Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Исполнување-тоа е екран и одразената светлина

 

04.07.2010

Ние секогаш размислуваме за исполнувањето. И ние сме создадени за исполнување, меѓутоа совршеното наполнување е возможно при неограничената желба, каква што може да биде надворешната желба, која постојано се обновува, која ти ја исполнуваш со своето давање и љубов – и затоа се чувствуваш во совршенството и вечноста. Да бидеш тој кој дава, значи да имаш желба и можност да даваш така, што ниту желбата, ниту можноста никогаш не завршат. Но целта на создавањето не е во давањето, туку во исполнувањето на суштествата. Целта на Создателот е да ги исполнува суштествата, да ги насладува, да ние добиваме од Него?

Тоа е во ред од страна на Создателот, но од наша страна примањето се состои во тоа да ние постојано со своето примање му дозволуваме на Создателот да ни дава, донесувајки му Нему и себеси непрестајно, вечно задоволство. Т.е. целта на мојата работа е – да се биде во непрестаен стремеж кон Него, и тој стремеж е истовремено моето исполнување. Бидејки исполнувањето на парцуфот – тоа е екран и одразената светлина. Денес ние нецелосно ја разбираме таквата состојба. Таа ни се чини вештачка, одбивна, нереална. Но ние и денес живееме само во мера на нашето исполнување,само егоистичкото, и затоа ограниченото, се' до страдања! Вистинското исполнување – тоа не е директна светлина, туку исполнување преку давање – тоа се екран и одразената светлина.

Како екранот може да биде наполнување? Екранот е нешто што ја одбива светлината назад, не и дозволува да влезе во душата ( парцуф), некоја препрека. Како може да постои исполнување од препрека?


Но кога Јас самиот ја поставувам таа препрека, Јас самиот ја создавам – тоа ме исполнува како мое давање на Создателот. Бидејки таа препрека е против мојот егоизам, мојата желба да се насладам, како гостин, а не против Домаќинот (во приказната). Тоа е препрека која не ми дозволува да примам бесплатно. А одразената светлина – тоа е моето исполнување. Бидејки со тоа јас исто така можам да сторам нешто поради давање – и тоа ме исполнува. Ако е така, тогаш зошто ни се потребни исполнувањата? – Тие се потребни само поради тоа - екранот и одразената светлина да постојат. Бидејки Создателот се насладува не од исполнувањето, туку од давањето. И јас исто така се насладувам од тоа, што го давам. Тоа е сличност на особините и спојувањето со Него. Затоа почетната желба за насладување, создадена од Создателот, и исполнувањето наспроти неа, - тоа се само неопходни услови за да се изгради врз нивниот темел, над нив, нова желба и ново исполнување. И нив ги создавам Јас!

Идниот свет – во следниот миг

Ние се наоѓаме во системот на души, поврзани меѓу себе, кои престојуваат во исправена состојба која од почеток е создадена од Создателот. Речено е :" Завршницата на дејствието е – во почетната замисла". Создателот со Својата мисла прави се. Тој намисли – и се се оствари. Ние треба да ја достигнеме истата таа состојба со својата работа. Зошто?

– За да можеме да ги разликуваме во истата таа состојба сите градации на особините, сите составни делови, да се почувствуваме владејачки, дека ја чувствуваме и ја постигнуваме. Затоа ние се наоѓаме во истата таа состојба, само во целосно бессознание. Што треба ние да правиме?

– Да молиме за освестување. Јас сакам да видам, дознам, осетам, каде се наоѓам! Каква состојба во светот што го чувствувам е слична на таа духовна состојба, создадена од Создателот? Тоа е врската меѓу нас, кои се стремиме кон него. Сега, расипаната врска меѓу нас ми дава чувство кое јас го нарекувам "Овој свет". Јас ја осеќам како таква, бидејки се чувствувам само себеси, целосно сум задлабочен во себе. Ако пак моите сетилни органи почнат да работат на спротивен начин, одвнатре – нанадвор, јас ќе ја почувствувам вистинската реалност, во која се наоѓам. Таа промена на чувствувањето "одвнатре нанадвор' се случува постепено, по 125 скалила, како резултат на нашата работа, нашите напори, нашата молба тоа да се случи. Каде јас го реализирам целиот тој процес, за да не престојувам во илузии, да не се збунувам и да не грешам?

– Во групата, во мојата сегашна состојба , јас морам да го реализирам тоа практично. Токму за тоа јас молам. Сето е опипливо и едноставно: постои група, во која сите се стремат да ја достигнат поврзаноста меѓу себе. За тоа ние молиме за време на читањето на Книгата Зохар.
Зошто? Затоа што, читајки ја оваа Книга, ние ја поттикнуваме нашата вистинска врска со силата која владее меѓу нас, која се нарекува "Создател".


Тогаш нашите очекувања имаат шанса да се остварат – дури иако тие не се вистински, туку вештачки. За тоа е речено "Ќе направиме и ќе слушнеме". Таквиот однос кон нашата состојба, кон учењето и кон тоа што треба да се случи- се нарекува намера, а нашата работа – внатрешна работа на човекот, работа на Создателот. Користењето на овој систем преку книгата и силата што владее во нас, се нарекува наука кабала. Сето тоа се фази на откривање на Создателот пред суштеството. Што значи "откривање на Создателот"? – Откривање во нас на силата на давање. Затоа Создателот (Бо-ре) се нарекува "Дојди (Бо) – Види (Ре)". Конечно, ние се занимаваме со работата на создателот – во тоа се состои целата наука кабала.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica