Прашање: Како да се бориме со чувството на тежина?
Одговор: Кога човекот чувствува тежина од чувството на темнина, пречки, тешкотии на патот, и страдање, сé зависи од тоа колку може да се разбуди и во секоја пречка што му се наоѓа на патот да види духовно значење, духовен детал, и посебно да се моли за нив. Човек треба да ги замисли правилните духовни својства наместо материјалните својства и да се открие. Сé што ми изгледа злобно е различна манифестација на злото што се открило во мене, во моето его и желби. Мразам еден човек, му завидувам на друг, третиот ме иритира – ги вршам овие проценки, и позитивни и негативни, само според моето гледиште.
Но како можам да ги перцепирам сите овие детали одново и да ги соберам во единечно спротивно поле на врски, желби и мисли? И тогаш од нивното соочување ќе сфатам како можам да му се обратам на Создателот, на Светлината, за да ми дадат верба и сила на дарување.
Од првиот дел на дневната кабала лекција 10/06/2012, Шамати, 113
Издигнување до нови можности
Прашање: Да претпоставиме дека човекот е соочен со спротивставување на личните и општествените интереси. На која начин ќе може да го поништи?
Одговор: Нема потреба ништо да се поништува. Не треба да се кршиме себеси! Треба само да земеме учество во работилниците каде што постепено ќе се навикнеме да дискутираме заедно за сé и да најдеме заеднички именител. Освен тоа, овој именител е многу интересен. Кога се собираме околу тркалезната маса и почнуваме со дискусија, наеднаш во нас, меѓу нас се создава нова сила, која не е само збир на нашите копнежи за согласување, туку нешто многу повисоко од нас, резултат на нашите напори, нова сила која е едно ниво над нас во интелигенција, во значајност, во важност и во привлечност. Веќе не сакаме да ја оставиме, да се отстраниме себеси или да бидеме исклучени и оддалечени.
Затоа, преку нашата заедничка сила, преку тоа чувство на единство кое сме го создатле, можеме да решиме многу проблеми, Наеднаш почнуваме да сфаќаме на кој начин функционира сé околу нас.
Не сме ги носеле овие интегрални очила претходно. Не сме ја гледале природата на овој начин или општеството и сите проблеми. Ги гледавме на чисто егоистичен начин, тесно, и затоа не сме нашле решенија бидејќи бегавме во нашето мало его, секој во своето скривалиште, и само тоа постоеше. Меѓутоа, кога ќе почнеме да гледаме преку интегралната компонента, наеднаш ќе се појави решение.
Наеднаш се појавува состојба која навистина дава решение за сé, и човекот треба само да се постави себеси правилно во однос на сите негови проблеми. И излегува дека тоа не се проблеми. Биле проблеми кога не си бил приспособен на нив бидејќи си бил егоистичен поединец. Сега не си. Иако остануваш во егото, веќе не си поединец, и затоа проблемите се решени. Треба да му дадеме на човека чувство на можност да реши се преку „нас“, што открива сосема различни хоризонти. Треба да ги доведеме луѓето до оваа состојба. Не треба да убедуваме промена, но ќе има издигнување до сосема нови можности.
Од „Разговор за интегралното воспитување“ 10/06/12
Ќе те знаеме според твоите постапки
Кога се стремиме директно кон Создателот, ја учиме Тора. Со други зборови, ги учиме дејствата на Светлината која нè поправа. Во однос на тоа кажано е, „Од твоите постапки ќе те знам“. Кога ги учиме постапките на Создателот, почнуваме да го разбираме и постигнуваме. Како резултат се спојуваме со него.
Да се изучува Тора значи да се учи тоа што го прави Светлината во нас. Конечно, кога човекот чита, треба веднаш да почувствува како Светлината прави промени во него. Прмената доаѓа од секој збор, од секоја буква. Овие букви, овие симболи на духовните својства се изградени од кабалистите. Кога човекот ги чита, може да види како дејствуваат и го поправаат од примање во дарување. Со секој збор, човекот забележува промени во себеси. На овој начин ги открива постапките на Создателот и од овие постапки Создателот сам му се открива.
Осумнаесет степени на молитва
Со цел да сфатиме што е молитвата, треба да се потпреме врз нашето претходно искуство и да замислиме состојба спротивна на Светоста, во која човекот чувствува дека е мртов. Ова значи дека тој чувствува завист, амбиција, желба за контрола, и обични желби на егото за храна, секс и семејство. Чувствува дека станал заробен во овие желби преку кои станува очигледно владеењето на Вишата Сила. Во исто време, свесен е дека оваа состојба е спротивна на дарување, грижење за другите и Создателот, што мора да биде над сите грижи и пресметки во врска со себе, неговите роднини и сé што не е поврзано со духовноста.
Целта на создавањето е откривање на Создателот. Ако човекот ја избере оваа цел како негова мисија за која е подготвен да работи, како што е запишано, „како волот и магарето за товарот“, со цел да стане врска која пренесува и поврзува, да биде најмалиот посредник кој не добива награда, во тој случај тоа значи дека тој се обраќа на Создателот со правилна молитва. Не ни знае дека тој е оној кој го причинува откривањето, и не сака никаква награда за тоа и е задоволен со тоа што има можност да работи без награда.
Овој став се открива во нас благодарение на влијанието на Светлината во различни состојби, и со тоа, почнуваме повеќе да ја цениме темнината. Колку се поспротивни состојбите кои се откриваат во човекот, толку се поостри неговите разјаснувања, мисли и чувства, од кои може да ја создаде молбата кон Создателот и да биде спасен. Секоја молитва потекнува од очај, од паѓање под контрола на егоистичките мисли за себеси, наместо да се размислува за откривање на Создателот, за „доброто и добротворното“. Ако човекот правилно цели, постигнува состојба во која сите негови желби работат само за откривање на Создателот во садовите на создадените битија, на Малхут, Шхина (божественост).
Ова се нарекува молитва на осумнаесетте благослови: девет степени на Директната Светлина и девет степени на Повратната Светлина. Така, човекот постигнува вистинска молитва.
Од првиот дел на дневната кабала лекција 10/06/12, Шамати, 113
Професионалец или аматер?
Прашање: Дали ни се потребни професионалци за да создадеме интегрален механизам за масите за да поставиме нови примери за начинот на кој луѓето размислуваат, или доволно е само да сме страсни почетници?
Одговор: Многу од луѓето кои го учат интегралниот систем треба да си ги задржат работните места. Но тие го разбираат овој систем, се промениле и сакаат да напредуваат и да се подобрат. Преку единството кое го стекнале преку дискусиите, тркалезните маси и работилниците, го чувствуваат откривањето на нов свет. Но всушност, треба да подготвиме професионалци. Што мислам кога ќе кажам да подготвиме?
Денес околу 20-30% од луѓето во секоја земја се невработени. Ова се здрави, нормални, свесни луѓе кои би биле среќни да учествуваат во нешто, но не можат да се исполнат себеси. По неколку години невработеност, таквиот човек нема да може да прави ништо. Треба да ги привлечеме овие луѓе да вршат внатрешни промени и тогаш да ги направиме воспитувачи на новата генерација. Тоа треба да стане нивна работа. Во секој случај треба да ги поддржиме и да сториме нешто со нив. Во Европа им се дадени неколку погодности за невработени, бесплатни оброци и така натаму. Денес луѓето се наоѓаат себеси во такви ситуации каде што голем дел од општеството живее со беден, минимален приход.
Во Холандија, на пример, невработен човек прима 180 евра месечно, што не е доволно ни за да се преживее. Еднаш дневно или еднаш неделно добива храна и благодарение на тоа некако се снаоѓа. А ова е Холандија, Европа! Истото се случува во другите земји каде што работите се уште полоши. На работ сме на таква драматична критична ситуација во светот и во општеството што едноставно мора нешто да сториме. Во некои земји, посебно во земјите во развој во Јужна Америка, никој не размислува за кризата, но постепено ќе дојде и таму. На крајот на краиштата, сите сме заедно поврзани.
Од друга страна, во овие земји има многу сиромашни луѓе и јазот меѓу сиромашните и богатите е огромен. Затоа, и таму, можеме да им пристапиме на водачите на некои организации и да почнеме со работа. Но тоа сé уште изгледа далечно.
Ако ги земеме Северна Америка, Европа, Русија, целата северна хемисфера, дури и Кина и Јапонија со нивните проблеми, ќе видиме дека немаме друг избор. Треба да ги вклучиме масите на невработени луѓе, не само во курсевите за интегрално образование, туку и во курсеви за обучување учители, воспитувачи, предавачи и така натаму, за да можат постепено да го менуваат човештвото да станува послично на природата во нивните земји и на други места. Тука има одлична можност.
Кога ќе им кажеш на луѓето кои живеат со беден приход дека успешното завршување на првичниот интегрален образовен курс и обука и подготовката за предавач и воспитувач која ќе следи ќе им овозможи почитувана работа и плата, тоа им нуди исполнување, успех и мир.