01.04.2011
На човечкото ниво во овој свет можеме да ги изучуваме, знаеме, и донекаде да ги контролираме: неживото, раститетелното и животинското ниво на природата. Иако не на најдобар можен начин, сепак можеме да ја сфатиме и менуваме природата до одреден степен.
Меѓутоа, не можеме да го контролираме општеството, човештвото, и денес тоа се повеќе се покажува во сé што правиме. Не можеме да израснеме нова генерација, нашите сопствени деца, како што треба.
Претходно, не мислевме многу на тоа, но денес се соочуваме со проблем: Младата генерација е сосема одвоена од нас, и не можеме ништо да направиме со младите. Кога би можеле да ги претвориме во разумни, добри луѓе (иако ние самите не знаеме што значи тоа), тогаш барем нашите деца би имале добар живот.
Сите генерации се надевале дека нивниот тежок живот ќе се исплати преку успехот на нивните деца. Но денес сме во период на транзиција: Како да се претркалавме преку врвот на очекувањата и почнавме да се спуштаме, откако изгубивме секаква надеж дека животот на следната генерација ќе биде подобар од нашиот. Затоа луѓето веќе не сакаат да основаат семејство и да имаат деца.
Во основа, се соочуваме со следниов проблем: Ако сакаме да изградиме нормален живот за седум милијарди луѓе на едноставно, телесно ниво, мораме да постоиме на духовно ниво. Со тоа што сум на човечко ниво (4), можам да владеам со пониските нивоа: неживото (1), растителното (2) и животинското (3). Но, за да го држам под контрола моето ниво, морам да се издигнам над него, на духовното ниво (5). Тогаш оттаму ќе можам да владеам со моето човечко ниво (4).
Значи, работата е многу едноставна: За да го поправам образованието, семејството, меѓучовечките односи, бизнисот, екологијата, економијата, за да се справам со нови болести и вируси, морам да знам од каде сето тоа извира, со каква причина, каде се силите кои владеат со човечкото ниво. Тие сили не постојат овде, а тоа значи дека морам да се издигнам до повисоко ниво.
Затоа Баал ХаСулам се радуваше на приликата да му ја открие мудроста кабала на сиот свет, а не само себеси, или неколкумина ученици. Но, иако тие „неколкумина" пораснаа во неколку милиони луѓе кои ги следат нашите лекции и материјали, сепак зборуваме за секого во светот.
Набргу ќе достигнеме состојба која не можеме ни да ја опишеме. Без елементарно знаење за тоа како се владее со овој свет од петтото ниво, човекот нема да може да успее во ниедна област од општествениот живот. Дури и денес програмите кои човештвото ги започнува за добро на семејството, татковината и светот заглавуваат и пропаѓаат.
Затоа, кабалата не е потребна само за мене и вам да ни помогне да влеземе во духовната стварност. Огромни кризи се насобираат во една мулти-системска криза која го турка целиот свет да се издигне на ново ниво. Ние се истакнуваме од остатокот од човештвото по тоа што, бидејќи сме на четвртото ниво, ја имаме примено „точката во срцето," желбата да влеземе на петтото ниво.
Мотивирани сме добар импулс да нé движи нанапред, додека остатокот од светот е туркан натаму од огромното страдање кое го удира одзади. Нас нé намамува со „бонбонче," тежнение кон нешто добро, додека остатокот од светот се движи од безнадежност, туркан со „стап." Тие се како животни кои не знаат кај да одат, како да се справат со катастрофите кои се случуваат насекаде. А тоа е само почетокот.