07.03.2011
Соединувањето е можно само при сличност на својствата - и не е важно меѓу кои. На крајот нема разлика меѓу деловите во реалноста. Сите делови на свемирот: неживото, растителното, животинското, човекот, Создателот - се соединуваат во една целина.
Тоа е непроменливо и таа состојба веќе постои, а сите други слики, мене ми се претставуваат само како во погрешно огледало, по принципот: "Секој суди според степенот на своите недостатоци".
Јас самиот сум виновнот што го гледам тоа така; совршената состојба во форма на секакви зла - поради сопственото неисправно воспримање, поради скршениот келим.
Затоа, односот кон секој дел треба да биде еднаков; бидејќи сите тие се соединуваат меѓусебно како апсолутно еднакви. Но, тоа што ми се чини дека некои се високи или ниски, поблиску или подалеку, повеќе корисни или штетни - сето тоа ја покажува само разликата во моите внатрешни желби и својства, кои сè уште се скршени и не се поправени.
Разбивањето не е во степенот до кој гледам пред себе, туку во мене самиот. Благодарение на својата неправилна перцепција го гледам светот такво лош, но тој всушност е совршен и постои во целосно единство, без да поминува низ било какви промени.
Малхут - созданието е она што се одделува од совршената состојба на светот на бесконечност, намалувајќи (скратувајќи) се себеси, прикривајќи се под завеси, кои се нарекуваат "светови" ("олам" - од зборот "Алам", прикриени), скриeн од таа совршена состојба. Така ние го согледуваме овој свет, губејќи ја способноста да ја видиме вистината.
Сето ова е направено за да можеме сами да воспоставиме правилен однос и да ја откриеме вистината, без оглед на тоа што се наоѓаме во лага. Секогаш треба јасно да потсетиме дека има две состојби: вистинската состојба, што ние сега ја чувствуваме, гледајќи ги сите зла, и посакуваната состојба - вистинската, што сакаме да ја откриеме, која за сега е скриена од нас.
Секогаш треба да се стремиме, да гледаме таа посакувана состојба во денешницата, и да разјасниме што ми недостигна, за да го видам светот совршен! До тој степен колку јас можам да си замислам што значи совршенство ...
Злото лице на "другата страна"
Обично не сакаме и не сме во можност да слушнеме дека духовното зависи од односите помеѓу луѓето. Исто така во детството нè учеле, дома и на училиште, дека треба да бидеме добри деца, да се доближиме со другите и да другаруваме со нив. Но, во нас живее некакво внатрешно несогласување, што зависи од големината на нашиот егоизмот.
Од историјата гледаме сосема други примери. Луѓето живееле заедно, како едно семејство, како роднини, како браќа - во еден двор, во една куќа, соба, спални, сè, во едно легло. Тие се чувствувале блиски со тело и дух, се разбирале еден со друг, не се обидувале да лицемерничат, туку се труделе да го почувствуваат другиот како самиот себе. Така било некогаш.
Но, со текот на времето нашиот егоизам пораснал и гледаме како постепено сите се оддалечуваме еден од друг, како стануваме сè поспецифични, поставуваме меѓу себе секакви бариери и услови: ти таму - јас тука, ти погоре - јас подолу или обратно. И така минуваме од состојба во состојба, додека воопшто не можеме да се замисли како да се приближи до друг човек.
Немаме таков пример, кој ќе ни покаже како да се сакаме еден со друг. Воопшто не разбираме што сакаат од нас, бидејќи живееме така, како и другите - како што е прифатено во нашето општество.
Но, кога се собираме во кабалистичка група и дознаеме дека треба да се соединеме заедно, да се потрудиме да се приближиме еден кон друг, ние не разбираме како тоа да го направиме. Дури само од тоа дека се наоѓаме на едно место и учиме заедно, одржување собир на пријателите, закуски; ние почнуваме да гледаме каква сила на одбивање се јавува помеѓу нас.
Се разбира ова одбивање не е за да се одделиме еден од друг што е можно повеќе. Но, само таму каде што не се оддалечуваме, не се одделуваме, се појавува вистински немир, омраза, спорови, секакви борби. И секако дека многу луѓе кои паднале во таква ситуација во групата, си заминуваат. Тука дејствува законот за сличност на својствата, кој привлекува слично и одбива спротивно.
А кога ќе престанеш лично да се доближуваш до другите, ти веќе не чувствуваш таква омраза и несогласување - и така се "решаваат" сите свои проблеми. Но, од друга страна, тоа не е поправка! Затоа кога откриваме во своето општество омраза, немир, спорови, треба да сфатам дека така ни се открива разбиеното кли (желба, душа) и со тоа се манифестира веќе духовниот степен, но од неговата обратна страна. По овие степени треба да се издигнам.
Од утринската лекција според "Писма на Рабаш", 07.03.2011 на каб.тв од 02:00 до 05:00