Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Имате покана одозгора - 08.02.2010

 

Прашање: Имам пријател кој сака да дознае за Кабалата и Зохарот. Треба ли да го донесам на вечерта за подготовка за Конгресот, и на самиот Конгрес?

Др. Лајтман: Мислам дека дефинитивно треба да го поканиш. Дури и ако човек „случајно" оди по улица, па помине покрај местото кај што се одржува Конгресот, а никогаш не чул ништо за Кабалата, но денес нема што да прави, и само онака се шета, и одеднаш го здогледува местово кај што може да влезе да види што се случува – тогаш пуштете го да влезе! Не постојат случајности!

Ако имам пријател кој може да ме донесе на Конгресот, тогаш тој на некој начин бил ставен до мене со цел. Тоа е знак дека сум поканет одозгора. Ако некој само си шета и решава да „намине" на Конгресот, за мене тоа е знак одозгора.

Можеме да ги намалиме болките на нашето духовно раѓање

Зохарот, поглавје „Ки Тиса," точка 24: „Како што се наближува времето на породување, трудницата се превиткува и вика од породилни болки," бидејќи е природа на трудната жена да чека цели девет месеци.

Овде се зборува за фактот дека треба време да го почувствуваме сето зло содржано во нас. Отпрвин почнуваме да гледаме само малку, но тоа сеуште ништо не значи. Секоја состојба мора да помине низ сите четири стадиуми додека во целост не ја достигнеме заедно со нејзиниот корен, и да решиме дека тоа не е ништо случајно или привремено, туку зло од самиот почеток, од самиот корен, и да дојдеме до спознанието дека мора да се ослободиме од него. Само тогаш имаме моќ да го збришеме злото.

Но во светот ги има доста кои поминуваат низ само ден или два од деветтиот месец, додека сите болки на трудницата се во деветтиот. Затоа, дури и ако поминала само низ еден ден од деветтиот месец, се смета како за неа да поминал целиот тој месец.

Тука Зохарот зборува за откровението на злото, изгонот, и покајанието. Тој вели дека не мораме да чекаме да дојде крајот на 6000 години ако веќе чувствуваме дека сме влегле во деветтиот месец на „бременоста" и породилните болки на прогонството. Тоа значи дека веќе сме способни да го завршиме целиот процес на исправка.

Така е и со Израелците: бидејќи го вкусија вкусот на прогонството, ако се покајат, се смета како да ги преживеале сите маки опишани во Тората, особено затоа што имаат преживеано неколку болки од почетокот на прогонството.

Тука се вели дека траењето на прогонството не зависи од времето. Тоа значи, зависи од времето само додека не дојде „деветтиот месец." Мораме да поминеме низ „осумте месеци" товар – тоа е сигурно. Но кога ќе почнеме да го чувствуваме уште првиот ден на деветтиот месец, оттогаш се зависи од тоа чувство и нашето целосно спознание на нашето зло во однос на коренот. Тогаш ќе можеме да излеземе од прогонство бидејќи „се смета како веќе да сме поминале низ сите несреќи."

Периодот наречен „првите осум месеци" е период на подготовки, периодот на прогонство низ кој мораме да поминеме. Нема начин да се избегне или скрати. Тоа беше периодот пред Ари. Од Ари натаму, почна друго време, кое може да се скрати колку повеќе што напредуваме. Тоа ќе ги зголеми „породилните болки" на нашиот развој и ќе не оспособи да го завршиме доста пред да завршат 6000 години.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica