Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Исправката започала од Вавилон

28.09.2010
Суштеството во целина се нарекува "Вавилон". Тоа е создадено од желбата, која го поминала развитокот во четирите фази на светлината, слегувањето во световите, раѓањето и разбивањето на структурата Адам- на крај, желбите за примање и давање се измешаа така, што во секоја постојат делови од сите останати. Потоа на оваа разбиена состојба се пролева светлината – и разбиените делови почнуваат да се пробудуваат од неживата желба кон растителната, животинската и човечката. Но напоредно со понатамошниот развиток на егоизмот во луѓето, во едниот од луѓето, Адам, пред 5770 години, се создаде желбата за давање. Од тоа започнал процесот на исправување. Затоа од него почнува броењето на времето. Така се менуваат 20 поколенија во подготовка за заедничкото исправување. Првото пројавување на целосното разбивање се нарекува "Вавилон". Почнувајки од него, веќе многу илјадници луѓе оделе по патот на Адам во откривањето на Создателот, и затоа тие се нарекувале "човек" – поинаку "син на Адам" (бен адам).

Светлината продолжува да се излева врз разбиените желби, и нејзиното влијание предизвикува во нив пројавување исто така и на разбиените желби за давање – предизвикува неспокој. Човекот инстинктивно започнува потрага, посакувајки да ја наполни својата желба, тој сака да ја открие вистинската состојба, да ја пронајде причината на раскинот помеѓу особините на примање и давање. Токму тоа го доведува него до откривање на Создателот.

Редослед на исправувањето на заедничката душа

Светлината, со своето влијание, ги одделува во нас давачките и примачките желби – и ние почнуваме да чувствуваме отргнување помеѓу нив. Излегува, дека желбите за давање тежнеат кон поинакво воспримање и наполнување, отколку желбите за примање. Кај секој од нас постојат желби од двата вида – прашањето е само во тоа, кои од нив преовладуваат. Во душите, наречени "Исраел", даватели, Г'Е преовладува над АХАП, а во душите на "народите на светот", приматели, АХАП преовладува над Г'Е. Првиот тип на душите е поблизок до светлината, која свети врз нив (О''М), и затоа тие први го започнуваат исправувањето. Додека "Исраел" не се исправи себеси, невозможно е да се пристапи кон исправувањето на "народите на светот". Најпрво "Исраел" ја исправува во себе Г'Е ( десната линија), потоа ја присоединува кон неа АХАП ( левата линија), а потоа создава од нив средна линија, исправувајки ги "народите на светот" во себе. Тогаш тој може да го продолжи исправувањето кон општата категорија на "народите на светот", бидејки неговите исправени келим се поврзани со неисправените келим на останатите души, кои престојуваат во очекување. Работата во двете линии со давачките и примачките келим, нивната правилна комбинација, ја создава средната линија. Такви се фазите на нашето исправување во двата дела на заедничката душа. Притоа, основните исправување се остваруваат во АХАП, во примачките келим на "народите на светот", а делот Г'Е, начелно пристигнат од Бина, се наоѓа во АХАП само поради тоа, за да ја исправи. Затоа, сите наши исправувања, кои претходат на исправување на "народите на светот' во заедничката душа, претставуваат само подготовка.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica