Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Каде се наоѓа вратата?

Од писмото на Баал ХаСулам (№26): Речено е: „Златното ѕвонче и гранатот нека бидат долж целиот долен раб на мантијата. Ќе се слуша звук, создаден од неа, кога тој ќе влегува во светилиштето“. Такви се фазите на приближување кон скалилото на „Великиот Коен“ (првосвештеникот).

Првосвештеникот е човек, кој целосно се наоѓа во давање, немајќи ништо за себе, туку само за службата на Бога. За да влезе во светилиштето, потребно е да направи од себе свет сад, односно така да ја поправи својата желба, за да не остане во неа никаков личен интерес, туку сè заради давање. Зборот „ефод“(облека на првосвештеникот) произлегува од зборовите „Каде се наоѓа вратата? (ејфо делет)“. Бидејќи, таму каде што е вратата, таму е влезот, дури иако тој е затворен. Во нашиот свет може да се види затворена врата, кога ќе ја отвориме, ќе видиме отвор, и ќе влеземе во друга соба, односно во нова состојба. Но во духовниот свет не е така. Таму отворот, вратата, влезот и човекот се соединуваат во една целина. Бидејќи сè се наоѓа внатре во мене, и во моментот кога се менувам, јас речиси веднаш ја пронаоѓам вратата. Таа врата веднаш исчезнува и се претвора во отвор, отворајќи го влезот за мене.

Јас не го гледам сето тоа однадвор. Во моментот, кога се приближувам со своите особини кон следното скалило, мојот внатрешен сад се менува, претворајќи се во врата, отвор, и влез во новата состојба. Во нашиот свет може да се види вратата исто, како што може да се види влезот, но во духовното се гледа само влезот. И тој може да се види само благодарение на совршена и чиста верба – односно достигнувајќи давање, ако човекот ги поправи откриените во него желби за давање. Тогаш станува видлива вратата, која во истиот миг се претвора во влез, бидејќи Тој е еден и едно е името Негово. Мојот сад и сите неопходни услови, а исто и Светлината, следното скалило, се соединуваат во една целина во единственоста на Создателот и Неговото име.

Сè е многу едноставно. Веднаш откако мојата желба стане слична на Светлината, или на следното скалило, односно јас се доведам во соодветност со вишиот – тоа ќе значи, дека сум се приближил до вратата, отворот и влезот во следното ниво. И тогаш за мене Тој и Неговото име ќе се соединат во една целина. Тој – е Светлината, а Неговото име – е садот. Кога садот се изедначува во своите особини со Светлината, тие се спојуваат воедно. Затоа, ако јас се приближувам до вишата особина, тогаш влегувам во неа, што се нарекува „да се влезе во светилиштето“. Јас се претворам во Првосвештеник – таква душа, која веќе сосема се ослободила од својата егоистичка желба и влегла во апсолутно давање, апсолутна верба. Само со очи на целосна верба може да се види тој влез. Апсолутната верба значи, дека мојата Светлина Хасадим, желбата за давање е веќе толку голема, што јас работам за давање не само во желбите за давање (Галгалта-Ејнаим), туку дури и во желбите за примање (во АХА“П). Ако давам само во желбите за давање (Г“Е) – тоа се нарекува верба. Ако пак работам истовремено со АХА“П, со садовите, во кои примам заради давање, односно го користам својот егоизам за добро на ближниот, тогаш тоа се нарекува апсолутна верба. Вербата – е Бина, сад за давање. И таа верба од едноставната „забрана да се прави на другиот она што не ти се допаѓа тебе“, се претвора во „љубов кон ближниот како кон себеси“.

Од лекцијата по писмото на Баал ХаСулам, 13.12.2013

Тој што ја бара вратата

Работата на духовниот воспитател се нарекува „мантија“ (облека на првосвештеникот). Баал ХаСулам пишува во своето писмо (№26): Генерално оваа работа се нарекува „мантија“, бидејќи претставува надворешна облека и се наоѓа над човечкиот разум – бидејќи воспитателот го облекува во неа воспитаникот. А во долниот дел на оваа мантија се таложи секакво нечисто ѓубре, односно целиот егоизам.

За време на периодот на воспитанието, човекот осцилира натаму-наваму, слично на сите оние, кои ја бараат врата (излезот на следното скалило). Во последната секунда на напредувањето тој е блиску до влезот – меѓутоа не го знае тоа, бидејќи преминот се отвора наеднаш, во последната секунда. Кога човекот ги завршува и левата и десната линија, и останува само да се создаде средната, тогаш се отвора отворот. Ако пак тој сè уште не го направил тоа, во тој случај, приближувајќи се кон влезот – токму тогаш тој се заморува и се враќа наназад. Таквото движење се нарекува „злато“ (захав) – од зборовите „ова дај го“ (зе ав), односно од сомнежите: со која цел, зошто? Златниот сад е најскап од сите, но тој се гради токму од разочарувањата, од игнорирањето - од сè што се случува со нас. Бидејќи движењето се врши со силата на стремежот, и копнежот за спојување со Создателот, кои постепено растат за сметка на такви излети, кога човекот се приближува речиси до самиот влез, но не го гледа. И токму тоа место го одбива, бидејќи таму е концентрирана максималната нечистотија, и затоа човекот се враќа назад. А „ѕвончето“ (паамон) се нарекува така, бидејќи човекот нема сила да ја отвори вратата, и тој се враќа наназад, трошејќи го времето во одењето натаму-наваму, секој пат (паам), во потрага на влезот. А „гранат“ (римон) се нарекува така, затоа што возвишувањето (ромемут) над разумот го опфаќа наоколу. Тоа место, каде што се собрала најголемата нечистотија, човекот не може да го помине, пречекори, ако не се крене над својот разум. И затоа повторно се нарекува „гранат“, бидејќи во спротивно, не дај Боже, би паднал сосема. Тоа место може да се помине само со затворени очи, кревајќи се над знаењето – со силата која ја доби од учителот, пријателите, книгите.

Од лекциајта по писмото на Баал ХаСулам, 13.12.2013

Го доверувам својот живот на водичот

Баал ХаСулам е нашиот водич, а тоа значи, дека јас мора да прифатам сè, што е напишано во неговите книги како апсолутна вистина. Ако сум способен да го разберам напишаното со својот разум, тогаш се разбира, ќе се согласам. Но дури и да не ми е јасно – значи, дека се согласувам без разбирање. Затоа што поинаку јас нема да ја достигнам саканата цел. Водич на патот е оној, кој оди неколку чекори пред мене и ми вели: „Оди по мене: десно, лево, право!“ – и јас одам по него. Јас не го гледам патот – го гледа оној, кој оди пред мене. И затоа, кога ја кревам ногата за да го направам следниот чекор, јас не знам каде ќе ја ставам, туку го прашувам него: „Така ли?“ И тој ми одговара: „Така! А сега оди полево. Не така лево, туку повеќе налево“. Јас одам според тие упатства. Токму тоа се нарекува да го следиш водичот. Дури и во нашиот свет се случува истото. Ако одам во планина или на некое друго опасно место, каде што не го знам патот, тогаш го доверувам својот живот на водичот. Тоа не е прошетка со водичот по Лондон. Токму тоа се нарекува да се биде „примарен извор“, водич, наставник во патот.

Водич во нашата група Бнеи Барух – е Баал ХаСулам. Ако сакате да учите со нас, треба да знаете, дека ние го сметаме за наш примарен извор. Ако пак не сакате, тогаш барајте си друго место за учење. Така ми кажа Рабаш, кога го прашав како може да се уверам, дека се наоѓам на вистинското место. Јас тогаш бев млад, триесетгодишен маж, полн со сила, здравје, имав пари, семејство, сè за живеење. И јас исто го прашав: „ Јас одам по тебе, и треба да вложам во ова 20 години од животот, додека добијам некој резултат. Ако патот се покаже погрешен, тоа ќе се разјасни кога ќе имам 50 години, и ќе биде веќе доцна нешто да се поправи во останатите неколку години. Како сега јас можам да се убедам, дека се наоѓам на вистинско место?“ И тој ми одговори: „ Оди барај“. Јас бев разочаран од таквиот одговор. Ми се чинеше дека ако тој е духовен учител, тогаш треба да ми посоветува да направам правилен избор. Но тоа беше неговиот совет: „ Ти самиот мора да бараш, јас не можам да ти кажам“. Ако си избрал некое место, тогаш мораш да го прифатиш учителот, и да го следиш со затворени очи. Тој за тебе станува глава.

Ако се сомневате во мене, тогаш проверете ме во однос на Баал ХаСулам. Тоа многу ќе ме израдува, бидејќи ја гледам својата улога само како негов интерпретатор за публиката. И согласно со тоа, човекот треба да провери, дали тој пат му одговара или не. Жално е да се троши времето напразно и да се учи, ако човекот не се согласува со таа методика.

Но ако човекот веќе решил да учи во една од групите што ни припаѓаат, тогаш не може да се случи тој да прифати еден дел, а другиот не. Излегува, дека тој донесува одлука врз база на својот егоизам, кој му е поважен, отколку патот, кој ние го следиме. Јас го почитувам неговото мислење, но невозможно е да се движиме без согласноста над знаењето, токму кога си против, но сепак го прифаќаш мислењето на вишиот – ти можеш да напредуваш. Ако не се согласуваш во некои духовни прашања, затоа што сè уште не си го дознал духовното, и не си постигнал – тоа е нормално. Но ако не се согласуваш со учителот во врска со одлуките за материјалните дејства, кои се во твојот домен согласно на твојот земен разум, во достапна за тебе материјална област, такво нешто не може да се случи. Бидејќи тебе ти е јасно како треба да ги извршиш. За тоа дејство не ти треба верба над знаењето. Таму каде што е замешана вербата, потребно е влијанието на групата. Тука пак е поставен обичен услов: или се согласуваш, или нема да напреднеш по нашиот пат ниту половина чекор. Човекот мора да биде свесен за тоа: ако тој не се согласува со учителот во однос на материјалните дејства, тогаш уште посигурно е, дека никогаш нема да се согласува во духовните прашања. Тој може само да се залажува себеси, небаре сè е во ред кај него, но од таа работа нема да има никаков резултат. Токму затоа толку малку луѓе ја достигнуваат целта.

Од лекциајта по писмото на Баал ХаСулам, 13.12.2013

Илјада влегуваат во собата и сите излегуваат кон Светлината

Конгрес во Москва. Лекција №1

Прашање: Речено е, дека илјада луѓе доаѓаат, и само некои имаат чест да го откријат Создателот. Затоа имам страв, дали имам потенцијал за откривање на решимот? Од една страна јас сфаќам, дека духовната работа – е големо добро, но истовремено не можам да се ослободам од стравот. Како со тоа да работам?

Одговор: Ние знаеме, дека стотици милиони луѓе сакаат да бидат богати, познати, да имаат власт. Колку од нив ја достигнуваат целта? А духовната цел е задолжителна за сите. Фразата, дека илјада влегуваат во собата и само еден ја достигнува целта, припаѓа на кабалистите од минатите векови. Во тие времиња не се барало сите да ги постигнуваат духовните светови, и поединците, кои имаа чест тоа да го направат, дејствувале според многу сложени закони. Тие морале да исполнат многу строги, тешки услови, за да влезат во Вишиот свет. Во наше време тоа може да го достигне секоја домаќинка, секое обично момче од Јужна Америка, Сибир, Израел, САД и другите региони без каква било подготовка – едноставно кај нив се активира желбата и тоа е сè. Ние навлеговме во таква состојба, кога сите без исклучок мора да напредуваат кон целта. Ние им се обраќаме дути и на оние, кои немаат таква желба, за да ја предизвикаме во нив, и да го спречиме движењето напред под дејство на страдањата, бидејќи светот веќе се наоѓа во загрозувачка состојба – ние гледаме во кој правец се движат работит. Затоа условот, кога „илјада влегуваат и еден излегува“ не е за нас актуелен. Денес сите мора да влезат во духовниот свет – дури и оние, кои сè уште не влегле, да не ги споменуваме таквите како нас. Во наше време тој услов не функционира, заборавете го. Едноставно кабалистите ни го споменуваат, за малку да нè поттурнат, бидејќи сепак треба кон ова да се однесуваме многу сериозно. Тоа е во наша моќ. Кабалистите како да ни велат, дејствувајте во рамките, во кои можете, и тогаш ќе успеете. Тоа значи, дека целото ваше слободно време треба да го посветувате на внатрешната работа. Во најмала рака, треба да се трудите секогаш да ја насочувате кон тоа својата намера.

Од 1-та лекција на конгресот во Москва, 13.12.2013

Фази на напредувањето

Конгрес во Москва. Лекција №1

Прашање: Кога почнавме да се занимаваме со науката кабала, да речеме пред пет години, ние со желба ги впивавме вашите лекции, ги прецртувавме сликите и цртежите, внимателно ги проучувавме. Сега се создава впечаток, дека на сегашните студенти веќе не им е толку интересен материјалот, тој првенствено станува средство за пренос на некои емоционални осети. Дали тоа е правилно?

Одговор: Изучувајќи ја науката кабала, ние поминуваме различни фази на внатрешен развој. Во почетокот ние воопшто ништо не разбираме и не знаеме. Пред нас отвораат некоја книга – ние климнуваме со главата како мали деца, преправајќи се, дека сè ни е јасно. Всушност тоа не е така, бидејќи нешто, што денес го воспримаме како апсолутно основна работа, на почетниците им се чини како воопшто неприродно, глобално, несфатливо. Кога човекот навлегува во науката, тој се обидува да ја разјасни технички: овде – еден плус еден, таму – екран, онаму – одразена Светлина. Сите ние помалку се разбираме во техниката, и во некоја мера тоа ни е посфатливо, поблиско. Сето го сведуваме на различни вектори. Јас намерно цртам, за да ни биде полесно да го сфатиме материјалот.

Баал ХаСулам во 20-те години од минатиот век издаде албум на духовните светови – само десет страници, бидејќи тогаш имало многу малку технички подготвени луѓе. Додека пак денес контингентот е сосема друг. Поголемиот дел на луѓето кои доаѓаат кај нас, - се технички образовани луѓе. И затоа им е лесно и удобно така да го учат материјалот. На човекот треба да му се даде време за приспособување кон новата средина, кон новите поими и зборови. Затоа во почеток треба да му се дава науката кабала токму во таква лесна форма. Така му е полесно да ја учи, барем што се однесува на термините: скратување, откривање, пет особини, пет сефирот и т.н. А потоа почнува следната фаза, кога во човекот малку се открива точката во срцето и го почнува своето движење. Човекот веќе почнува повеќе да чувствува и сфаќа, дека ова припаѓа овде, а она произлегува од онде и т.н. Внатре во него почнува движење. И веднаш кај него се појавува проблем: тој сака да чувствува сè повеќе и повеќе. Сега не можеш да го оттргнеш од статиите: тој ги чита, дискутира за нив, ги поминува преку себе, ги доживува. Потоа едното со другото постепено се балансира. И сето тоа се случува измешано со состојбите на подем/паѓање и различни проблеми и ексцеси, кои се случуваат во групата. На крајот, под влијание на Вишото управување сето тоа се сведува на негово обликување како човек со посебен духовен багаж. Затоа сите ваши прашања сè уште се базираат врз отсутноста на внатрешната рамнотежа меѓу срцето и разумот во духовното движење. Но таа рамнотежа наското ќе се појави. Вие ќе можете да управувате со вашите духовни состојби: со вашата желба, вашите дејства, вашата намера, вашето здравје. Но засега тоа е преоден процес, и тој бара одреден период на спокојство.

Прашање:  Сегашните студенти многу брзо ја поминуваат првата фаза, и понекогаш ми се чини дека ние дури ги сопираме, мислејќи дека тие подоцна ќе чувствуваат сè. Ми се чини дека тие веќе чувствуваат.

Одговор: Тоа е сосема возможно. Јас не се занимавам со почетниците, и сосема е можно да сте во право. Притоа, меѓу луѓето кои живеат во Израел во Русија, во Европа, во САД и во Јужна Америка сепак постои разлика. Тие пет големи контингенти на наши пријатели и нивните ученици многу се разликуваат. Тие различно ги поминуваат сите фази, различно се вклучуваат во нив, но токму во тоа е убавината -  ние заемно се дополнуваме еден со друг во нашата светска група.

Од 1-та лекција на конгресот во Москва, 13.12.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica