Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Искра на сеќавање за иднината

 

30. 06.2010
Прашање: Што претставува таа точка што се појавува во срцето во испразнетата желба на овој свет?


Сите желби на човекот се нарекуваат негово срце. Точката во срцето – е претходната врска на срцето со другите срца, останата од разбивањето на врската меѓу нас. Некогаш ние бевме поврзани со своите желби, срца, заедно, во единствен систем Адам. Тие взаемни врски меѓу нас изчезнаа – останаа само разбиени парчиња.

Заедно во соединувањето ние претставувавме духовен сад – заедничка желба, наполнета со светлина. Со прекинувањето на врската меѓу нас, светлината исчезна.Потребно е исчезнатата светлина да се врати и да ја воспостави претходната врска, да направи од нас даватели едни на други, "да не врати кон изворот". Затоа таа се нарекува "светлина што враќа кон изворот", кон доброто, која не' враќа нас кон взаемната врска која се нарекува добрина.


Оваа врска е Создателот, Тој се наоѓа во врските меѓу нас, а самата желба (срцето) – тоа е само материјал на создавањето. Тоа не се менува и може да биде мало или големо, но нашата состојба зависи од степенот на поврзаноста меѓу нас. Се уште оваа точка во срцето не ја чувствуваат сите. Нашата егоистична желба треба да се развие до некое одредено ниво, за во него да се пројави точката во срцето. Во почетокот желбата ја чувствува празнината на овој свет, а потоа открива во себе стремеж кон инакво наполнување...Ова наполнување, светлината, не се наоѓа во желбата, туку и свети оддалеку и затоа се нарекува опкружувачка светлина.


Расказ за идеалното семејство


Целата Тора раскажува само за тоа како да се соединат сите души заедно, како да се исправат, залепувајки ги во една целосна душа. Напишано е:" јас го создадов почетното зло и ја дадов Тора за негово исправување, затоа што нејзината светлина враќа кон изворот".
Светлината на Тора не враќа кон една желба. Целото кажување на Тора зборува само за тоа како се случува соединување помеѓу сите души. Тоа зборува само за обликот на врските меѓу деловите ЗОН во сите состојби.

И затоа светлината од тие состојби на поврзаност ја воспоставува врската меѓу нас, не враќа кон изворот, Создателот. Тешко е да си замислиме како може толку многу да се раскажува за соединувањето на искршените парчиња на заедничката душа, но целата Тора зборува само за тоа. Светлината на Тора иако произлегува од заедничката душа, но поминува преку системите создадени после нејзиното разбивање, и затоа е прилагодена на нашата разбиена состојба и може да ја исправи.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica