Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Интернет

Интернет  15.04.2010

За да се придвижите, сте обврзани да почнете да го создавате овој систем, бидејќи тоа е систем на групите, кои одат кон духовното. Неговото остварување - како што ни велат кабалистите, е она што во суштина треба да го направиме. Кога се занимаваме со тоа преку интернет, грижејќи се за групата и под надворешна форма, а тие од друга страна за нас, со сето тоа ќе се обновиме себеси. И ќе се придвижиме напред, како што Рабаш пишува во своите статии.

Не гледам никаков друг механизам за стартување и никаков друг систем кој би не одржувал и влечел постојано.

Што е ова интернет? Ова е изградба на врска, средство. Сега му пристапуваме на тоа средство и во суштина не гледаме ништо друго. Публикувајте уште десет книги за деца и возрасни на сите можни јазици - сето тоа не е важно, можете да го исфрлите сето тоа - тоа го направило веќе она што требало да го направи. Сето што сега ќе прави е да се размножува себеси. Во тоа нема духовност.

Ако би ширел некоја идеја во овој свет, некоја нова религија, или уште нешто - ова е нормално, ти си во право - дејствувај. Но ти си должен да пренесуваш нешто друго: внатрешни сили, духовна сила, а тоа ти не го пренесуваш.

Затоа и треба да се занимаваме со тоа. Во тоа јас го гледам единственото преостанато средство.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica