Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кабалата во служба на светот

Баал ХаСулам, „Науката кабала и филозофијата":

Постои приказна за тоа, како Ашмадај го истерал царот Соломон од Ерусалим, и седнал на неговиот престол... Царот Соломон не можел да им ја открие својата мудрост на мудреците во местата на прогонството, и морал да дојде во Ерусалим, во Санедрин, кај оние, што учеле кај него, и го познавале. Тие посведочиле за длабочината на неговата мудрост. Така и на науката кабала потребни ѝ се големи мудреци, истражувачи на срцето, кои ќе ја изучуваат 20-30 години, и само тогаш ќе можат да сведочат за неа.

Денес сè е сосема поинаку. Пред сè, ние сега ги имаме книгите на Баал ХаСулам, адаптирани за современата генерација. Тоа многу го забрзува процесот. Баал ХаСулам го подготвил научниот дел, за нас, а Рабаш – практичниот, и соодветно на тоа, нашите чекори на духовниот пат се забрзале. Сепак уште ни се потребни години, но не и десетици години. Освен тоа, денес голема улога игра општата состојба на човештвото. Во минатото кабалистите не биле зависни од темпото на надворешниот развој, тие ја продолжувале својата работа и граделе „канал”, за науката кабала да тече паралелно. Тие не морале да ја откриваат кабалата на својата генерација. Од друга страна, ние живееме во периодот на реализацијата, т.е. мораме да оствариме општ подем и затоа сме зависни од целиот свет. Според степенот на неговиот развој, и нам ни даваат нови точки на примената, откривањето и напредувањето.

Тоа значи дека сите ние сме обврзани да се подготвиме за служба на светот. Јас тоа го знам по себе: морам да „соџвакам” многу работи, да се вратам на нив, да навлезам во нив уште повеќе, иако за мојот напредок тие не ми се потребни. Замислете си, дека човекот, кој треба да стане научник, истовремено го обучуваат за воспитувач во детската градинка и школски учител. Токму тоа го бара современата генерација, и пресметката за секој се прави не според личните преферирања, туку според неговото место во општиот систем. Нема смисла да се издига некој поединечно, и дури големите кабалисти ги издигале за работата, која тие морале да ја извршат во следната фаза, во рамките на општиот процес, за нејзините резултати да им послужат на другите.

А денес, пак, сите ние сме зависни од напредокот на светот, и затоа можеме, на пример, да остануваме на некое скалило, додека светот не го направи следниот чекор. Добрите промени ќе доаѓаат само како општи светски промени, соодветно на нив. Меѓутоа, тоа не значи, дека можеме да престанеме и да кажеме: „Ние веќе доволно направивме, и сега ќе ги почекаме”. Не, ние спроведуваме заемна работа: нашите поправки се „пролеваат” врз сите други, а нивните напредувања ни помагаат нам.

Да се надеваме, дека новата 2013-та години ќе ни донесе корист. Ние мора да вложуваме напори, надворешни и внатрешни, за да стигнеме до најоддалечените места, вклучително и земјите, што се нашле под силниот удар на кризата – како Грција, Шпанија и др. Ние мора да најдеме и да ги употребиме сите можни средства, за да шириме науката кабала насекаде. Тоа многу ќе го забрза надворешниот развој, и ќе ни даде можност за внатрешен развој.

Нашето богатство е трепетот пред Создателот

Од статијата „Негово богатство е трепетот пред Создателот” (Шамати”, №38):

Мудреците рекле: „Сè е во власта на небесата, освен трепетот пред Создателот”, бидејќи Создателот може да му даде на човекот сè, освен тој трепет. Што дава Создателот? Тој додава во нивните односи љубов, но не и страв.

Нашата цел е да достигнеме спојување со Создателот. Спојувањето се достигнува за сметка на сличноста во особините. А кон сличност во особините доаѓаме за сметка на достигнувањето од страна на човекот, на исто таква љубов, со каква Создателот се однесува кон него. Односно, потребно е да ја достигнеме љубовта. Создателот цело време додава од Себеси кон таа љубов, и како резултат, ние чувствуваме дека некаде напредуваме со помош на страдањата, бидејќи ништо не додаваме од наша страна. За да дојдеме до љубовта, човекот треба да го изгради својот духовен сад, кој се нарекува „трепет”, страв од тоа, дали тој ќе има љубов кон Создателот?

За достигнување на тој страв, неопходна му е Тора, Светлината, која враќа кон изворот, заповедите и правилната намера за нивно извршување – во спротивно тој ќе остане на неживото скалило. Потребно му е опкружување, кое ќе го потсетува на правилната намера за време на работата со Тора и заповедите, за другите да го задржуваат во посакуваната намера, и да не дозволат да заборави за доброто на Создателот. Затоа Тора и заповедите не се дадени на еден човек, туку на многумина, и секаде е речено „вие”, а не „ти”. Без намерата да се достигне Создателот, љубовта кон Него, невозможно е да напредуваме. Тоа мора да биде причина, од која сè започнува и која нè обврзува на сите дејства.

Жива желба

Прашање: Што значи, да се подготват нашите духовни садови?

Одговор: Тоа значи, да се подготват садовите за примање на наполнувањето, како да се донесе чинија, кофа, некој сад. Сад (кли) се нарекува желбата, во која ти можеш да примиш наполнување. Тоа не е некаков нежив сад, туку твојата желба. Дали таа желба е насочена точно кон она, што ти треба да го добиеш согласно на редот на скалилата? Ако таа не е соодветна на нашата цел, тогаш ти немаш ништо да обезбедиш за наполнување, небаре си донел вреќа, и сакаш да ја наполниш со вино. Но тоа е невозможно, бидејќи вреќата е несоодветен сад за течност. Желбата треба да биде токму за правилното наполнување, а тоа значи секој пат за се поголема поврзаност помеѓу нас. Во врската меѓу нас, ние генерираме желба за уште поголемо соединување – за во него да се открие љубовта на Создателот, и да пробуди во нас исто таква љубов кон Него. А подготвителниот чекор кон достигнувањето на љубовта кон Создателот е достигнување на трепетот во нас. Трепетот е поправка на желбите за давање, Г”Е, а љубовта е поправка на желбите за примање, АХА”П.

Садот не егзистира самиот от себе. Тој е последица на нашето соединување, во најмала мера на „десетмината”, неопходни за достигнување на целосниот сад. Садот ќе биде целосен, ако ние максимално се стремиме кон наше внатрешно соединување, сакајќи да откриеме внатре во него особина на заемното давање, преку која ќе можеме да стигнеме до љубовта кон Создателот.

Неопходно е на Светлината да ѝ се даде во нешто да работи. Ние не ѝ даваме таква можност! Тоа се нарекува: „Дојдов Јас, и не најдов ниту еден човек”. Човекот го нема, бидејќи ние не сме ја создале таа слика со своето соединување. Ние не тежнееме кон тоа, забораваме, ни се чини дека тоа не е поврзано со работата, и не ни влегува во главата и во срцето. Ако пак нема правилна намера, тогаш е жално бадијала да се троши времето за учење. На таков начин ние нема да можеме да се искачиме повисоко од неживото ниво на светоста. Затоа ние навистина остануваме во мртвата света состојба: повторувајќи едно те исто секој ден, како мртви.

Од лекцијата за „Предговорот кон ТЕС”, 27.12.2012, на Каб.Тв

Секогаш започнуваме од нула

Прашање: Како да го искористиме опкружувањето, за да изградиме правилна намера?

Одговор: Речено е: „Човекот да му помогне на ближниот!" Грижата во срцето на човекот треба да повлијае врз сите други, да ги пробуди нивните срца. Тоа функционира дури и без зборови, и уште повеќе, ако ние можеме дополнително да си помогнеме со тоа, што механички зборуваме со другите, дури и наспроти нашата желба, и се пробудуваме еден со друг.

Ако јас сега почнам да потскокнувам, тогаш како резултат ќе го подобрам своето расположение, и ќе почнам да се веселам. Секогаш започнуваме од нула, токму заради таа причина на нашето скалило ни е дадено воспримањето на реалноста во облик на овој свет. На таков начин ние имаме можност да влеземе во состојба, која засега не ни е достапна. Тоа ни дава единствена можност за напредување. Затоа што во духовниот свет функционираат строги закони: ако се наоѓаш на некое скалило, ништо не можеш да промениш. Треба да дојдеш во некоја друга состојба, за оттаму да се промениш себеси од сегашноста.

Благодарение пак на овој свет, ние доаѓаме во некоја можеби механичка, но понапредна состојба: можеме да пееме, да го гушнеме пријателот, да зборуваме со него, да се инспирираме од него, иако внатрешно тоа воопшто не го посакуваме. И благодарение на тие механички, материјални напори, ние почнуваме да се пробудуваме. Кога не би се наоѓале во материјалните тела, ние би ја немале таа можност. На каков друг начин можеме тоа да го направиме? Затоа овој свет е извонредно важен. Од една страна, тој е илузија, која постои само во нашата замисла, нешто вештачко, што се наоѓа надвор од духовната скала, надвор од сите системи на нечистите сили и светоста. Од друга страна, пак, без него не се може! На кое било највисоко духовно скалило, дури и на последното, пред крајот на поправката, ние не би можеле ништо да направиме, кога не би постоел овој свет. Затоа постојат цилкуси на душите. Ние сме обврзани да се враќаме во овој свет и во случај да сме го поминале половина пат по духовните скалила. Оваа земна реалност мора да постои.

Иако прашање е, што претставува оваа реалност. Сосема е можно, дека сега ти е дадена таква излузија, небаре живееш на земјината топка со седум милијарди луѓе, во голем универзум и сето тоа е твојата реалност. И јас исто се наоѓам внатре во тебе, како твој дел, кој мораш да го присоединиш кон себе. Но постојам и „јас”, кој воопшто не е поврзан со тебе, и го чувствува својот свет со седумте милијарди луѓе, земјината топка и планетите – својата реалност.

Од лекцијата по “Предговорот кон ТЕС”, 27.12.2012, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica