Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Каде е излезот од ќорсокакот?

04.05.2011
Ние сме спуштени од самиот свет на Бесконечноста, преку сите светови до „овој свет", од каде што треба да се искачиме во спротивен правец. Додека сме се спуштале, нашата желба се намалувала: од свет на свет, од ниво на ниво, додека не сме дошле до овој свет каде што не ни останала желба кон Светлината, кон Создателот, кон духовното! Останала само мала искра на животот, за некако да постоиме и таа се нарекува „овој свет".

Потоа, развојот оди така што желбата во нас почнува да расте и таа ни е потребна за да изградиме слична Светлина. Во нас се открива сè поголема егоистичка желба, а ние треба да се издигнеме над неа, над тој природен егоизам.

Но, тоа е невозможно без помош на Вишата Сила, невозможно е да се разделат желбата и намерата за да на местото на таа желба се добие намера за давање и да се издига сè повисоко. Односно, целото придвижување се одвива над егоизмот, за да на крај го замразиме самиот егоизам увидувајќи дека од него доаѓаат сите наши проблеми и страдања. Но тоа не е лесно да се распознае.

Човештвото веќе започнува да открива дека цел живот кој сме го граделе на земјата се движел во ќорсокак и дека целата причина за тоа е човечкото его, значи сами си го уништуваме својот свет. Иако го гледаме тоа, сепак не престануваме. Желбата за наслада го продолжува својот òд по определениот распоред и дејствува егоистички. Ние не сме способни да се воздржиме, да ги намалиме потребите и да ги подобриме односите еден со друг. Светот продолжува да тоне сè подлабоко во пропаст, повлечен од својот егоизам. Човекот бидејќи не се истражува себеси, не може да ги открие силите во себе кои можат малку да ја подобрат ситуацијата и да се спаси. И тоа е самиот почеток на нашето паѓање.

Допрва ќе видиме дека сè ќе се случува по точно напишаниот распоред, дека човекот ќе го види ангелот на смртта, кој му се приближува со капки отров на остриците на мечот кои тој послушно ги пие и умира. И тој нема избор, тоа го бара од него егоистичката желба! Но, продолжуваме да дејствуваме како и до сега, иако ни се кажува дека светот нема да опстои, ако не работиме на својот егоизам.

И навистина, не сфаќаме зошто да работиме, не сфаќаме дека може да постои и друга програма. Но, од друга страна Создателот го мрази егоизмот, тоа е спротивна форма од Неговото давање и затоа што во таков обратен, негативен вид таа ќе продолжи да се открива. И што да правиме?

Тука, како кај човекот во неговата лична духовна работа, така и во целиот свет во општата работа со својот егоизам, нема друго решение освен осознавањето на своето зло. Злото ќе ни се открие и ќе ни покаже дека ние сами ништо не му можеме и дека имаме потреба од Вишата Сила. Тогаш Таа ќе се појави и ќе ја измени нашата природа. По тој пат оди личното исправување на човекот и општото исправување на светот.

Светска војна или светска гаранција

Потребно е поактивно распространување на кабалата во светот, за луѓето колку што е можно побргу да ја разберат под влијание на заедничката мисла, заедничката желба. Бидејќи достигнувањето, сфаќањето, мислите преминуваат од еден на друг. На тој начин е можно да се забрза својот развој со помош на опкружувањето и да се добие многу време.

Благодарние на заедничките напори и заедничката помош, кои се нарекуваат „гаранција", ќе сфатиме дека ни е потребна промена, по што ќе ни се открие Вишата Сила и со Нејзина помош ќе се издигнеме над егоизмот, ќе излеземе од „Египет". Така ќе биде и со кабалистичката група и со целото човештво.

Ако во светот не се открие Вишата Сила и не се појави можност за сопствено исправување со помош на кабалата, ние ќе поминеме на патот за поправување со големи страдања, вклучувајќи и светски војни. Создателот мрази егоистички тела и е подготвен на сè, само да го уништи нашето его дури и со најдраматични настани кои се случиле во историјата.

Пред човекот стојат две патеки за исправување на желбата: патека на Светлината, „забрзување на времето" (ахишена) и природната патека на развојот: страдањата, „во свое време" (беито). Или ќе почувствуваме колку омраза доаѓа од страна на Природата, Создателот на нашата егоистичка желба, или самите внатре во себе ќе развиеме непомирлива омраза кон својата егоистичка природа. Треба да го достигнеме крикот, после кој ќе се открие Создателот, Светлината и ќе ја исправи нашата намера од егоистичка во намера за давање. Но, до тој крик, треба да одлучиме дека нема полоша состојба и дека не остануваме ни момент повеќе во своето его.

Прашањето е само како ќе дојдеме до таа состојба, под удари или благодарение на разјаснувањето. Но резултатот треба да биде еден: јас не сакам повеќе да го трпам своето его и го мразам повеќе од сè на светот – „подобро смрт, отколку ваков живот". Ако така го почувствувам својот егоизам, Светлината ќе почне да работи.

Сè се случува според природните закони. Јас не можам погласно да викнам и да ја привлечам Светлината. Ние сме исправени пред строгите закони, пред Вишата Светлина и поминуваме низ посебни состојби, етапа по етапа, а Светлината дејствува според распоредот на нивоата кои се откриваат на Светлината и желбите. Затоа, бесмислено е да се седи и чека кога тоа само ќе се случи.

Пред сè, за нашата желба е потребно поправање и целосна омраза кон својот егоизам. До него секако дека ќе дојдеме, по пат на страдања или по пат на Светлина – едно од двете. И тогаш ќе се открие Создателот и ќе не поправи. Порано, само неколку избрани луѓе биле способни за такво поправање.

Но, денес него го поминува целата група и дури целиот свет во целина. Меѓутоа треба да се поминат истите нивоа, истите состојби. Но, кога има многу луѓе, имаат можност да си помагаат еден на друг, заедничко откривање, заемна поддршка. Благодарение на тоа што се соединуваат, она што го разбира или чувствува еден, се предава на друг. И така, со помош на гаранцијата може многу бргу да се достигне заедничко разбирање и чувство и да се востанови дека ни е неопходно да се издигнеме над егоизмот.

Судбината на сите проекти

Баал хаСулам, „Мир во светот": Неоснованоста на „поправувачите на светот" е во тоа што тие гледаат на човекот како на машина која не работи како што треба и има потреба од поправка, односно отстранување на неисправните делови и нивна замена со други, исправни...

Меѓутоа, Создателот внимателно ја чува секоја честичка од своето создание и не дозволува никому да уништи ништо што се наоѓа во Негова власт. Може само да ја поправи и да ја насочи во добрина.

Затоа сите слични „поправувачи" ќе исчезнат од лицето на земјата, а злото во светот ќе остане. Тоа постои и ги брои нивоата на развој, кои созданијата мораат да ги поминат, додека на крајот не созреат.


Прашање: Во што е разликата меѓу поправувачите на светот и кабалистите?

Одговор: И едните и другите сакаат да биде добро. Разликата е во средството. Кабалистите сакаат да го исправат светот со помош на Вишата Светлина. Таа го создала светот, таа го „расипала", сега таа нека воведе ред.

Има само една Сила која дејствува во универзумот и ја држи материјата во свои раце. Поправувачите на светот сметаат дека можат да го менуваат светот по своето сфаќање. За разлика од нив, кабалистите не знаат како да го остварат поправувањето и ѝ го оставаат тоа на Вишата Светлина. Ние само го определуваме местото кое мислиме дека треба да се исправи. Како да се исправи ние не знаеме и не можеме да знаеме.

Човекот дознава дека не е способен за тоа и тогаш извикува: „Спасете ме!". На тој начин, тој ја трга главата, а не го крева носот. Тој ја повикува Вишата Сила на Природата, за таа да ја заврши работата и не се обидува да се даде себеси на неа.

Кабалистот го восприма поправувањето не како експлоатација на природата или ближниот, туку напротив, како пат кон рамнотежа, хармонија и интеграција меѓу деловите. Тоа е сосема поинаков пристап, поинаква анализа на средствата: одново и одново рушиме и градиме, рушиме и градиме, за пак да срушиме. Друг излез и немаме: со широко затворени очи, секој пат пристапуваме на работата со увереност дека сè ќе биде како што треба.

А потоа доаѓа ново поколение, го трга стариот „проект" и започнува нов. Како резултат на тоа, програмата на творбата нè донесе на сегашната етапа, на која по малку губиме надеж во сè. Но, тоа не е наша заслуга, едноставно Вишата Светлина престанува да предизвикува желба бидејќи ние, на крај, се презаситивме.

Во духовниот свет нè чекаат голем број желби, но комплетот желби од овој свет ние го исцрпивме и сега како да немаме што да поправаме. Сè е испробано. Ако не е така, егоистите би си нашле примена. Но, одеднаш се појавува празнина. Вселена? За што ни е? Океанските длабочини? Досадно. Светот станува мал, сив и непривлечен. Затоа што во својата желба повеќе не чувствуваме дека таа има извори за полнење.

Сега ние и да се обратиме за правилно поправување, се обраќаме заради безизлезноста, а не заради заслугите. Значи ние сме глупави и ако нашата желба продолжи да се развива, ние никогаш нема „да ја сопреме славината", никогаш нема да сознаеме дека сите „достигнувања" на егоизмот се на наша штета.

Живот заради момент

Современиот свет стрмоглаво оди кон дното. Ја уништуваме природата, исцрпувајќи ги нејзините ресурси, го рушиме човечкото општество во сите сфери од неговиот живот и притоа не престануваме. Без разлика на тоа, сè уште се обидуваме да се движиме во таа егоистичка насока.

Ако немаш точка во срцето, ако не ја повикуваш Вишата Светлина, ти си лишен од можноста за споредба, за да го пронајдеш проблемот во себе. Ти дејствуваш како машина во која има вклучен само еден кабел за струја. Така скока механичкиот зајак, не грижејќи се што секој скок завршува со паѓање. Ако нема сила која ќе ми го покаже злото, јас нема да го осознаам злото: „Па ништо, не излезе денес, ќе излезе утре".

Во тоа е проблемот кај „поправувачите на светот", за кои пишува Баал хаСулам. Станува збор за духовно сфаќање, кое произлегува од тоа дека насладата, Светлината, никогаш нема да остане во нашата егоистичка желба. Ние непрестајно се стремиме кон неа, се обидуваме да направиме било што, но ништо не помага. И нема да помогне бидејќи сме спротивно од Светлината и не ја чувствуваме. Малку ќе се допреме до желбата и насладата во тој миг исчезнува и пак морам да ја пронајдам, дури и на краток миг во контактот меѓу Светлината и желбата. Само за тој миг јас живеам.

Да го погледнеме тој процес од страна: желбата е искра на насладата... За да допрам до неа, постојано механички „притискам на копчето", како заморче кое нема друг избор. Тоа е нашиот живот, кој на ништо не нè научи во текот на илјадагодишниот развој. Така што, „поправувачите на светот", тоа е многу длабоко филозофско сфаќање. Тоа е точна егоистичка форма на развојот која постои сама. Тоа е својство вкоренето во нашата природа и нема каде да се засолниме од него.

Само ако се појави точка во срцето кај човекот и тој почне правилно да се развива воден од својата нова желба, тогаш ќе добие сила спротивна на механиката на желбата и насладата – Светлината. Таа Светлина ќе му пробуди чувство дека овде недостига трет елемент – нова намера, интерес, екран. Главното во тоа барање е тоа што тој е свртен против „поправувачите на светот" во човекот. Излегува дека има некој над тебе, тој прави пукнатина и ја поправа.

Еве каков низ, каков процес треба да поминеме. И ќе ги видиме последиците од него во човечкиот развој. Како што пишува Баал ХаСулам, секој очекува признанија од другите за нивните неправди и за сопствена исправност. Но тоа никогаш нема да се случи – секој ќе си остане на своето.

Целото човештво ќе тргне по ваков пат: конфронтираните страни ќе одложуваат до последен момент и нема да најдат излез, што ќе нè донесе до војни и самоуништување. Ако не се спротиставиме на овој процес со распространување на кабалата, ќе нема крај на раздорите.
Има само едно прашање: дали ќе нè слушнат до почетокот на масовното истребување или после тоа, кога од човештвото ќе остане само мал дел? Поправувањето секако ќе се одвива по кабалистичката метода, но дали ќе дојде до катастрофи, до смрт на милијарди луѓе и екстремно преживување на останатите кои ќе се придржуваат кон методата и ќе почнат да ја реализираат следени од огромни страдања?

Или пак ќе ни успее на светот да му ја објасниме таа метода, не доаѓајќи до крајности?

Не биди магаре, залутано на царска трпеза

Прашање: Ако Создателот направил сè совршено, тогаш зошто ние треба да го поправаме тоа?
Бидејќи не се наоѓаме во состојбата која Тој ја создал! Се наоѓаме надвор од неа, зад многу „завеси" – прикривања. Тие прикривања дејствуваат конкретно на нас, ние го чувствуваме прикривањето. Создателот создал само една состојба која се нарекува Свет на Бесконечноста. Но, за да почувствуваме дека се наоѓаме во таа Бесконечност, треба да собереме искуство од секакви чувства.

Да речеме дека сакаат да ме нагостат со некакво егзотично јадење, но за навистина да го проценам неговиот вкус, ми треба желба за него: треба да си замислам што е, и како се јаде. Инаку ништо нема да разберам, како селанецот од примерот раскажан во книгата Зохар, кој цел живот го поминал на село одгледувајќи жито и додека не отишол во град не ни претпоставувал колку вкусни работи може од него да се испечат. Тој ги знаел само грубите зрна!

Исто такви сме и ние, се наоѓаме во Светлината на Бесконечноста, ја чувствуваме само како магаре кое џвака грубо жито. Освен ова едноставно „жито" и „вода" друго не ни е потребно! Не ги чувствуваме сите гозби во Светлината на Бесконечноста кои ни ги приготвил Создателот.

Како да ја посакаме Светлината која ја исполнува оваа Бесконечност, да ја почувствуваме нејзината длабочина со цела јасност во сите нејзини појави? Ние немаме таква потреба, а треба самите да ја создадеме во себе. За да можеме да се снабдиме со таква желба и да почувствуваме највкусен зелник, наместо сирово жито во оваа иста состојба, во оваа Светлина, наместо минималната „нефеш-де-нефеш", да ја почувствуваме Бесконечноста, треба да развиеме желба.

Но, желбата се развива за сметка на прикривањето, кога само малку ќе ми ја покажат Светлината и пак ќе ја скријат, покажуваат и кријат. Тоа се нарекува „флерт", игра. Но оваа игра е многу сериозна, бидејќи со прикривањето се создава желба. Така со нас си игра Светлината, ту ќе се покаже, ту ќе се скрие. Затоа така се оддалечуваме од светот на Бесконечноста и се одделуваме од него со многу прикривања, додека не паднеме во светот каде што дејствува целосно прикривање. А оттаму ќе почнат да нè будат секакви страдања, што значи дека треба да се работи и да се најде желбата. Сè што ни е потребно е желба!

Во оној момент кога ќе ја најдам, ќе го добијам ветениот „зелник". Како што ќе расте таа, така ќе добивам и поголема гозба. Секогаш треба да ја зголемувам желбата, а Вишата Светлина ќе свети со целата своја сила. Со својата желба остварувам врска со Него и Го пуштам да влезе во мене. Создателот ја створил оваа состојба уште од самиот почеток, но од целата Бесконечност ти ја чувствуваш само минималната Светлина Нефеш, бидејќи немаш сопствена желба за да ја посакаш и да страдаш ако ја нема. А таа желба мора да биде единствена, а не слична на твојата природна желба.

Ти ја добиваш преку Силата, одолевањето, спротивставувајќи се на целата природа. Кога силно ќе ја посакаш Светлината – тоа ќе биде вистинската желба. Односно, треба да посакаш да даваш. Нам сега тоа ни се чини сосема несериозно, некакво давање, љубов. Но тоа се едноставно познати зборови кои всушност означуваат нов вид желба, која ние ја немаме.

- Желба – сака да се насладува!

- Светлина – сака да насладува! (Сосема различни дејствија)

- Екран – постави услов: „Само ако си одговарате еден на друг!"

Ниту во Светлината, ниту во желбата го нема она, што го има во екранот. Во Светлината го нема она што го има во екранот и во желбата. А во желбата го нема она што го има во екранот и во Светлината.

Кога сите тие 3 фактори ќе треба да се сретнат и да се соединат во една точка (како што е кажано:„Израел, Тората и Создателот се една целина"), тука и ќе се појави целата комплексност и забуна. Земскиот човечки ум не е способен да го восприеми ова.

Треба да привлече посебна Светлина – не Светлината на исполнувањето, туку Светлина која ја поправа желбата и да ѝ даде екран. И дури кога ќе разбереме како се работи со овие три фактори, Светлината на насладата преку Светлината на исправувањето ќе ја исполни желбата.

На зборови ова изгледа лесно, но ние не можеме дури ни да си го претставиме, сè додека не се појави во нас... Бидејќи ние сме создадени поинаку. Сите наши мисли и желби ги немаат сите три параметри и затоа не можеме да ги испреплетеме меѓусебно.

Вечност зад кулисите

Прашање: Вие многу зборувате за важноста на подготовката пред предавањето, за тоа дека човек треба цел ден да работи со внатрешните разјаснувања. Кога се обидувам да го споредам тоа со реалноста во која живеам ми се чини толку недостижно што ме фрла во очај: што воопшто јас правам овде?

Одговор: Ти седиш овде на предавање за да си го разјасниш својот однос кон ближниот, а преку тоа го дознаваш и својот однос кон Создателот. Објаснувајќи го својот однос кон ближниот, а преку него (што е исто) и кон Создателот, јас достигнувам таква состојба што ги поправам своите односи и со ближните и со Создателот. Што ќе добијам со ова? Со тоа достигнувам откривање на својата душа.

Почнувам да ја откривам целата своја желба во која ја чувствувам реалноста како моја сопственост. Зашто освен желбата нема реалност. По тоа колку ја приближувам желбата кон себе и се наоѓам во сооднос со неа, толку го откривам целиот свет. Сега јас не чувствувам што чувствува секој од нас и сите останати луѓе во светот. Сето тоа се делови од мене, преку кои јас би ја почувствувал сестраната реалност – Малхут на Бесконечноста, мојот вечен совршен живот. Наместо тоа, јас го восприемам само нејзиниот најмал дел, кој што сум способен да го почувствувам, бидејќи сум мала клетка. И тоа е целиот мој живот. Сето останато се делови од мојата душа од кои сега сум одделен и затоа преку нив не можам да почувствувам повисока димензија.

Јас разбирам дека во човек не се појавува особена побуда тоа да го открие, зашто тој не чувствува што губи. Но кога со сила ќе се сопреме и одново и одново ќе мислиме на тоа, постепено ќе почнеме да проникнуваме во желбата да откривање на таа сестрана реалност.

Не ги гледај телата кои те опкружуваат, претстави се себеси на местото на нивните желби. Ако присоединиш кон себе неколку од тие желби, преку нив ќе почувствуваш нови делови од реалноста, како дополнување на овој свет. Затоа што тоа е твојот сад за восприемање.

Прашање: Но како можам да ја достигнам таа побуда?

Одговор: Тука има психолошки проблем и ништо повеќе. Ми направија илузија дека овде постои уште некој – кој ме мрази, кој се разликува од мене, далечен, спротивен од мене. Но тоа е само игра на имагинацијата. Ја ставиле таа желба во надворешен лик на човек и јас, роден во егоистичка природа ја отфрлам, ја мразам, ја занемарувам. Јас треба да се издигнам над таа имагинарна слика, да работам против неа, да ја почувствувам внатрешната суштина, да излезам од својата желба во неа, затоа што тоа воопшто не е нејзина желба, туку моја.

Треба да ги тргнам сите тие надворешни декорации, бидејќи тоа е само претстава на милијарди мразители, разиграни пред мене од Создателот. Треба да ги избришам сите тие надворешни ликови за да не ја искриват вистинската слика за мене. Треба да ги присоединам кон својата желба сите мали желби, затворени во секој од луѓето кои ми изгледаат како непознати (иако тоа всушност не се луѓе и не се непознати).

На тој начин ги обединувам сите свои делови и ја добивам душата. Како да го направам тоа? Кабалистите велат: одозгора специјално е направено така за да ги мразиш. Треба да работиш на тој начин, да не ги гледаш пред себе надворешните ликови, туку да се соединуваш со нивните внатрешни желби, да ја достигнеш љубовта.

Ти не треба да ги сакаш надворешните својства на својот другар, остави ги нив на мир. Треба да го засакаш неговиот внатрешен дел.

Од утринската лекција - 04.05.2011    Следете на:   Каб.тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica