Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Какo расте душата

Духовниот развој е сензитивен, затоа што материјалот на суштеството е желбата за насладување. Додека, пак, разумот можеме да го користиме само под услов тој да ни помага да ја поправиме желбата. Во спротивно тој може да ни наштети. Затоа е речено дека „нема помудар од искусниот”. Односно во почеток треба да се искусат секакви чувства, впечатоци во својата желба за насладување, а потоа од тоа да се стекне мудрост. Ние не можеме да работиме во умот со она што не сме го искусиле во својата желба – тоа веќе се нарекува филозофија, која нема никаква реална основа. Затоа што сé е изградено врз материјалот на желбата. Состојбите се менуваат секоја секунда, бидејќи ако состојбата не се менува, тогаш не се движи ниту времето. Промената, пак, на секоја состојба се случува благодарение на фактот, што ние пред сé се поништуваме себеси пред дејствата на Светлината. Целата работа ја врши Светлината: Светлината е примарна – таа ја создава желбата, влијае на неа и ја менува. Ние, пак, треба само да ги одобриме дејствата на Светлината, да ѝ дозволиме да влезе, да ја изразиме нашата согласност, молба, молитва, да ја наговориме да ја изврши нејзината работа. Сè зависи од нашата состојба: дали ние бараме, како новороденчиња, или молиме, како возрасни луѓе.

Постојат многу видови на односи меѓу Светлината и човекот, поточно желбата за Светлина, која моли Светлината да влијае врз неа и да изврши некое дејство. Зошто е неопходно желбата да ѝ се обрати на Светлината и да ја моли да дејствува? Затоа што за сметка на тоа, желбата сфаќа што се подготвува да направи Светлината, се согласува со тоа. Желбата стекнува разум, глава, прави да биде слична на Светлината. Таа не може самата да го изврши дејството – дејството спаѓа во работата на Создателот, но заради тоа желбата сè повеќе расте, сè додека не се изедначи со Светлината. Мојата задача е да привлекувам Светлина врз сите дејства, што сакам да ги извршат со мене, и Светлината сето тоа го извршува. Секоја таква молба започнува од самопоништување: јас сакам во мене да извршат промена, но не знам точно каква. Бидејќи тоа ќе биде нова состојба – јас не можам да ја распознаам, да ја видам однапред. Невозможно е да се говори за нешто, што сè уште сум го достигнал – затоа потребно ми е самопоништување, и јас го молам Вишиот да го изврши тоа дејство врз мене, да ме спаси.

Јас не знам што Тој ќе направи во што ќе ме претвори, кој ќе станам по еден момент. Нека во мене се променат главата и телото, односно мислата и дејството – апсолутно сè, за да не се препознаам себеси поранешниот, каков што сум бил пред една секунда, до тој степен, за да се добие апсолутно ново суштество. Мене не ми е важно каков ќе станам – главно е да ѝ се предадам на Светлината, за таа да го изврши своето дејство. Треба да сум подготвен за тоа, и да го посакувам тоа најмногу од сè во светот, да посакам да се откинам од целото минато, да не остане ништо од поранешниот живот, и да не видам ниту една стара особина во себеси новиот. Да не постои дури никаков премин меѓу минатото, сегашноста и иднината. Само тогаш тоа значи, дека јас сум подготвен за влијанието на Светлината врз мене. Тоа не треба да произлегува од желбата да се избега од поранешната состојба. Јас молам за промени не заради тоа што ми е лошо, не барам да ме спасат од проблемите – тоа би била егоистичка молба, а не премин на следното духовно ниво. Молам за едно: да ми се помогне да станам сличен на Светлината, да заличам на неа во нешто, да станам давател за некого. Сето тоа јас можам да го дознам само во групата, во однос на пријателите, на човештвото. Така се подготвувам себеси за вистинската молитва. Ја барам, бидејќи не знам какво треба да биде тоа чувство. Затоа се наоѓам во потрага, работам, учам, распространувам, правам сè што е во моја моќ. Треба да бидеме внимателни кон она што ни го даваат, за да напредуваме до пробивот на правата молитва, која носи одговор на неа одозгора.

Така доаѓам до поништувањето на самиот себеси – во чувство на радост, солидарност, верност на Светлината, наречена преданост на душата. Јас знам, дека сè што таа прави со мене ќе биде правилно. Не затоа што сакам да избегам од несреќите и не ми останува друг избор – туку напротив, сè е кај мене прекрасно, и ништо не ми недостасува. Ми недостасува само едно: да се предадам во рацете на Светлината, и да се вклучам во особината на давање, за таа да владее со мене и да ми овозможи да не мислам на себе, туку да бидам верен само на таа особина,. Тоа се нарекува правилна молитва, молба за првото дејство на Светлината, кое претставува почеток на духовниот зародиш. После него, човекот почнува да ја чувствува својата поврзаност со Светлината во таа мера, во која се чувствува како капка на духовното семе, обврзана да се поништи себеси и која поништува внатре во особината за давање. Од тоа започнува долготрајниот процес на духовното растење на зародишот, кој поминува во постојано самопоништување во однос на Светлината, која секој пат му пренесува на зародишот сè повеќе особини на давање. Целиот духовен пат, целата скала на нивоата: зародување, доење и зрелост, се состои од стекнување на дополнителни особини на давање, згора на претходната состојба. Така расте душата.

Од лекцијата, 16.09.2013 на Каб.Тв

Мојот сон е да станам роб на давањето

Речено е: „Чашата на благословот мора да е полна”. За да ја приморам Светлината да работи со мене, јас морам да ја замолам од сите мои желби, кои Светлината треба да ги поправи. Јас не знам какви желби се тоа, и за кој дел од себе молам, но тоа мора да е полна мерка. Не ми е познато како тоа се случува и дали одам во правилна насока, за да ги идентификувам потребните желби. Едноставно мора постојано да работам на тоа, за да се предадам себеси на мислите, желбите и дејствата на давањето, колку што е возможно, да се вклучувам во групата. Се додека не стигнам до правилниот крик, организиран за мене од Создателот. Вистинската молитва е исто така последица од влијанието на Светлината. Бидејќи самите ние не правиме ништо, освен подготовката. Самата молитва – е веќе резултат на голем број претходни дејства и подготовки, на молитвата која ѝ претходи на молитвата. Светлината по малку влијае врз нас со мали осветлувања, во темнината, во состојбите на беспомошност, немоќ. Сè додека нашиот очај не достигне до тој степен, кога човекот е подготвен на сè, само да стане роб на особината на давање, која ќе почне да владее со него и ќе ги исполни сите негови мисли и срцето.

Од подготовката кон лекцијата, 16.09.2013,на Каб.ТВ

Да научиме да гледаме со затворени очи

Прашање: Зошто пишува, дека треба да се работи „затворајќи ги очите”, со вербата над знаењето. Зарем не треба да ги провериме сите состојби и да го откриеме злото, а како да го откриеме ако ги затворивме очите?

Одговор: Точно е, дека ако едноставно останеме со затворени очи, тогаш воопшто ништо нема да сфатиме и нема да почувствуваме. Дури и нема да си свесен, дека очите ти се затворени. Новороденчето, што туку што се родило и уште не ги ни отворило очите, не знае дека неговите очи се затворени. Тоа го знае само човекот, кој гледа и постигнува, и притоа сака да си ги затвори очите, за да го достигне новото скалило, и да ги види тие состојби во друга светлина, од друга перспектива: не од страна на својата желба да се наслади, туку од страна на желбата за давање, која тој претходно сака да ја стекне. Тој сака на нов начин да ги види пријателите, светот, Создателот, и затоа ги затвора очите. Тој сака да ги затвори очите за целиот свет, кој му се чини многу лош, без дејствата на Создателот, Вишата сила, која дејствува и нè подготвува за работа, на сето свое незадоволство и обвинувањата. Но тоа не е онаа критика, која води кон изградба и поправка. Бидејќи ако не оценуваме критички, тогаш ништо нема да достигнеме и да решиме. Нашата цел, пак – е да се достигне согласност, разбирање, солидарност со дејствата на Создателот – да му се даде можност секој пат да работи врз нас. Затоа, во моментот, кога сакаме да ги затвориме очите, ние со тоа ѝ даваме на Светлината можност да ја промени состојбата, а всушност да нè промени нас. Затоа што светот – е слика што се создава внатре во нас, и зависи од нашето воспримање. Вишата Светлина влијае врз желбата и ја усовршува така, што таа почнува да зема предвид уште еден свој пласт, кој се открива во нас за сметка на дополнителната правилна поврзаност, во споредба со претходната. И во зависност од степенот на вклучување на тие нови желби, човекот е способен за нова работа, нова свест, разбирање, односно го гледа новиот свет. Сè зависи од тоа, преку каков објектив ја гледаме реалноста.

Од утринската лекција, 16.09.2013, на Каб.ТВ

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica