Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Какви мисли треба да имаме? 30.03.2010

 

Ако навистина сакаме да ја шириме методата за исправање, тогаш сме должни да ги шириме нашите исправни мисли и желби, а не вообичаено прифатените материјали преку различни форми на медиумите.Јасно е дека сето тоа е потребно, но треба да биде како додаток на внатрешната сила.

Какви мисли треба да имаме внатре во сето тоа?

Мисли за тоа дека сакаме да се обединиме, и сите овие мисли, кои работат во еден исправен систем - взаемно пренесување, одговорност, гаранција, љубов еден кон друг, осознавање на тоа дека сите сме како еден, како што е еден и Создателот. Дека и покрај тоа што секој еден од нас е посебен, сите сме еднакви, за тоа дека самиот поим "другар" вклучува обединување (на хебрејски "хавер" - другар и "хибур" – обединување), се зборови со заеднички корен.

Сите овие мисли се многу важни и ефикасни за оживувањето на системот и ние дури не си ни претставуваме каква огромна сила носат тие во себе. Токму нашите желби и мисли го стават во погон целиот систем како што е напишано: "сé се пројаснува во мислите". Должни сме сите, од утро до вечер, буквално цело време да се наоѓаме во една мисла и тогаш секој пат кога некој прави нешто, поаѓајќи од целата наша мрежа, кога се обидува да се поправи, користејќи ја заедничката сила, тогаш тој произведува големо и моќно ширење.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica