Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како да се активира генераторот на поправките

23.01.2011

Прашање: Зошто јас не можам да молам за поправка на сите? Ако пак молам, како да проверам – дали навистина тоа е молба за другите или јас само се залажувам себеси?

Човекот моли за тоа што го боли. Но за тоа ни е даден разумот, опкружувањето и Опкружувачката Светлина, за да не дејствувам само според својата егоистична желба. Тоа што го чувствувам внатре во желбата – токму тоа се нарекува молитва. Ако јас само мрморам некои зборови, а срцето чувствува нешто сосема друго – тоа нема да помогне.

Ти можеш со тоа да лажеш кого сакаш, но со Создателот тоа не функционира. Затоа ми се дадени вакви средства: учител, група, книги. Сето тоа заедно се нарекува "опкружување". Јас се обраќам кон тоа опкружување вештачки, и сакам да добијам од него поддршка и дополнителна сила. Опкружувањето почнува да влијае врз мене како одговор – тоа се нарекува "поддршка од опкружувањето".

Но ако јас преку учителот се обраќам кон групата, а преку групата кон книгата – тогаш на крајот од таа низа јас го достигнувам Создателот, кој се открива внатре во тоа опкружување. Тогаш јас ја привлекувам Неговата помош, а опкружувањето станува за мене средство за тоа. Во таков случај тоа веќе не се нарекува само поддршка – туку Поправка.

Сé зависи од тоа како јас се обраќам кон опкружувањето и го поставувам во однос на себе: дали се обраќам кон неговиот највнатрешен дел или само кон надворешниот. Исто така е важно дали го користам егоистично или не. Но на крај сé се мери со тоа, каква излегува мојата молитва. Ако таа молитва потоа повторно се враќа кон опкружувањето и таму јас сакам да го откријам Создателот – значи дека и мојата прва низа била правилна.

Ако како резултат на учењето, работата и сето што јас го правам потоа почнувам да ја врзувам својата иднина со групата, со правилниот и поправен систем на врските меѓу нас, и таму го барам Создателот и целото свое идно наполнување – значи дека и претходно правилно сум работел! 

Биди слушнат од Создателот! 

Прашање: Дали ќе ја слушне Создателот молбата на човекот кој моли да биде кренат на следното скалило, посакувајќи да ги избегне страдањата?

Се разбира! Создателот ги слуша сите молитви. Само обрати Му се! Но не Му се обраќај напразно, како обичните луѓе "од улица". Ние забележуваме дека нема одговор на тоа: со милениуми луѓето молат напразно! Но ако сакаш да се искачиш на следното скалило од својата сегашна егоистична состојба, од егоистичната желба за насладување, од сите услови кои ти се дадени од Создателот, кои не се под твоја контрола, и ти молиш да се кренеш – Создателот задолжително те слуша и те менува. Постепено...

Се разбира дека ти молиш преку својата егоистична желба, стремејќи се да ги избегнеш страдањата, да владееш, да бидеш славен – не е важно какви ти се целите, - но ако ти во секој случај молиш за повисоко скалило, замислувајќи го во себе, во својата егоистична желба, во одредена, сé уште лажна форма – тоа се нарекува "ло лишма", и ти напредуваш.

Кој е последен во редот за чекање за Светлината? 

Прашање: Денес јас не сум способен да барам поправка ниту за самиот себе – како тогаш можам да барам поправка за целиот свет?

Да молиш за себе или да молиш за целиот свет – е едно исто!
Да речеме ми недостасува воздух – но ние сите го вдишуваме, и ако го немаат другите, ќе го нема ниту за мене, додека ако го имам - ќе го има за сите. Тој не може да се подели!

Невозможно е да се моли за своја одделна поправка, бидејќи таа се состои токму во поправката! Не може да се бара Светлина само за себе, бидејќи Светлината е сеопшто давање, кое владее меѓу сите нас. Ако јас сум елемент на електричната мрежа, тогаш како можам да барам единствено преку мене да помине струја? Таа не може да стигне до мене ако не помине преку целиот систем. Од ова треба да се разбере што е глобален и интегрален свет, кој сега ние почнуваме да го чувствуваме.

Ти не можеш да бараш ништо за себе! Тоа нема да помогне. Само ќе ти донесе поголеми удари колку повеќе ќе се обидуваш да се оделиш. Твојата молба за самиот себе, твојот протекционизам, "сепаратизам" – ќе ти помогнат само во осознавањето на сопственото зло. Ќе треба да сфатиш дека неправилно молиш! Како да ти се пренесе тоа знаење ако не преку удари...

Колку повеќе ќе молиш за својата лична благосостојба – толку повеќе ќе те тепаат, сé додека не научиш дека не смееш да молиш само за себеси. Ти ќе видиш дека тоа не помага, туку доведува до спротивен резултат. На крајот на краиштата ќе разбереш дека наполнувањето може да биде само заедничко. И ако не го добијат сите, тогаш ниту ти нема да го добиеш, бидејќи си последен во тој ред за чекање!

Сфати што сака Создателот да те научи – и колку побргу ќе сфатиш, толку подобро за тебе. Зошто ако Тој мора со последователни удари да ти го покаже твоето место на самиот крај од редицата – колку ли ќе треба да страдаш ?

Вреди тоа побргу да се сфати за да почне со тоа да се живее. Бидејќи сега тоа ми изгледа апсолутно нереално и непосакувано. Но од друга страна пак јас разбирам, дека немам излез и дека сепак ќе морам до тоа да дојдам. Затоа треба да се искористат сите трикови за да се надитри својот егоизам и да се бега пред ударите за сметка за тоа; барем вештачки да се бара поправка за сите.

Ајде за време на часот да молиме да дојде Светлина и да ни го даде тоа чувство, разбирање, насока, барем некој стремеж кон таа цел. Барем од прагматични цели за да ги избегнеме ударите. Зошто секој може да добие наполнување само како последен во редицата. 

Пациентот, веднаш на операција!

Рабаш, "Шлавеј Сулам", 1989г. Статија 17, "Не смееш да го поздравуваш човекот пред да го благословиш Создателот": Човек мора да Му служи на Создателот и секогаш да бара можност да Му причини задоволство, Создателот да се наслади со неговите дела. Речено е: "Создателот ќе се израдува на Своите дела". Зошто делата на Создателот – се суштествата кои мора да Му причинуваат Нему радост.

Ние треба да работиме над желбата за насладувања. Сé што се случува во човека припаѓа на неживото, растителното и животинското ниво на овој свет, на материјалистичката психологија. Тука ние дознаваме што за нас е слатко, што е горко, и дури и да сакаме да се поткренеме погоре – не сме моќни тоа да го сториме. Ние дури не знаеме дека постои нешто повисоко.

Само после долготрајна работа човекот почнува да ја чувствува внатрешната борба со својот егоизам. Во него се создава дилема: или Создателот, или егоистичната пресметка – и тој е растргнат меѓу нив.
Дури тогаш од таа "нишалка" која се манифестира во неговата желба за насладувања, човекот се поткрева кон повисока "нишалка", кон состојба на избор наречен "клипат нога". Таму престануваат моменталните пресметки за мрак и светлина во егоистичната желба.

Сега "Светлина" за човекот е кога тој, без оглед на својата желба, чувствува дека Создателот го менува, "го оперира", го ослободува неговиот однос од сопствената природа и му помага да се поткрене над својот егоизам. Создателот го изнесува човекот од пресметката за лична корист и се радува на Своите дела. Делата на Создателот, Неговата работа – сме ние. Создателот се радува дека нè менува.

Затоа човекот треба да биде подготвен да се "жртвува" себе – со други зборови да се доближи, да "влезе во хируршката сала", да се довери себеси на работата која Создателот ја врши над него. Така човекот доаѓа до вистината.

Те поздравувам желбо!

Од сопственото искуство човекот забележува дека самиот не е способен за ништо. Сите негови претстави за доброто и злото се градат врз лична корист, и затоа подемите и падовите кои тој ги доживувал всушност не се вистински. Својот добар однос кон духовното тој го проценувал како "ден" а лошиот однос кон духовното му се чинел "ноќ". Но, тоа не е точно.

"Ноќ" – тоа е состојба кога човекот прави пресметки цврсто знаејќи дека тие се егоистични, дека тој не е способен да се крене над својот егоизам. Но, ако е способен, тогаш е само поради Светлината која малку се појачува и му ги подарува тие мигови.

Создателот му помага на човекот да "погледне" надвор од себе, и само тогаш тој се спојува со давањето. Токму тоа за него е "ден". Јас морам да сум подготвен за постојана "терапија" од Создателот, кој го зема моето зло, скриено под ликот на доброто, и го претвора во давање, откривајќи ново добро во моите очи. Да се пренесат тие нешта е невозможно, тие доаѓаат само како резултат на внатрешната работа.

Дотогаш, пишува Рабаш, "не смее да се поздравува пријателот", бидејќи твојот "пријател" уште не е добар. Прво треба да достигнеш мир (шалом), совршенство (шлемут) со Создателот, и тогаш ќе се помириш со "непријателите", т.е. ќе се вратиш кон твоите егоистични желби, над кои си се искачил, ќе ги земеш и со нив ќе ја завршиш својата работа. Прво човекот го поздравува "пријателот", т.е. својата желба, добивајќи давање поради давање. А потоа го поздравува исто така со примање поради давање – се враќа кон своите желби и работи со нив. Така ја достигнува Конечната Поправка.

Ноќ на излегувањето од Египет

Прашање: Што значи да му се заблагодаруваш на Создателот?

После сите напори кои се бараат од мене за распространувањето, учењето и групата, јас се разочарувам и тогаш почнувам да ја чувствувам својата егоистична желба одделно од себеси. Исто како што болниот човек ја чувствува локацијата на болеста и нејзиниот извор – болната површина во себе која ја идентификува и сака да ја изолира.

Тогаш почнува работа за излегување од Египет, за изолација од својата егоистична желба. Човекот се труди да се оддели од неа и не може тоа да го стори. Така поминува првата, втората египетска казна. Потоа човекот почнува да чувствува дека сите тие промени во однос на неговото почетно зло ги предизвикува Создателот.

Како што кажува Тора, Создателот го известува Мојсеј за тоа дека Тој му ја зголемил моќта на Фараонот за да се воздигне, да се манифестира Себе си над него. Човекот почнува да гледа и да разбира дека целата работа во него ја прави Создателот. Тој го извлекува нагоре од егоистичната пресметка, потоа го пушта – и човекот паѓа назад. И повторно Создателот го извлекува, и повторно човекот паѓа. Така со време човекот се здобива со знаење и чувство дека ако Создателот не ги извршува Своите дејства врз него, тој сам засекогаш ќе остане во Египет, во својата егоистична желба.

Тие впечатоци се акумулираат, стануваат сé појасни и појаки, сé додека човекот не викне, подготвен на сé, на секаков мрак за својот егоизам – само да избега од него. Токму тоа е "египетски мрак", ноќ на излегувањето од Египет. Во човекот не постои поголем мрак од овој, но ако тој знае дека го следи Создателот, - тогаш го претпочита. Го претпочита се разбира не во желбата за насладувања, туку затоа што знае дека Создателот оди пред него. Ние го достигнуваме тоа преку внимателна работа.

Одбраната на дисертацијата се откажува

Прашање: Ако егоизмот плаче од непријатни чувства, како да не се исклучиш од мислата дека во таа состојба се крие вистината?

Ние се фокусираме на нештата кои всушност не зависат од нас. Потребно е да поминеме цела низа на состојби, но ако премногу ги истакнуваме, ако ја преџвакуваме секоја и "пишуваме дисертации" тогаш не се движиме напред. Не напредуваме.

Точно е дека човекот мора да ја разбере својата состојба за да ја реализира. Но за тоа е потребно да се премине во следната состојба и веќе од неа да се донесе мислење за претходната. Нашата работа се состои во тоа да го забрзаме времето, а тоа зависи од влијанието на опкружувањето. Колку повеќе јас го впивам, толку побргу ќе одам напред.

Секакви задоцнувања се штетни. Дури иако некоја состојба ми се чини добра, но ако јас седнам и почнам детално да го разгледувам својот подем, тогаш и првиот тој миг – е веќе клипа, нечистотија. Бидејќи јас застанав зошто тука ми е удобно, пријатно, добро.

Затоа треба да внимаваме да не се задлабочуваме премногу во себеси и постојано да гледаме напред. Тоа е многу важно. Понекогаш луѓето се неактивни, немаат сила да се помрднат од место и ја претвораат својата состојба во објект на "научни истражувања". Тоа е лошо.

Состојбата во која се најдов треба се почувствува за само еден миг, во еден допир – и веднаш со помош на групата да се премине кон следната состојба, не чекајќи ниту секунда. Притоа да не се заборава дека работата ја извршува Создателот, а ние треба за Него да ја подготвиме МАН, молбата за поправка – да се подготвиме себеси Тој да ги извршува врз нас потребните дејства.

Слично на женскиот принцип во суштеството, ние гледаме одоздола нагоре, додека Создателот, машкиот принцип, ни се обраќа нам и дејствува одозгора надолу. Треба само да се доведеш себеси до Него.

Подалеку од очајот

Прашање: Дали радоста е критериум за напредувањето?

Спојувајќи се со Создателот и ставајќи се под Неговите дејства јас чувствувам дека Му причинувам радост.

Прашање: Но зар ние не тргнуваме од очајот? Дали треба да се радувам јас самиот или само да знам дека Тој се радува?

Да, понекогаш човекот очајува, но тоа не води кон напредување. Не. Јас не можам да се зближувам со Создателот во таква состојба. Пожелно е да се прави сé што е можно за да не се паѓа во очај.

Речено е: "Глупавиот седи со скрстени раце и се јаде себеси". Да се мисли дека напредуваме од очај – тоа е клипа. Кога јас неутешно уживам во своето зло во надеж за напредување, клипа ја крие од мене вистината. Јас не ја гледам Светлината, Создателот, светот полн со поправки, радост и наполнување. Престојувам во злото како црв во репката, и подалеку од тоа не можам да стигнам.

Ние никогаш не напредуваме од злото. Замисли си дете потопено во зло. Како тоа ќе расте? Одвај, а можеби и воопшто нема да расте. Ние растеме само тргнувајќи од радост, од наполнување, од доброто влијание. И затоа треба со сите сили да излегуваме од очајот, да бегаме од него напред. Секоја секунда повеќе во мрачно расположение – е лошо. Подобро поспиј, само не се навикнувај на очај.

Прашање: Што значи прво да се поздрави Создателот, а потоа да се поздравуваат луѓето?

Тоа значи дека прво и основно во сите наши мисли треба да се воспостави контакт со целта на своето суштество, за што јас "тоа" го правам,мислам,одлучувам за да се открие во мене Создателот. Тоа значи дека јас го поздравив Него. Потоа јас се обраќам кон човекот во себе и го поздравувам за да го доведам до нивото на Создателот.

Целосна лекција од 23.01.2011   на  Каб.Тв

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica