24.02.2012 Арава конгрес
Не смееме да бидеме засрамени од слабоста, да мислиме дека слабоста може да ја олади нашата желба за напредок. Постои „порта од солзи“ на секој чекор, која се отвара само после сфаќањето на човековата беспомошност. Како воопшто може да ја имаме таа способност? На крајот на краиштата, напредокот се случува преку дополнителна моќ на дарување. Не може да ја имаме, мора да ја стекнеме.
Затоа сум во право кога сум открил дека немам способност да напредувам. И исто така сум во право кога откривам дека немам никаква желба да напредувам. Што се случува следно? Само едно нешто: се случува вистинската молба до Создателот низ групата за Тој да ја поправи врската меѓу нас. И тогаш, секојпат кога ова се прави, се открива нова фаза на нашето обединување.
Човекот не може ништо да направи сам. Без разлика колку понекогаш мисли дека е силен, без разлика колку е сигурен дека ќе постигне сé; во ништо нема да успее. Запишано е: „Не верувај во себе си до денот кога ќе умреш.“
Затоа неопходен услов е да се има група која постојано го буди човекот. Затоа, кога човекот не знае како да напредува и станува очаен, обично вината паѓа врз неговата гордост, и затоа тој не може да добие поддршка од групата.
Нема потреба од срам; човекот едноставно треба да поработи на тоа. Но во суштина, тоа е единствената пречка. Постои голема сила во групата. Како во приказната за рабинот Јоси Бен Кисма. Тој бил голем кабалист на својата генерација, и неговите ученици биле многу едноставни луѓе. Но од нив добивал многу сила бидејќи знаел како да работи со нив. И бил голема личност! Оваа приказна раскажува за малите луѓе.
Затоа кога човек вели дека Создателот не му помага, зборува неговата гордост. Како се манифестира? Во неговата немоќ да се поништи себе си пред околината за да ја прими вредноста и големината на духовноста од неа, а потоа да ја воочи моќта на Создателот кој му помага и да ја сфати големината на духовноста.
Затоа нема потреба да плачеме заради пречките. Запишано е: „Мојата душа тајно ќе плаче“ скришно, во темнина. Плачењето е добро, но сé зависи од тоа за што плачеме: Не треба да се плаче затоа што не си добил помош; помош има. Треба да плачеш заради фактот што твојата гордост не ти дозволува да станеш малку понизен пред пријателите, Создателот, и да примиш помош од нив.
За да излезеш од темнината, почни да се грижиш за другите
24.02.2012- Арава конгрес
Молитвата на многумина значи молење за другите. Ќе излезеш од темнината само ако се грижиш за другите. Ова е нашата единствена задача. Но погледнете низ што сме требале да поминеме низ историјата во нашата еволуција од различни удари и подготовки, додека не го постигнеме ова. И каква цел има сето ова, науката, технологијата, сите овие кризи, економските проблеми, сé? Од негативноста на сé околу нас ќе сфатиме дека нема друг избор освен да се поврземе.
Не можеме да се поврземе директно. Само кога човекот ќе ги испита дела и ќе сфати дека се залудни, тој е подготвен да се впушти во духовната работа. Дури и тогаш тој не е подготвен, но доаѓа во групата и таму добива моќ. Добива позитивна и негативна моќ и тогаш е подготвен за поврзување.
Секако, тоа се прави со удари. Сите чуми на Египет се за поврзување. Доживуваме разочарувања како група и поединечно, и тоа е затоа што треба да ја сфатиме сопствената беспомошност и да разбереме дека не постои друг начин да напредуваме освен преку поврзување. Само тогаш ќе бидеме подготвени да го напуштиме Египет. Преку сите страдања, сите чуми на Египет за кои сме читале, сета макотрпна работа, и тогаш кога сакале да изградат прекрасни градови, со тежок, неисплатлив труд, тие одеднаш откриле дека не добиваат ништо од тоа. Сите години поминати во гладување, сите чуми се во нивното его кое не им дозволува да се поврзат.
Колку чуми треба да доживеат додека не сфатат дека нема друг избор освен да избегаат – во темнината, без разлика каде и како – само да избегаат? Но оваа работа може лесно да се направи. Ние сме на различно ниво на развој од нивото за кое зборува Тората. Не мора сето тоа физички да го искусиме. Веќе поминале низ тоа. Секоја духовна акција мора да има копија во телесната реалност, и оваа акција веќе се случила во историјата, па сега може да се случи само во духовноста.
Значи нашиот пат е многу пократок. Остана само духовниот труд без страдање во материјално ропство, талкање во пустината, и без поминување низ сите тие фази. Останува само да направиме духовен труд и да се поврземе!
Од конгресот во пустината Арава/ 24/02/2012