Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кабалата - наука за законот на Природата

25.02.2011

Прашање: Соединувањето меѓу нас, нашите напори да се отстрани отфрлањето меѓу нас, - зависи само од откривањето на Вишата сила, Создателот?

Во нас постои само силата на отфрлањето и искористувањето. Во таков однос кон другите Создателот не може да се открие. Ние треба да му создадеме место за откривање – добри односи меѓу, нас кои ќе бидат соодветни на Неговата природа. Каде ќе се открие Тој во тебе ако не Му даваш место? Каде е твојата желба за "давање" во која ќе се открие Создателот?
Тое е исто како желбата, без радиоприемник да се фати бранова должина. Ако во тебе не постои особина на давање, како ќе ја осетиш заедничката особина на давање – Создателот? Создателот е сеопфатен бран кој те опкружува. Ако немаш приемник, т.е. особина сличен на тој бран, ако не си сличен на него, - ти не го фаќаш. Велиш: "Не! Нека се открие прво Тој !". Но како Тој ќе се открие?

Сепак тоа е закон! Тоа е сила која се открива само во матерјал соодветен на неа. Соодветен материјал – тоа е желбата за насладување, која се стреми да стане исто така давачка како и Создателот. Во мера на својата сличност таа Го открива Создателот. Ти можеш да тврдиш што сакаш, но твоите услови не се прифаќаат од Природата. Велиш: "Јас сакам да лебдам во воздухот без силата на гравитација!". Што од тоа ако сакаш?...Скокни од покривот да видиме како ти со твојата желба ќе ги промениш законите на Природата...

Настојуваш Создателот да се промени?! Но, тоа е сеопшт Закон на Природата кој гласи: "Јас давам, Јас оживувам сé. Тој кој посакува да Ме открие, да се крене на Моето ниво треба да стане ист како Мене". Како можеш да бараш од Него?! Тој не се менува! Сите промени можат да бидат само во тебе. "Не! Нека се открие прво Тој, јас ќе почекам!" Кој закон може да се открие ако не се создадени условите за негово откривање?!.. Оди помоли се – можеби ќе се открие? Ако Тој се открие, тоа ќе биде спротивно на сите закони на Природата. Ти ќе Го замолиш: "Каква разлика Ти прави тоа? Зошто си Ти толку тврдоглав? Откриј се на крајот на краиштата!" – и Тој ќе се открие?.. Такво нешто никогаш нема да се случи! Тоа е едноставно глупост и тапоглавост – така да се мисли и да се чека. Во тој случај ти сметаш дека Создателот е сличен на човекот кој се менува. Но Тој не се менува. "Законот е утврден и не може да се прекршува".

Создателот – е општ закон на целиот универзум, а не човекот. Тоа е закон, сила. Кога велиш дека Создателот е милосрден и милостив – значи Тој тебе само ти се чини милосрден и милостив според степенот на твоите промени. Но, Тој самиот нема ниту милосрдие ниту милост, нема никакви чувства. Да речеме во ѕидот има штеќер со три дупки, од коисо помош на кабли јас можам да влечам електрична енергија. Таа сила може или да изгори или да исцели, да загрева или да лади, да удри со електричен шок или да смири. Таа може сé – во зависност од тоа како јас ја користам. Но, ти велиш дека таа сила е лоша или добра. Меѓутоа ти ја користиш така, за да биде лоша или добра. Но самата таа нема никаква форма.


Прашање: Ако мојата природа е желба за насладување, но Вие ми велите: "Мораш да посакаш да даваш! Посакај од длабочината на срцето!". Зарем тоа не е еден вид на чудото кое треба да се случи во мене?

Не! Силата која создала сé, средила така што целата реалност која се развива од неа треба да дојде кон идентична сличност на особините со неа. Во таа реалност има неживо, растително, животинско и човечко ниво. Последното, највисоко ниво на развојот на желбата кое се нарекува човечко, мора да се промени и да ги вклучи во себе исто така и неживото, растителното и животинското ниво. На таков начин да ја достигне сличноста на особините. Таков е законот. Тој закон влијае врз целокупната реалност, врз сите желби и ги води кон сличност на особините.

Кога еден претставник на човечкиот род достигнува одредено ниво на развој, наеднаш открива дека постои закон кој го развива, дека тој се развива внатре во тој закон – внатре во Природата. Тоа бил Адам ха Ришон- првиот Човек. Тогаш тој напишал: "Ние, луѓето, треба да достигнеме сличност на особините со Вишата Сила. Вишиот е давател. Јас открив дека тоа е општата сила на Природата. Таа врши притисок врз сите, терајќи ги да се развиваат. Сега сум открил од тој закон дека ние можеме да извлечеме сили за нашиот напредок во текот на еволуцијата на подобар начин. Ние можеме да ја искористиме таа сила за да си ги олесниме фазите на развојот".

Оваа метода се нарекува наука кабала – наука за тоа како во таа сеопфатна сила на Природата ние можеме да се развиваме покомфорно. Ајде да си ги олесниме фазите на развојот во кои тој закон влијае врз нас принудувајќи нè да го достигнеме крајот на патот! Сам за себе овој закон, исто како и другите е ниту добар ниту лош. Но со помош на мудреците, наречени кабалисти, си открил дека можеш да го искористиш за да малку си го олесниш патот – на ист начин како што ги користиш и другите закони на Природата, кои си ги открил и си ги собрал во наука. Тие ти помагаат да живееш, да се средиш во животот.

Исто и овој закон ти помага – законот кој ти ги олеснува скалилата на развојот, за да не се движиш под "валјакот на развојот" туку да ги поминуваш тие фази меко и лесно. Таа метода се нарекува метода на поправка, наука кабала. Но ако не ја употребуваш, сепак ќе се продвижуваш, меѓутоа под голем притисок од страна на Природата, на обичен начин. Тоа е сé што имаме.

Ние имаме развиено наука. Исто како што знам како правилно да ја искористам силата на гравитацијата, електростатските, електромагнетните, оптичките и другите сили, исто така развив уште нешто: како правилно да ја искористам силата која ме развива, како да ја употребам на најдобар начин за мене. Што значи " на најдобар начин за мене"? Според мојата природа јас не сакам да се развивам, бидејќи развојот е тежок , а јас морам да претрпам измени. Но таа сила ме притиска – така разбирам дека немам избор, дека морам од ден на ден да ја менувам својата природа. Што да правам? Тогаш од Природата ми се открива: ако ја привлечеш оваа сила пред таа да дојде до тебе, како и секогаш преку притисок; во секој случај ја користиш за развој, меѓутоа развојот ќе биде посакуван ако ти ја привлекуваш. Но како да се направи, тоа да биде посакувано? Бидејќи јас не сакам да се развивам.

Тогаш ми велат: тоа можеш да го направиш со другите. Тие можат да влијаат врз тебе укажувајќи ти дека вреди да се развиваш. Ако илјадници луѓе ми велат дека вреди да се развивам, ме повикуваат да одам заедно со нив, јас ги слушам – и почнувам да посакувам: "Нека дојде оваа сила и ме развива денес по моја желба, отколку да се сруши врз мене утре со удар!". Во тоа се состои целата метода. На таков начин ние ги користиме сите закони, сите откривања, сите науки.

Јас ги изучувам законите на Природата – на пример законот за гравитација. Тој закон за гравитација сега ќе ме привлече кон земјата и ќе ме скрши. Додека јас пак, сакам да полетам од висока планина. Што да правам? Како можам да ја искористам истата сила на гравитација, но не во нејзината природна форма, кога таа ме привлекува кон земјата, туку на спротивен начин? Во сé она што ние правиме, ја земаме силата на Природата и ја користиме пред таа да влијае врз нас директно – да нè привлече, да нè уништи, да нè спали.

Ние создаваме таканаречен екран – одреден отпор меѓу нас и таа сила, и почнуваме правилно да ја користиме. Не го користиме огнот како спалувачки пламен каков што првично сме го откриле, туку за загревање. Силата на гравитација ја користиме за секакви направи. И така – сé. Ние ги користиме силите на Природата пред тие да стигнат до нас, пред да нè притиснат и уништат. Бидејќи тие доаѓаат кај нас да ни вршат притисок: затоа што со својот притисок тие нè развиваат. Но ако ние го заобиколуваме тој притисок, се согласуваме со нив, им одиме во пресрет, тогаш се развиваме со нив на убав начин. Јас ги поминувам истите фази на развојот само без притисок. "Не ме притискај, јас се согласувам! Ајде да одиме заедно!". Тоа го правиме ние, и тоа се нарекува наука кабала.

Од утринската лекција - 25.02.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica