достигнам посакуваната цел. Самата приказна може да се изразува во секакви форми – тоа нема никакво значење. Важно е јас секогаш да се држам над раскажувањето на Зохар, и да мислам само за тоа, што јас сакам да постигнам со ова читање. Јас сакам да ја достигнам силата на давањето!
Од омраза до љубов – само еден миг.
Прашање: Зохар открива толку многу мрак и зло, што кај мене предизвикува прашање: како човекот, гледајки го целото тоа зло, може да моли за љубов? Како преку злото може да се бара добро?
Ние мислиме, дека омразата од љубовта ја дели огромно растојание. Но тоа не е така. Пред се, објектот – е истиот тој, се се одвива во истата желба. Ти не се преместуваш во просторот. Тебе само ти е потребно да светне светлина и да предизвика во тебе промена од една крајност во друга, во еден момент. Кога ти гледаш без светлина – ништо не гледаш, и тогаш тоа за тебе е мрак, омраза, негативни чувства. А со светлината веднаш се открива доброто, љубовта и насладата. Тука нема никакви долготрајни дејства. Ти ја "вклучуваш" светлината – и таа моментално менува се, целата слика веднаш се менува. Сега ние престојуваме во мрак, и затоа не можеме да поверуваме, дека светлината може да се појави во еден миг. Но тоа секогаш се случува ненадејно, во брзање, како при излегувањето од Египет.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica